Љубљанска Банка

  • Креатор на темата Креатор на темата GordonGoldader
  • Време на започнување Време на започнување

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Слушнав дека некогашната Љубљанска банка ќе ги обештети штедачите чии заштеди пропаднаа во неа. Сеа тоа важи ли за Македонија? Да не знае некој повеќе информации за ова?
 
Македонските штедачи веќе се обештетени.
 
Слушнав дека некогашната Љубљанска банка ќе ги обештети штедачите чии заштеди пропаднаа во неа. Сеа тоа важи ли за Македонија? Да не знае некој повеќе информации за ова?

Важи и за Македонија, но парите ќе завршат во буџетот на Република Македонија, или подобро кажано - во рацете на владата, а не во рацете на оштетените граѓани.
 
Важи и за Македонија, но парите ќе завршат во буџетот на Република Македонија, или подобро кажано - во рацете на владата, а не во рацете на оштетените граѓани.
Не би рекла.

Има сигурно постапка на обештетување која мора да ја припазите. Југобанка исто изврши обештетување на штедачите и од Македонија пред некои 10тина години. Обештетувањето се одвиваше преку нашата Поштенска банка. На увид мораше да се достават штедната книшка, лична карта, а ако лицето е починато и документ посмртница и се разбира тоа е фамилијата сопруг/сопруга и деца. Потоа парите се влечеа од шалтер во просториите на Поштенска банка.

Веројатно Љубљанска преку нејзината македонска ќерка Тутунска банка ќе го врши обештетувањето. Ја прочитав веста плус по 4000 евра ќе ви исплатат како камата, што секако значи добра вест. Имаат рок една година да се преоорганизираат Љубљанска и Инвест банка и да го започнат исплаќањето. Секако ќе има информација како и каде треба да се обратите, бидејќи во Македонија има многу од тоа време заглавени девизи. Макар и 5 марки да биле, денес ќе земат добра пара. Па проверете по старите книшки :)
 
Не би рекла...

Не би рекол :)

Обештетувањето на македонските штедачи е веќе е направено, но од страна на Р.Македонија.
http://www.finance.gov.mk/node/735

Доколку Словенија обештетува тогаш парите ќе ги даде на буџетот на Р.М. , а не не оштетените граѓани.
 
Има некаде податок дека токму од овие банки ја земаа обврската?
 
Има некаде податок дека токму од овие банки ја земаа обврската?

Сигурно има во некој број на Службен весник, ама ќе ми требаат денови за да ископам каде се.

На Гугл најдов информација од бившиот гувернер Љубе Трпески

На виенската рунда преговори за сукцесијата на имотот на некогашната СФРЈ е договорено проблемот на старата девизна заштеда да се решава дополнително и со посредство на БИС банката во Базел. Има ли нови информации по ова прашање и колку Македонија побарува од поранешните ЈУ републики по овој основ?

Битката за добивање на компензација за девизните заштеди на граѓаните кои штеделе во филијали или деловни единици на банки од другите поранешни ЈУ републики ќе биде многу тешка заради направените пропусти во минатото. Имено, и покрај препораките од науката, Љубљанска банка до го задржи истиот статус-филијала, тоа не е респектирано, дозволени и се статусни промени, а потоа и продажба на акциите на домашни лица, која се криеше повеќе од 3 години. Во Хрватска е направено токму тоа што македонската наука го препорачуваше, задржан е истиот статус на Љубљанска банка, во Загреб, таа и денес е филијала. Сакам да не сум во право, но се плашам дека тоа може да биде одлучувачко во преговорите.

Инаку, Република Македонија побарува од поранешната СФРЈ по основ на старо девизно штедење во Љубљанска банка околу 180 милиони германски марки.
 
Не ми текнува, а сигурна сум дека знаев со кое девизно штедење Македонија се обврза со обврзници. Да не беше Стопанска Банка?

Во спротивно како ние ги повлековме од Југобанка пред десетина години? Зарем истиов план не важел за Југобанка?
 
Не знам точно за Југобанка, можеби дека е ликвидирана во 1994, а од осамостојувањето до
тогаш биле донесени закони за осигурување на депозити, па ја опфатиле и неа.
 
Не ми текнува, а сигурна сум дека знаев со кое девизно штедење Македонија се обврза со обврзници. Да не беше Стопанска Банка?

За Стопанска се формираше посебна државата агенција која ги презеде врз себе сите лоши побарувања со цел банката да може да продолжи со работа.[DOUBLEPOST=1405783694][/DOUBLEPOST]
Не знам точно за Југобанка, можеби дека е ликвидирана во 1994, а од осамостојувањето до
тогаш биле донесени закони за осигурување на депозити, па ја опфатиле и неа.

Фондот за осигурување на депозити е формиран во 1997.
 
Колку што јас разбрав од медиумите бивши штедачи од Босна и Хрватска ја тужеле Љубљанска банка и добиле на суд. Сега државата треба да им плати околу пола милијарда евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom