Амазон не го препорачувам од проста причина (види слика) поради цените за достава и царина на сето тоа и ретки се продавачите/добавувачите кои (се нафаќаат), вршат достава до Република Македонија. Амазон конкретно би го избегнал, можиш да најдиш производи кои се на попуст 5%-70% но како што кажав цените погоре и времето на чекање особено од Америчко тло ако е праетн прозводот е големо, околу 21 работен ден.
Прегледај го приврзокот 89506
Од околинава наша можиш да пазариш од
сила.бг, но не преферирам и не би ти препорачал да земаш, не дека има лоши продукти но со нашите цариници не си сигурен(како што имам опишано во неколку теми за онлајн купување тука на форумов), некогаш ги отвораат пакетите, некогаш не. (Ризикот дека ќе платиш царина и данок е поделен и е 50%-50%). Инаку сила.бг вршат достава до Македонија, плаќањето е директно од картичка или можиш да направиш трансфер на пари (трансфер на пари е поголема давачка). За пакети од 70-75Евра доставата до кај нас изнесуваше 25евра, за пакети од 70-75евра до 200евра исто 25евра и над 200 евра доставата беше исто 25евра, ми се чини дека за пакети над 6кг. се доплаќаше 7-8евра плус.(не ме држи за збор, но мислам дека ваков беше ценовникот). Уште една причина за некупување се цените пример:
СуперАмино 23000 од Дајматај е 20 евра = 1226 денари, додека кај нас во републикава од продавница во Калифит цената за истото е 1186/1173 денари. Не само Калифит туку и сите продавници вршат достава низ цела репупблика преку КаргоЕкспрес 120денари или преку Глобко Логистик тука цените се над 150+. Сума сумарум не се исплаќа.
Ако си од Ск го имаш на форумов господинот Ѓороски кој може да го посетиш па ако земаш повеќе работи да побараш попуст ова го кажувам како пример.
1. Поблиску ти е
2. Цените се исти(во било која продавница)
3. Ќе добиеш совет за купеното
4. Можиш да си побараш попуст (зависно како плаќаш кеш или картичка)
Додека на интернет цените се тие, доставата е таа и никој не ти гарантира како ќе поминиш на царина. Политкиката е поинаква или купувај што има на сајтот или магла.
Суплементацијата доаѓа последна, прво се купува храна па после се надополнува со суплементи. Моја препорака е избегнување на онлајн купуввање поготово од продавници надвор од земјава (немаш никаков зијан, освен финансики) додека кај нас можиш да поминиш и поефтино. Некои продавници нудат и картички за членство со одреден период на купување можиш да стигниш од 5% до 30% попуст за производ кој ќе го одбериш.
Eво еден пример:
Околу Веј Голд од Оптимум
цената 52е + достава 25е = 77e (4 720ден), додека кај нас можиш да го купиш
за поефтино.