Лапароскопија

  • Креатор на темата Креатор на темата SANJA36
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е само начин на правење на многу `интервенции`. Кажи на каква мислиш поточно.
 
Имам јас само не знам да објаснам што точно се прави, само знам дека после остануваат многу мали лузни, дури и невидливи и подобро изгледа отколку да те сечат.
 
Па, не дека не те сечат, го прават на 2-3-4 места по малку, па не е една голема лузна. Всушност низ тие дупчиња пуштаат воздух, камера и инструменти, па така ја прават операцијата.
 
Сега треба јас да правам лапараскопија на јајници,па искрено ме фака страв.А вие каде ја правевте и кај кој доктор?Не знам што се гледа со таа интервенција и дали е страшна?
 
Лапароскопија: Хирургот прави мала инцизија (засек 0,3-20мм) на ниво на папокот и спроведува низ неа мал оптички инструмент со камера на него со кој може да се види присуство на абнормално ткиво или на лузни. Додатни мали инцизии се прават за внесување на инструментите потребни за изведување на операцијата. Лапароскопијата спаѓа во делот минимално инвазивна хирургија токму и затоа многу често се користи бидејќи има минимални ризици и за време на интервенцијата може да се земе биопсија од ткивото, и е не толку стресна за пациентот,лузните после интервенцијата не се познаваат итн.
 
Сега треба јас да правам лапараскопија на јајници,па искрено ме фака страв.А вие каде ја правевте и кај кој доктор?Не знам што се гледа со таа интервенција и дали е страшна?

Јас правев во државна болница во Скопје, кај Др. Јота. Супер е докторот млад но искусен, ама државна болница си е државна болница, ни игла ни сестра, мајка ми да не беше до мене (бидејки е доктор) којзнае како ќе преживеев после операција без никој да влезе во соба, ни да одам во WC.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom