Квалификации за ЛШ: ВАРДАР Скопје - БАТЕ Борисов

  • Креатор на темата Креатор на темата DracevoTheCity
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе помине во 3то коло ?


  • Вкупно гласачи
    227
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако ги видиш сите 5 гола ги дадоа лагано, никој никого не вардеше, ништо чудно и местена да е...Барем нерешено да беше, вака да бркаме победа...(n)
 
Искрено, за смеење е работава. За пола минута 2 гола. Онака, на вакви снимки се смееме на Youtube.
 
Ај барем голови паднаа ми се смачи да ги гледам нашиве тимови како тепаат 1-0 или губат 4-0
 
Е вака се прават милиони во онлајн кладилници.
Тоа е, додека местечката мафија на чело на федерацијата не се исчисти, ништо од фудбал во македонија.
Да да, за тоа немаа спонзор на дресовите, тоа шо требаше да стои на дресовите на Вардар е BWin, ама нели УЕФА не дозволува ;)
Дај со ебаните кладилници баталите, ниту еден мак тим не е спремен да одигра до крај 90, физички сме ептен мизерни, јас како неутрален фан сум задоволен од резултатот, од играта можеби не, ама се надевам на реваншот ќе е подобро, 1-0 и доволно е.
 
Кога го видов резултатов 3-2, викам еј па добар резултат. 2 гола во гости, се е можно. Ама кога видов дека 2 гола се примени на крај, тоа веќе е несреќа. Дали е наместено или не, ќе видиме ако се докаже. Како и да е, штета, пропуштена убава шанса за солидна предност.
Без разлика, го гледаме Вардар на Градски и тепаме 2-0! Ајде Вардар!
 
Ја мислам дека зема добри пари Вардар ова ептен да си аматер за една минута нема шанса два гола да примиш посебно не во судиско продолжение......
 
за тие шо викат дека беше местена
за ќец ја местеја 1.15?
од таквите ко вас немаме фудбал..од таквиот наш ѓупски менталитет
 
Ја мислам дека зема добри пари Вардар ова ептен да си аматер за една минута нема шанса два гола да примиш посебно не во судиско продолжение......
1999 финале лига на шампиони Баерн:Манчестер (6 минута Баерн:Манчестер 91 и 93).Ау и таа беше местена и аматери играа :-)
 
1 у 2 да испаднеше, немаше да мислите дека е наместена или тогаш Вардар ќе победеше, па ништо не е сумљиво. :)
 
Од кого бе зел пари Вардар?За 1-1 беше 1.30 коефициент,да не зел од Бате пари?Па Бате има уште 2 кола за поминување во случај да го помине и Вардар,што ако им се падне Арсенал у 4 то коло?Вардар ако го помине Бате ќе земе сигурно 100/200 000 е од Уефа.
 
Ај бе не трескајте глупости, каква местена какви бакрачи...

Ни еден играч не може да ти гарантира со 2 удари во последни 4 минути дека ќе даде 2 гола. Да ја местеа ќе ја наместеа порано, не вака... Не му е прв пат на Вардар да прими гол во 90+ во Евро утакмица, тоа највеќе ме боли кога ќе го видам, без разлика дали е веќе готово или не...

Разликата во класи се виде во 90+, и кој имаше повеќе сила, кој е во натпреварувачка форма, а на кој првенството му е за никаде. Скоро цел натпревар играа пресинг, фантастичен пресинг на играчите на Бате, но на крај немаа сила.

Градски да грми следната недела !!!
 
за тие шо викат дека беше местена
за ќец ја местеја 1.15?
од таквите ко вас немаме фудбал..од таквиот наш ѓупски менталитет
Во 89-та минута конечен кец во онлајн кладилници сигурно бил над 25 коефициент.
На полувреме следен гол дава Вардар сигурно било над 20 коеф.

Па направи ја математиката.

Не сакам да ширам неосновани теории, ама головиве што ги прими Вардар се благо кажано, многу сомнителни.
 
Доста бе, доста више, како не ви досади, кога и да загубиме на крај (било да е репрезентација или клуб), одма кладилници, ФФМ мафија, к*рци палци, како не ви досади више ? Не дека ја бранам ФФМ (не ми паѓа напамет да го правам тоа) ама ај оладете малце.

Се виде дека од таму негде 70 минута паднаа кондиционо и се опуштија, затоа и легаа по терен 2-3 минути. Плус, одбраната спора, поспора не може да биде, а згора на се да се додаде ебаниот наш менталитет и ги добиваме причините за поразот.

Ипак, не се обрукаа и уште постои шанса у реванш. Полн стадион, у почетните минути страшен притисок од публиката врз Бате, да се искористи тоа со еден гол и после до крај само мирно. Ништо посебно не е Бате, многу послаба екипа се од пред 2-3 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom