Lada C Concept

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.101
Веб-сајт
www.kajgana.com
Ги памтиме како издржливи и робусни, но автомобилите на Lada никогаш не биле убави и атрактивни. Но, како "мајка" Русија се менува од ден на ден, така дојде време и Lada да сврти нов лист.
Еден од интересните експонати на авто салонот во Женева беше и новото возило на Lada. Со дизајнот и квалитетот на изработката, C Concept пригодно ги изненади сите посетители. Но, се чини дека тимот на руските дизајнери кои се заслужни за надворешниот изглед на овој компакт, "позајмил" и некои решенија од новиот Mitsubishi Evo X, a до овој заклучок посебно ќе дојдете гледајќи ја предницата.
Овој примерок всушност е најава за новата генерација на автомобили од Lada, кои би требало да се појават во наредниве години. Идните модели би требало од технички аспект да и парираат на конкуренцијата, бидејќи нивниот развој е препуштен на канадската компанија Magna International (која инаку е сопственик на австриската компанија Magna Steyr).
Во Lada, која е дел од големиот АvtoVAZ концерн, тврдат дека посебно внимание ќе обрнат на безбедноста, верноста и удобноста на своите модели. Судејќи според овој концепт, Русите очигледно не заборавиле на уште еден од од клучните фактори за успех на пазарот, а тоа е дизајнот.
lada_c_concept_1.jpg


lada_c_concept_2.jpg


lada_c_concept_3.jpg


lada_c_concept_4.jpg
 
Ијааа,секоја чест за иновацијава,воопшто не потсека на старата Лада
 
Mmmm bi go kupil ova, a zadniot del potsekja nekako na Fiat Stilo ali uste poostro e tuka...:)
 
Ако заживее овој концепт, со поголем квалитет на изработка (сепак ГМ е тука) има шанса за успех...
Евентуално серискиот модел да ја задржи линијата на концептот, убаво ќе биде...
 
C-то е комбинација од Мitsubishi и Fiat (новото Пунто и Стило)...
 
Топ е бе ама ко ќе те праша некој шо возиш ќе ти биде срам да кажеш ЛАДА :) хихихихи
Не шала на страна количево е топ. Иако има и поубави, сепак треба да се каже едно огромно БРАВО за лада :)
 
Топ е бе ама ко ќе те праша некој шо возиш ќе ти биде срам да кажеш ЛАДА :) хихихихи
Не шала на страна количево е топ. Иако има и поубави, сепак треба да се каже едно огромно БРАВО за лада :)

Пред десетина години и за Шкода викавме така.... срам ке ти било ово оно а види денес шкода октавија е едно прекрасно возило кој би го возел секој.
 
Пред десетина години и за Шкода викавме така.... срам ке ти било ово оно а види денес шкода октавија е едно прекрасно возило кој би го возел секој.
Се возев летово во Октавија и искрено да ти кажам воопшто не ми се бендисува. Евтина, голема и пространа тоа да, ама внатре изгледа премногу празно, со неквалитетна пластика. Сум кажал и пак ќе кажам, според мене поприфатливо од Пежо нема (знам дека многу од вас нема да се сложат со мене ама тоа е мое мислење :) )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom