Ладниот туш е добар за вашето здравје !

  • Креатор на темата Креатор на темата Дамјан_Amstaff
  • Време на започнување Време на започнување
Сироти они, вежбаат, се напрегаат цели денови, а не јадат месо :(

Сега сигурно ќе почнат да умираат млади, или да паѓаат во несвест, пошто нели без месо не се може.....пошто нели, така викаат билдерите, а што кажат они устаФ е.


Стварно кој ти кажа?
 
Prvo, се осеќам ко провинцијалец бидејќи активирам тема каде што последен коментар е напишан уште во времето кога Сунгерот Боб не беше влијателен член на форумов, меѓутоа, тоа е единствено решение, покрај тоа да отворам нова тема. which, It doesn't make any sense.
И бидејќи планирав да пишам на оваа тема, Here I am.

На времето читав статии како јаки спортисти праат некоја хидротерапија со ладна вода, т.е. се тушираат со ладна вода, или пак, дремат во ладна вода (или мраз) и што ти знам јас други рабоќе. Башка и ако се сеќавате и Џемс Бонд имаше навика да се тушира со ладна вода. Спартанците did it. И многу други луѓе, со здравствен концепт, или пак од техничка неспремност или сиромаштија. Секој со своето.
После почнав да читам што е финтата во тој концепт и во терапискиот ефект. На тоа се надоврза мојата константна приказна кон другариве мои одма после капење во езеро во јануари (на Водици де, ако сум муслиман) и како е јако, претерано добро чувството откако ке се бувнеш в езеро а температурата на водата е прилично иста со ладниот воздух во зима. И тн и тн.

Е сега, во тие извештаи имаше толку и толку муабети за позитивниот ефект на ладната вода. За циркулација, за кожа, за коса, за кур од овца и сл. Всушност, слично и на темава има таков “извештај“. Ама морав сам да проверам.

Дечки, подолго време сум на оваа “терапија“, т.е. се бањам исклучиво со (камен) ладна вода. Отпрво издржував со сила, неколку минути. Сега третманот ми трае пола саат без проблем, и почвам да се прашувам „како не сум го правел ова порано“?

Имам осетено позитивни работи like измивање на цела гнасотија наречена депримираност и анксиозност која се таложеше низ мојов циничен живот. Енергијата која ја добиваш после студен туш е исто ко Мустафа на Кадилакс и ДИносаурус кога ке начека Barbecue. Општо, влијае на психата. За останати подлабоки ефекти од мед. аспект, ваљда не можам да пресечам.

Инаку на почетокот беше тешко, ама во напливот на ладна вода (кочан) добро е да се пее некој рефрен ко од Johnny песната од Атомско Склониште. To keep you warm.

И така.
Препорачувам да проба секој кој е сигурен дека нема да го стегне срце од ладноќата.
После нека сподели позитивно искуство.

П.С. Планирам никогаш веќе да не се шлапам со топла вода.
П.П.С. Економскиот и временскиот позитивен ефект ги заборавив. Помала сметка со референца на бољер и - секогаш имаш вода :P
Цело минато лето се бањав со ладна.
Почнував од млака и на секои 2-30 секунди одев на се поладна и поладна, се до крајот. И воопшто ладно не осеќав. Преубаво чувство.
Есента веќе не можев, некако водата ми беше преладна, дали дека и надвор беше поладно, па водата низ цевките беше значително поладна.

Еве сега пак ќе пробам, баш у среде лето сме. :)
 
После секој тренинг/напорна текма, натпревар, спортист треба да ги стави нозете во камен ладна вода со мраз и да седи таму 5 мин ама не подолго зошто штети.

иначе Босанецот е во право (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom