Ладно цедени масла

  • Креатор на темата Креатор на темата natalija1978
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 август 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Возраст
47
Дај кажете нешто за овие масла, гледам многу ги зборуваат
 
Дај кажете нешто за овие масла, гледам многу ги зборуваат
Ги препорачуваат нутриционисти, доктори. Ладно цедено масло од лен, содржи омега три масни киселини, доста корисно, а и не е лошо за во салати :)
 
слушнав дека ладно цеденото масло од сончоглед и маслодајна репка се добри и за пржење..
 
слушнав дека ладно цеденото масло од сончоглед и маслодајна репка се добри и за пржење..
Без разлика дали е марката Фила или некоја друга, ладно цеденото масло е многу поздраво од рафинираното масло, од проста причина што содржи многу повеќе есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини и минерали, кои и ги нема толку во рафинираното масло, затоа што тоа е рафинирано и минато низ одредена топлина, што укажува дека ладно цедениве масла/зејтини се добри за здравјето на човекот.

Е сега дефинитивно не се за сечиј вкус, а и поскапи се од рафинираното масло/зејтин. Јас пред некое време јадев сончогледово ладно цедено масло и можам да кажам дека и покрај тоа што е здраво, одвратно е. Страшно јак вкус има, страшно јак мирис има, па дури од што е тешко во глава мава. Но сепак ќе речам.........., сите луѓе имаме различен вкус:)
 
слушнав дека ладно цеденото масло од сончоглед и маслодајна репка се добри и за пржење..
Ниту едно масло не е добро ако се пржи т.е. загрева. Од добро масло за човечки организам се претвара во отров.
 
Ладно цедените масла ( самиот назив се кажува ) се за користење само во таа форма. Без загревање.
Лош маркетинг е кога се нудат и за пржење.


Имам користено масло од лен и не се навикнав на вкусот, салатите ми беа сосема поинакви затоа што има тежок мирис.
 
Кога ке прочитам на етикета дека ладно цеденото масло може да се пржи, ми се темни. Која е целта да се добие масло со ладна екстракција а после да се употребува за пржење :confused:
Јас во сите салати користам најчесто ладно цедено маслиново или ладно цедено сончогледово масло. Најдобро е да се купуваат од стаклени и затемнети паковања, затоа што така максимално се зачувуваат состојките на маслото.
 
Несомнено е здраво да се употребува во храната вакво масло. Само, јас не можам да го поднесам. Не ми е вкусно, всушност одвратно ми е. Не е дека не сум се обидел и не сум бил упорен.
Плус, како ова да не е доволно, за мене е прилично скапо, иако, ако се користи во салати и слични јадења (не е маслово за пржење) веројатно е исплатливо. Ако ви е вкусно.
 
И сепак Монини ми е прв избор за маслиново масло, другите ми се како лоша копија.
И јас често го купувам Монини... само нели е сомнително како таа иста амбалажа ја користат повеќе разни видови на ладно цедени масла?

Можеби се работи за ист увозник кој увезува во висковолуменски садови, па преточува во амбалажа за продавање на мало... ама некако сомнително ми е тоа, истото шише го имаат најголемиот број на маслата.

На крају краева, ако не е оригинална амбалажата кој ја контролира веростојноста дека тие масла се навистина тоа што се декларирани на амбалажата? (која патем е некако аматерски направена)
Можеби ни Л нема од ладно цедење во тие масла. Знам знам, тоа е изборот - ама мене не ми се допаѓа работава. Има нешто матно во сето тоа.
 
На крају краева, ако не е оригинална амбалажата кој ја контролира веростојноста дека тие масла се навистина тоа што се декларирани на амбалажата? (која патем е некако аматерски направена)
Можеби ни Л нема од ладно цедење во тие масла. Знам знам, тоа е изборот - ама мене не ми се допаѓа работава. Има нешто матно во сето тоа.
Затоа има неколку начини за тоа како да дознаеш дали зејтинот/маслото ти е ладно цедено или нема ни л од ладно цедено масло.

Прво маслото кога ќе го ставиш на ладно (читај фрижидер) почнува да се згуснува, да станува матно. Второ земи едно памукче, истрлај го и направи го како фитил, потопи го во маслото и запали го..........., ако гори значи дека маслото е ладно цедено, ако не гори значи дека има нешто што прави маслото да не биде чисто за да биде ладно цедено.

:)
 
Се мислев кое мацло да почнам да го употребувам, имам повеќе врсти на ум, само ми е страв да не имаат некои тешки мириси и вкусови па за џабе пари да давам. Се мислам меѓу Масло од семки од тиква, од семки од грозје, соино масло.
Некој совет? @CafeDelMar , anyone??
 
Се мислев кое мацло да почнам да го употребувам, имам повеќе врсти на ум, само ми е страв да не имаат некои тешки мириси и вкусови па за џабе пари да давам. Се мислам меѓу Масло од семки од тиква, од семки од грозје, соино масло.
Некој совет? @CafeDelMar , anyone??

Јас имам користено од лен, сусам и тиква. На лененото не се навикнав. Од сусам исто го користам за со зеленчук/пилешко, најчесто комбинации од кинеска кујна.
Впрочем сите тие масла се користат во поединични комбинации, за секојдневна употреба како што е маслиновото.

Сите имаат свој специфичен мирис, ако ги користиш во мала количина не го менуваат јадењето туку му даваат шмекерска нота. Ама се осеќаат.

Станува збор за вкус и не можам да прецизирам што за тебе би било премногу тешко. Обиди се со едно и ќе знаеш на што си.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom