Да, постојат такви жени, но добар дел од тие жени кои завршуваат со такви ликови, несвесно завршуваат во такви врски. Велам, несвесно, дали заради наивност, незрелост, или можеби не ја гледаат реалноста заради емоционален момент.
Маж кој е доминантен, има самодоверба и превзема контрола не мора да значи дека е нарцисоиден. Може да станува збор за психолошки здрава личност, без токсичен и манипулативен контекст. Значи, да нарцисоидноста е патологија, но не и самодовербата и желбата за доминација (као да превземаш одговорност). Тие карактеристики се скроз привлечни и жените многу често несвесно се привлечени од тоа, без да помислат дека можеби станува збор за патологија. Тоа е природна реакција.
Многу е важно е да правите дистинкција помеѓу психолошки здрава личност која е самоуверена и доминантна и пациент со нарцисоидно нарушување.