Kyokushin карате

  • Креатор на темата Креатор на темата msatm4
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 март 2011
Мислења
32
Поени од реакции
3
Има некаде во Скопје или Македонија да се тренира Kyokushin Карате-то?
 
За жал мислам дека нема, а гледам бугарите растураат во овој спорт. Кај нас изгледа нема кој, инаку основач на кјокушин карате е Мас Ојама, познат по борбата со бик и 100 луѓе кумите, еден по еден и по неговиот аскетски пристап кон каратето во својата младост.
 
Кјокушин Карате или (Врховна Вистина) Карате е еден од многуте Карате правци и стилови, создаден од Мас Ојама, јапонец со корејско потекло во 1964-та година.

Ова Карате е препознатливо по својот фул контакт стил. Имено Мас Ојама тренирал со Шотокан Карате основачот Фунакоши Гичин, но решил на каратето да му даде еден сосема нов фул контакт правец. Кјокушин Карате познава само стоечки техники и се тренира за ултимативна физичка и ментална сила. Попознати Кјокупин каратисти се: Хатсуо Ројама, Франциско Филио и Енди Хаг. Традицијата на Кјокушин предпочита легендарна метода како кумите, борба со 100 души и многу тамашивари (кршење на лед, даски, плочки, ќерамиди)

Борбите се одвиваат без ракавици, само во кимоно без додатна заштитна опрема. Дозволен е гедан маваши гери (low kick), удари со рака се дозволени само во тело. За најопасен удар со нога се рачуна кеитен-гери каде што карстистот го удира противникот буквално правејќи салто.

Кјокушин Карате постои во многу аспекти од поп културата како во филмот Ултрамен Зеарт 2, Street Fighter (Ryu, Ken), Tekken 4 (Jin Kazama), Dead or Alive (Hitomi).

Денес како наследници на Кјокушин федерацијата се Кјокушин-кан федерацијата на Канчо Хатсуо Ројама.
 
Back
На врв Bottom