Ласерски грамофон

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
lt1.jpg


Неодамна на пазарот се појави плеер кој може да ги свири вашите грамофонски плочи! Штом ја ставите плочата во плеерот, тој автоматски ги чита песните, колку ги има на број и нивното времетраење. Тоа е дело на компанијата ELP, а го создал нејзиниот сопственик Кит Џерет. Плеерот чини 7500 долари, а за дополнителни 2800 долари добивате додаток наречен ELP Decklicker кој ги остранува шуштењата, зуењата и сличните неправилности на плочата.
 
Скапичко е ама сепак е нов изум. Треба да помине време. :)
 
Тоше напиша:
lt1.jpg


Неодамна на пазарот се појави плеер кој може да ги свири вашите грамофонски плочи! Штом ја ставите плочата во плеерот, тој автоматски ги чита песните, колку ги има на број и нивното времетраење. Тоа е дело на компанијата ELP, а го создал нејзиниот сопственик Кит Џерет. Плеерот чини 7500 долари, а за дополнителни 2800 долари добивате додаток наречен ELP Decklicker кој ги остранува шуштењата, зуењата и сличните неправилности на плочата.
Па шуштењата, зуењата и неправилностите на плочите и беа драж на винилот...тоа е исто како емулаторите на легендарниот ZX Spectrum, да ги играш игрите без Кемпстон џојстик не е фора:toe:
 
Имам дома плочи, и баш ми е мерак на стандарден грамофон да ги слушам со дијамантска игла баш заради шмекот што го има она шуштењето и пукањето кога се репродуцира звукот. Ако сакам без шумови ке си слушам ЦД.
 
7500 dolari ........uffff skapo ...
 
Струмикс напиша:
Имам дома плочи, и баш ми е мерак на стандарден грамофон да ги слушам со дијамантска игла баш заради шмекот што го има она шуштењето и пукањето кога се репродуцира звукот. Ако сакам без шумови ке си слушам ЦД.


Да но винил без шуштење има побогат и подобар звук од ЦД-то. Навистина интересен пронајдок е.
 
Ова стварно е интересно, ама премногу пари треба да дадеш. Па за тие пари кола ќе си купиш да го ебам. А пишува ли некаде на кој принцип работи?
 
mnooooogu skapo!lol!
ama interesno e,poso postojat tolku mnogu gramafonski plozi na ovoj svet so samo stojat i nikoj ne gi slusa!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom