Лазарополе

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Лазарополе претставува едно од највисоките (1350 метри) и најубавите села во Република Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во југозападниот дел на живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон долината на Мала (Гарска) Река и планината Стогово.
kalin-hotel-2011-2756.jpg
До селото се доаѓа по добар асфалтен пат од правец на Гостивар и Маврово, скршнувајќи од патот Маврово-Дебар кај месноста Бошков Мост. Оддалеченоста од Скопје изнесува 145 км или околу 2 часа возење, од Гостивар 75 км, а од Дебар 23 км. Лазарополе е сместено во малото карстно поле Коритник, низ чиј средишен дел тече малата Лазарополска Река – десна притока на Гарска Река. Селото има пријатна планинско-континентална клима, со повремени медитерански влијанија кои навлегуваат од долините на Црни Дрим, Радика и Мала Река.
arhitektura.jpg

Климата се карактеризира со свежи лета и со благи, не многу сурови зими. Така, додека во жешките летни денови по градовите температурите се искачуваат и над 40 степени целзиусови, во Лазарополе тие ретко надминуваат 30 степени. Овој простор се одликува со најголемо количество на врнежи во Македонија – над 1200 мм што овозможило изобилството на шуми кои го прават воздухот кристално чист, свеж и лековит. Поради тоа, Лазарополе е познато како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров. Оние што прв пат го посетуваат Лазарополе ќе останат воодушевени, а оние што веќе претходно биле знаат дека ова е вистинското место каде ќе можат да најдат душевен мир.
800px-Lazaropole%2C_august_2012_%2888%29.JPG

Денес, Лазарополе е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Oфицијалниот број на жители на Лазарполе, преку зима е еден жител.
Лазарополе е познато и по локалната традиционална архитектура, летната Лазарополска уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа. Во духот на богатата црковна традиција, како порано, така и денес овде се прославува големиот празник Илинден. Прославата кулминира со ора на средсело и со звукот на зурлите и тапаните, неизбежни при било каква веселба во овие краишта. Лазарополската носија, особено женската е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали.
Zenska%20nosija.jpg
Главна селска црква во Лазарополе е Св. Великомаченик Ѓорѓи. Оваа црква како заштитен знак само ја надополнува живописната глетка на селото. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со ѕидини од делкан камен високи 4 метри, на која во 20 век и бил доделен трем. Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче.Лазарополе е место на цркви и свети места кои ги има повеќе, а едно од нив е Св. Петка која е на мала одалеченост од куќите.
Lazaropole_8.jpg

Од неодамна, во селото е отворен хотел од висока категорија – Калин Хотел, кој располага со 16 пространи и вкусно уредени соби, како и одличен ресторан со вкусна храна.

За Лазарополе вистински да го доживеете треба да го посетите. Со својата прекрасна положба, природа, архитектура и уникатност, тоа претставува вистински предизвик за посета, особено во жешките летни денови.

Кој од вас бил во Лазарополе?
 
Секоја година одиме во Лазарополе,пешки од село Тресонче во кое имаме куќа,ова лето планирам со друштво да поминеме на викенд таму :)
 
Дали знае некој колку километри пешачење е од Росоки до Лазараполе и од Росоки до Бигорски Манастирот?
 
dzonyb Баш пред некое време го прашав колку има од Лазарополе до Росоки и ми вика дека кога идеш накај Росоки многу побрзо ќе стигнеш (поголемиот дел бил удолница) ама за обратна насока било зезнато :), а за време не беше сигурен, зошто како дете го имал одено тој пат.
 
Со сета почит кон Галичник али ова е дефинитивно најубавото село во Мијачијата а богами и во Македонија. Издигнато високо на планината на висорамнина кога ќе се качиш на Цуцул врв дечува како да е горе во облаците.

Порано кога се живеело во ова село имало и основно како и по големина било второто најголемо село во мијачијата после Галичник. Одкога згасна животот во селото како и сите други од регионот, во Лазарополе се изградија многу повеќе куќи и сеа е најголемото село по број на куќи(за инат на Галичник) :icon_mrgr::ROFLMAO:

Кој бил мора да оди до Соколица како и до Цуцул врв да се искачи. За тие со авантуристички дух и кои се спремни за пешачење Галичник им е на 4 часа одење по средно тешка патека како и Тресонче.

Црквата е посебна приказна... цела зографисана од Дичо Зограф и со икони од непроценлива вредност. Сеа се сите испокрадени со последниот грабеж.

Неколку се фамилијарни кланови од кој сите потекнуваат... Кокалевци, Дракуловци (Симон Дракул писателот) и уште една две фамилии.

Исто така интересен факт е дека и песната Зајди зајди и Тешкото се со потекло од Лазарополе. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom