Лаптопот сам се исклучува (расипан кондезатор?)

Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Возраст
31
Локација
Skopje
Од вчера наваму лаптопот сам ми се исклучува.Пример ке се исклучи и ако го уклучам одма набргу ке се исклучи,а ако го остаам 1 саат пример да мирува после кога ке го пуштам работи 15-20 минути.Еден другар ми рече можно е да е расипан некој кондезатор.Ве молам за помош :гик:
 
Кај мене истото го правеше, го однесов на сервис, кулерот ми го исчистија мене само ми рекоа преполн прашина бил и понатаму гледај да не го оставаш на мека површина туку само на тврда (биро, маса).
 
Аха,имам јас дополнителен кулер (постоље за лаптопот) да го ставам него.Иначе 1 година е стар лаптопот ако има врска нешто со прашината дали е долг период тоа за да фати прашина
 
^ да долг период е и бидејки ти е нов лаптопот би требало да е до прашината
 
Од вчера наваму лаптопот сам ми се исклучува.Пример ке се исклучи и ако го уклучам одма набргу ке се исклучи,а ако го остаам 1 саат пример да мирува после кога ке го пуштам работи 15-20 минути.Еден другар ми рече можно е да е расипан некој кондезатор.Ве молам за помош :гик:

Највероватно е кулерот, и треба да се исчисти... Можеш да импровизираш и да го издуваш со компресор, но не чепкај ако не знаеш како..
Погоре веќе спомнаа, лаптопот ставај го на подлогата, за да циркулира воздухот правилно и да не збира прашина..
Ако ти гаси додека играш некоја игра со јака графика, може да има врска и графичката, но не верувам..
Ако има лаптопот опции за штедење енергија, (пример: ECO), намести го на минимум потрошувачка, и види дали тогаш ќе ти гаси.
И прати дали премногу брзо загрева долниот дел од лаптопот..
 
донеси го кај мене у сервис да го провериме ... среќна нова
 
99% е кулерот,тоа што ти гаси е поради загревањето бидејки кулерот не работи како што треба.Најубаво однеси го некаде ќе ти го средат без проблем(y)
 
Многу лесно можеш да провериш. Изнеси го надвор, или во некоја ладна просторија, и работи го таму, види дали пак ќе се исклучи....пипни го и види дали и на допир е многу жежок.
 
До кулерот е истиот проблем го имав и јас!
 
не е нешто многу жежок.Сеа фала богу му го уклучив постољето со кулерот и работи 2 саати не се загрева.Иначе треба да има гаранција уште една година ќе го однесам во Нико не го чепкам јас.Фала за помошта
 
Многу лесно можеш да провериш. Изнеси го надвор, или во некоја ладна просторија, и работи го таму, види дали пак ќе се исклучи....пипни го и види дали и на допир е многу жежок.
Јас мислев ќе му кажеш: „Лесно е да се провери, влези во BIOS и види колкава температура крева“ - а ти му викаш: „Изнеси го надвор“ :pos:
 
Може и така, ама незнаеме за каков корисник се работи, дали ќе знае да влезе, па каде и тн. Друго,температурите во BIOS не се исти со оние во OS - реална употреба.
 
Аха,имам јас дополнителен кулер (постоље за лаптопот) да го ставам него.Иначе 1 година е стар лаптопот ако има врска нешто со прашината дали е долг период тоа за да фати прашина
И кај мене беше отприлика толку стар кога почна истите проблеми да ги прави.
Чим ти е уште под гаранција носи го нека ти го исчистат и капата настрана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom