Да, вие последните двајца што коментиравте потполно сте во право. Тој да беше заинтересиран доволно за мене немаше толку да се мисли за врска со мене. Згора на се го дигнал носот и се налути за манекенот а јас немам право да се лутам? ( иначе да, имам јас пријатели на фејсбук што ми ги лајкаат и коментираат сликите ама сакав лажен профил со сликите од овој манекен оти е презгоден и сама знаев точно што да напишам и одговорам за да биде повпечатливо, да испадне како се знаеме подолго и сме блиски оти јас само со него бев блиска и флертував, затоа не можев со некој што ги имам на фб така да се понашам. иначе му ставив македонско име и презиме на манекенот
). Ок, тотална глупост од моја страна. Но ете избрзав и згрешив. Сакам да се ослободам од оваа стресна ситуација, ментално ме измачува оти е нејасен само си игра топло ладно и не можам повеќе да издржам. Ништо нема да му речам само ќе исчезнам. А времето ќе покаже, ако се врати ќе докаже дека му значам. Ама многу е тешко како да бидам со друг, со друг не можам да се замислам. Колку време ќе ми треба да го заборавам... Денес се ми стана јасно кога се разминавме а не ме ни поздрави. Ладно ме одмина со циничен поглед. Некако ми се згади. Демек лут е и горделив треба да се извинам, а тој не треба да се извини? Не можам веќе ќе се тргнам од него. Кај го сретнав кај се запустив.