Ладење на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Не знаев каде точно да ја сместам темава и одбрав тука.
Имам еден проблем-работејки на лаптопот многу ми загрева, а и порано сум го работел многу долго и никогаш не ми загревал олку многу. Ако некој случајно знае штоо е работата или пак имал вакво искуство нека пише/
Фала однапред
до администраторите-ако не е најсоодветно местово префрлете ја кај што мислите
 
Изгледа до прашината ќе да е.Тоа им било проблем на лаптопите.Јас баш пред некој ден го носев мојот на мајстор да го исчистат од прашина,кулерот вртеше како луд и на моменти лаптопот сам се гаснеше.Открија и дека сензорот од кулерот не е у ред т.е. и кога нема потреба кулерот вртеше како луд.Сега е океј. :)
 
па може тоа да е проблем оти 2 години ниту го имам чепнато да го ичистам а баш пред малце и сам ми се исклучи:vozbud: сепак фала на постот ;)
 
Купи си кулер за лаптоп. Јас си порачав од Револушн Компјутери од Скопје, по брза пошта ми стигна за 2 дена ( другиот ден откако ќе нарачаш ти се јавуваат за да ја потврдиш нарачката ) и маки немам сега ниту загрева лаптопот ниту пак имам проблеми со кулерот. Само ако се одлучиш да купиш кулер претходно биди сигурен дали ќе пасува на твојот лаптоп, или најдобро би ти било да го однесеш и лаптопот таму во продавница од кај што ќе купиш за да проверат дали ќе ти работи како што треба...Корисна работа е да знаеш!
 
Мене ми загрева само кога играм игри. Иначе вака, никогаш не загревал, иако по цел ден уклучен е.
 
па може тоа да е проблем оти 2 години ниту го имам чепнато да го ичистам а баш пред малце и сам ми се исклучи:vozbud: сепак фала на постот ;)

Сигурно има соберено 1 кило прашина внатре :helou:

Носи го у сервис да го исчистат и земи си некој добар кулинг пед, има во сет едни од кулер мастер за 1000 денари топ се :smir:
 
Од време на време добро е да се однеси лап-топот на сервис да се исчисти кулерот и да се стави нова паста.

А екстра е да се користи додатно ладење (под лап-топот, осетно ги намалува температурите особено на хард дискот кој е без ладење), но сепак правиме муабет за направа што е 2000 денари -+ и има повеќе што не би дале толку пари. Друга негативна страна на ладењето е тоа што лап-топот оди некои 3-5 цм нагоре (од искуство зборувам), па некако во мојот случај ладењето ми смета бидејќи лаптопот ми е повисок од вообичаено.
 
Купи си кулер за лаптоп. Јас си порачав од Револушн Компјутери од Скопје, по брза пошта ми стигна за 2 дена ( другиот ден откако ќе нарачаш ти се јавуваат за да ја потврдиш нарачката ) и маки немам сега ниту загрева лаптопот ниту пак имам проблеми со кулерот. Само ако се одлучиш да купиш кулер претходно биди сигурен дали ќе пасува на твојот лаптоп, или најдобро би ти било да го однесеш и лаптопот таму во продавница од кај што ќе купиш за да проверат дали ќе ти работи како што треба...Корисна работа е да знаеш!

па највероватно локацијата на кулерот на лап топот е битна за и додатниот кулер да биди на право место па и мене не ми беше јасно мн другари купија ама без везе клуреот на ком горе десно а на додатниот на средина или на некоја спротивна страна и никаков ефект немаше воопшто значи то било чарето
 
Па еве на пример на мојот лаптоп процесорот ми е малку на левата страна не е точно на средина, а кулерот надворешен што го земав има две перки, и сега за да има ефект одоздола капачката на лаптопот ми е извадена за процесорот да се лади и од двете перки. И нема проблеми, сум гледал на speedfan без кулерот процесорот има 78-79 степени температура, а со кулерот има 60-65 што значи дека има подобрување, иако не е многу големо сепак помага да се одржува процесорот поладен...
 
Имам еден проблем-работејки на лаптопот многу ми загрева, а и порано сум го работел многу долго и никогаш не ми загревал олку многу. Ако некој случајно знае штоо е работата или пак имал вакво искуство нека пише

Истиот проблем го имав и јас. Решение : Зедов правосмукалката, го исклучив, го свртив однопаку, и брм брм низ тоа отворите за ладење со правосмукалката и сеа ко нов е.:)
Ова секако дека е краткотрајно решение, подобро е на сервис, но за сега дури се жештиниве, да не се влечкаш по сервиси добро е и ова.:wink:
 
А дали некој знае некој сервис што чисти ладилни системи на лап топ? Искуство и совет да даде? Искрено, шубе ми е да го оставам кај било кој, откога на другарче што го однесе лаптопот за банална работа му сменија неколку делови со неоргинални :/
 
Што лаптоп имаш? Види по поголемиве продавници кои се овластени сервиси за тие марки, и провери таму. Скоро сите сервиси вршат чистење на лаптопи :)
 
Back
На врв Bottom