Ласерско отстранување на диоптрија - митови и прашања

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Ласерска корекција на видот?

  • Да, но само во странство

    Гласови: 45 28,5%
  • Да

    Гласови: 67 42,4%
  • Не

    Гласови: 12 7,6%
  • Не ми е сигурно, незнам...

    Гласови: 34 21,5%

  • Вкупно гласачи
    158
Некој што е уште на форумов искуство да каже после толку години? Да му се вратила пак диоптријата, да му се јавиле некои проблеми?
мене ми е вратена ама не истата, пред да се правам имав-4 сега околу -1.5, ама не носам наочари функционирам без нив, докторот ми рече по потреба носи. кога е темно и во простории со слабо осветлување исто слабо гледам. поминати се 10 години кога се правев ама диоптријата ми се врати за брзо можда за година - две.
 
А ти беше предходно пред да правиш ласерска операција доптријата стабилизирана (подолг период иста) или константо се качуваше низ годините ? Мене пријателка офтамолог ми рече ако не ти е поголема диоптријата 2.5 и повеќе и не е стабилизирана не е препорачливо да се прави, исто и ако имаш некои други случаи како астигматизам цилиндер големи биле шансите пак да се врати.
 
Фала што сподели, и јас имам -4 моментално, тоа е зезнато што може да се врати, затоа и се двоумам за операцијава.. Ама пак -1.5 е далеку подобро од тоа претходно.
 
Правев T-PRK во свети вид во белград пред ~5 години.
Почнав со -3,5, после операција завршив со -0,5. Досега е стабилно, не ми се вратила диоптријата.
Одбрав таму затоа што со поразлична е процедурата, ласерот следи све, нема механички зафати од докторот. Во споредба со другите зафати (пр: ласик), помалку се истенкува рожницата, ако недај боже дојде до тоа, на постари години ке имам шанса и за втора операција. Освен T-PRK, знам дека и SMILE е добра процедура, ама не сум видел некој од нас да изведува такво нешто.
 
Фала, не знаев до сега за процедурава. Поскапо е од ласик?
 
Да, поскапо е, и времето на опоравување е малку подолго, ама затоа пак е побезбедна.
Се сеќавам кога истражував, сите операции беа ок т.е сите можеа да ми го тргнат диоптерот. Разликата беше во годините што следат потоа. Подебела vs потенка рожница не се приметуваат за 3 месеци, или 3 години, разликата се приметува на 50+ години кога ке почнеш да старееш и самите очни мускули ке ослабат од старост.
 
А ти беше предходно пред да правиш ласерска операција доптријата стабилизирана (подолг период иста) или константо се качуваше низ годините ? Мене пријателка офтамолог ми рече ако не ти е поголема диоптријата 2.5 и повеќе и не е стабилизирана не е препорачливо да се прави, исто и ако имаш некои други случаи како астигматизам цилиндер големи биле шансите пак да се врати.
при миопиа диоптријата се качува кроз годините, почнав со -0,7 па до -4, нормално дека при раст на око (до 21 год расте и диоптријата) . пред операција докторот прави детални прегледи и снимки на очите па ќе утврдат дали си подобен за ласик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom