- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 1.082
- Поени од реакции
- 588
Пред некое време со девојката направивме чекор понапред, бевме многу блиску до однос, но не се случи. Веднаш потоа таа не ми зборува ништо, а и не сака да ме погледне..Разговарав подоцна, и одлучивме да оставиме работите да одат спонтано..Воопшто не ја притискав..Но пред некој ден таа ме побара..знаете и таа започна, конечно помислив дека го надминала тоа..но на крајот повторно беше истата приказна...Замина без да ми каже ниеден збор, а и пушти по некоја солза...Навистина веќе не знам како да се поставам, и како да постапам..Се трудам да ја сватам, но верувајте некогаш е прекомплицирано..ПОМОШ!
Уште е мала, не е подготвена за однос, а се плаши тоа да ти го каже за да не те изгуби. Сакала да те задоволи, ама не успеала, дека ја е било страв и сега се чувствува лошо, поради тој за нејзе неуспех.
Остави да помине некој ден, па инсистирај на долг разговор, кој ти ќе го водиш и се до детал ќе и објасниш дека иако ништо не се случило, ти и понатаму ја сакаш како порано и твоето мислење за нејзе останува непроменето. Потенцирај дека во никој случај поради таа случка нема да отидеш со друга девојка и дека ќе ја чекаш се додека стане подготвена. Со тоа ќе и ја вратиш самодовербата, но исто времено ќе и ја засилиш вербата во тебе, така да се со време ќе се врати во нормала и ќе си продолжите со врската како и ништо да не се случило.
Единствено нешто што не треба да правиш е да ја обвинуваш за нешто, дека таа и без тоа минува низ еден тежок за неа период.
Се надевам дека ќе се средите што побргу.
Поздрав...