Културно-уметнички работници, турнеја низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan Spasovski
  • Време на започнување Време на започнување

Stefan Spasovski

Mister Birokrat
Член од
18 февруари 2006
Мислења
92
Поени од реакции
2
„Културно-уметнички работници“ слават десетти роденден
Kulturno.jpg

Рок-составот „Културно-уметнички работници“, во текот на овој месец, ја прославува својата десетгодишнина од оформување, кое се случи пред една деценија, сосема случајно, во кафе-барот „Браво“. По тој повод, седумчлениот состав, ќе одржи неколку концерти, со што на достоен и несекојдневен начин, ќе го одбележи јубилејот. Она што е необично за нив е дека момците за прв пат во својата кариера ќе отсвират акустичен концерт, кој што ќе се случува во просториите на култното скопско радио „Канал 103“. Концертот ќе се одржи в недела со почеток во 22 часот, а настапот на „Работниците“, ќе оди во живо на радиобрановите на „103-ка“.

Освен овој акустичен концерт, момците ќе одржат и уште неколку, во стандардна, електрична варијанта. Првиот електричен концерт, е закажан за 14 април, во скопскиот паб „Инди“, а најверојатно ќе има и свирка во кафе-барот „Браво“. Исто така, „Културно-уметнички работници“, ќе се претстават и пред публиката во Охрид, каде што ќе свират на 16 април. Ова се само дел од повеќето концерти, односно турнејата низ Македонија, со што „Работниците“, ќе го прослават својот роденден.

„Културно уметнички работници“, е состав кој зад себе има голем број настапи и учество на реномирани фестивали во државава и во регионов. Момците се победници на „Рок-фест“ во 2000 година, а од тогаш во неколку наврати имаат свирено на овој фестивал. Исто така „Работниците“ се појавија и на првото издание на фестивалот „Таксират“. Освен во Македонија, имаат настапувано и на славната Заечарска гитаријата, а минатата година свиреа и на новосадскиот фестивал „Егзит“.

Во својата десетгодишна кариера, „Културно-уметнички работници“, објави два албума. Првиот е насловен како и групата, а вториот „Аморе Бене Тутти Прего“, кој се појави минатата година под етикетата на фестивалот „Рок фест“.


http://time.mk/story_336c7c5365_article_40db8ee69b.html
 
К.У.Р. е еден од најдобрите Рок бендови во Македонија !!!
нека им е среќна 10 годишнината !!!

:smir:
 
Во чест на 10-годишнината на Културно Уметнички Работници, а особено во пресрет на нивната вечерашна (среда, 15-ти април во 22 часот) свирка во Indie Pub-от, која на некој начин е роденденска, на екипава им испративме 10 откачени прашања, на кои тие дадоа уште пооткачени одговори.
ABFB73EC3F6DA9479B93EC09CB5DB892.jpg


Со оглед дека за К.У.Р. сите работи горе-долу се познати – 10 години постојат, снимиле два албуми до сега, настапиле на Гитаријада во Зајечар и на Exit во Нови Сад..., веруваме дека откачените прашања беа најисправната форма за одбележување на нивниот јубилеј.

Уживајте...

1. Како во десет збора би ја опишале вашата 10-годишна кариера?

Или ќе се заебаваме или ќе се заебаваме трето нема!

2. Да не сте К.У.Р. би биле...?

П.И.Ч.К.А.

3. Која е најлудата работа што сте ја направиле во изминативе 10 години?

Кога сме заедно постојано се случуваат луди работи, така што со тек на време сето тоа почна да ни изгледа како нормално однесување. Тоа го заклучуваме и од фактот што кога некој од страна ќе ни дојде прв пат на свирка или на проба откачува на работи кои за нас се нормални. На пример не секој бенд во државава има бочва со вино во гаража кое патем е во сопствено производство.

4. Најдобрата свирка на КУР во изминатава деценија се случи...?

Интересно е што после секоја свирка ни викаат оваа ви беше најдобра до сега, веројатно затоа што секогаш даваме максимум од себе. Мислам дека сите членови од бендот уживаат во секоја нова свирка како да им е прва.

5. Од каде КУР ја црпат својата енергија?

Од семејствата, меѓусебните дружење, пробите ...

6. Со кој миг во кариерата најмногу се гордеете?

Се гордееме со тоа дека за овие десет години успеавме да издадеме два албума, од кои што вториот го снимавме и продуциравме сами, свиревме на сите побитни манифестации во земјава и регионот вклучувајќи ги Гитаријадата во Зајечар и Егзит фестивалот, имавме можност бината да ја делиме со групи кои што сме ги слушале како деца, одржавме многу самостојни концерти и со гордост можеме да кажеме дека не планираме да застанеме

7. Што пишува во CV-то на КУР, кога аплицирате за некоја свирка, ивент или фестивал?

Секогаш го потенцираме фактот дека сме Супер-културна мегахит група.

8. Најголемо разочарување во кариерата?

Искрено кажано мислевме дека со свирење во рокенрол бенд ќе вртиме многу женски, меѓутоа тоа никогаш не се случи и на крајот сите се испооженивме.

9. Три работи за кои сонувате да ви се случат се...?

Да си направиме по уште некое детенце, да си купиме подобри гитари и да бидеме живи, здрави и весели како што впрочем и сме.

10. Каде членовите на КУР се гледаат во следниве 10 години?

Веројатно во гаража, со некое кило повеќе на себе (на добар пат сме) и со уште два-три албума.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom