Кјокушин Карате или (Врховна Вистина) Карате е еден од многуте Карате правци и стилови, создаден од Мас Ојама, јапонец со корејско потекло во 1964-та година.
Ова Карате е препознатливо по својот фул контакт стил. Имено Мас Ојама тренирал со Шотокан Карате основачот Фунакоши Гичин, но решил на каратето да му даде еден сосема нов фул контакт правец. Кјокушин Карате познава само стоечки техники и се тренира за ултимативна физичка и ментална сила. Попознати Кјокупин каратисти се: Хатсуо Ројама, Франциско Филио и Енди Хаг. Традицијата на Кјокушин предпочита легендарна метода како кумите, борба со 100 души и многу тамашивари (кршење на лед, даски, плочки, ќерамиди)
Борбите се одвиваат без ракавици, само во кимоно без додатна заштитна опрема. Дозволен е гедан маваши гери (low kick), удари со рака се дозволени само во тело. За најопасен удар со нога се рачуна кеитен-гери каде што карстистот го удира противникот буквално правејќи салто.
Кјокушин Карате постои во многу аспекти од поп културата како во филмот Ултрамен Зеарт 2, Street Fighter (Ryu, Ken), Tekken 4 (Jin Kazama), Dead or Alive (Hitomi).
Денес како наследници на Кјокушин федерацијата се Кјокушин-кан федерацијата на Канчо Хатсуо Ројама.