Најјакото е кога му рекле дека само за еден авионски лет, тој лично ќе мора да не јаде месо 11 години за да надокнади емисии од јаглерод диоксид, а ликов ладно кажува „да, ама ако милијарда луѓе престанат да јадат месо?“
Така да, вие јадете растенија, црви и инсекти а они ќе летаат со приватни авиони (и ќе јадат месо).
Ама тој е еден, а планетава ја населуваат над 8 (ОСУМ) милијарди луѓе, не може сега на сите да им се дозволи да поседуваат приватни авиони или да јадат месо. Не дека се залета човештвото по приватни авиони, ама сепак мора некој да плаќа за тој да продолжи да си лета во својот приватен авион.
Феудализам на 21-от век, стари ужаси препакувани во ново издание.
Треба закрепостените да страдаат за феудалците да се богатат и да газдуваат, бидејќи за страдањата на овој свет ќе бидат наградени во рајот.
Значи на човештвото му треба нова Француска Револуција на 21-от век. Па потоа нова американска граѓанска војна на 21-от век, па Трета Светска Војна, па нова Руска Револуција на 21-от век, па нов еден рајх со еден народ и со еден фирер на 21-от век, па Четврта Светска Војна, и така повторување на историјата за неписмените кои не си ја научиле.
Трагедија на хомо сапиенсот, идните антрополози сериозно ќе го ставаат под знак прашалник називот сапиенс (мудар).