
Неодамна на пазарот се појави плеер кој може да ги свири вашите грамофонски плочи! Штом ја ставите плочата во плеерот, тој автоматски ги чита песните, колку ги има на број и нивното времетраење. Тоа е дело на компанијата ELP, а го создал нејзиниот сопственик Кит Џерет. Плеерот чини 7500 долари, а за дополнителни 2800 долари добивате додаток наречен ELP Decklicker кој ги остранува шуштењата, зуењата и сличните неправилности на плочата.