Кукушка Унија

  • Креатор на темата Креатор на темата Staufer
  • Време на започнување Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
17.012
Поени од реакции
23.391
Како вовед да цитирам од Македонска енциклопедија https://macedonism.org/Македонска-Енциклопедија/кукушката-унија-и-унијатството-во-мак/

КУКУШКАТА УНИЈА И УНИЈАТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА​

КУКУШКАТА УНИЈА И УНИЈАТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – обид на Дојранско-кукушката епархија во 1859 г. со спогодба за унија со Католичката црква, со задржување на словенскиот јазик во црквите и народниот во училиштата и со зачувување на источниот обред и народните обичаи, да се отфрли власта на Цариградската патријаршија и преку покровителство на Рим да се издејствува верско-културна автономија со своероден владика во епархијата и во цела Македонија и со политичко покровителство од западните држави. По долги и сложени разговори и преговори, кукушаните упатуваат образложено писмо до папата Пиј XI (јули 1859) за прифаќање на унијата. Со притисок од Русија и од бугарските црковни кругови, Патријаршијата ја исполнува волјата на граѓаните на Кукуш да им се даде своероден владика и на 29. Ⅹ 1859 г. е извршена хиротонија на владиката Партенија Зографски што потоа е и испратен за дојранско-кукушки митрополит. Со тоа Кукушката унија привремено е придушена. По озаконувањето на Бугарската егзархија, како единствена словенско-православна црква во Турција (1870), со коешто се оневозможува обновувањето на Охридската архиепископија, настанува ново движење и против новата црква, бидејќи со вклучувањето само на Велешката епархија во диецезата на Егзархијата, сите други епархии остануваа и натаму под јурисдикција на Патријаршијата (со можност за референдумско изјаснување). Кога во Црковниот собор во Цариград учеството на македонските делегати во конституирањето на новата црква и во изборот на нејзиниот поглавар (1872) е пречекано со отпор, шест македонски црковни општини од Јужна Македонија стапуваат во нови преговори со Рим и масовно пламнува новото и помасовно унијатско верско-национално движење (1873–1874) со отворено барање за своеродна хиерархија и за обновување на Охридската архиепископија како унијатска црква. Движењето добива и изразито национално-политички карактер, се поставува за решавање веќе и „македонското прашање” и ја зафаќа цела Македонија. Од свои причини, ова движење го поддржува и новиот солунски валија Митхат-паша и центар стануваат Солун и Кукуш, кон кои се приклучуваат и другите градови. На чело застанува изгонетиот од Патријаршијата беровски учител (руски воспитаник и белградски легионер) Димитар Попгеоргиев-Беровски. Одново се ангажира руската дипломатија, а егзархот Антим го испраќа најавторитетниот бугарски национален деец Петко Славејков во Солун за да се задуши големиот бунтовнички антиегзархиски бран. Македонците прават неуспешен обид за преговори и со Англиканската црква (16. И 1874). Избувнува Разловечкото востание под раководство на Д. Беровски (1876), па со вклучување и на корумпираните турски власти постепено е задушена и оваа втора унија во Македонија. Но веднаш по доаѓањето на егзархискиот владика Теодосија Гологанов во Скопје (март 1890), тој прави темелни подготовки за отфрлање на Егзархијата и за прогласување на македонска црковна самоуправа. По реакцијата на бугарскиот егзарх, митрополитот Теодисија поведува преговори со папскиот нунциј во Цариград за да може преку унија со Рим да ја обнови Охридската архиепископија. Во едно писмо (22. Ⅵ 1891) во шест точки ја објаснува националната програма и нагласува: „Ние Македонците немаме толку мака од Турците колку од Грците, Бугарите и Србите што како орли на мрша се впуштија во оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат”. Во писмото до папата Леон ⅩⅠⅠⅠ (4. Ⅻ 1891) моли со обновување на Охридската архиепископија Светиот отец целата македонска паства да ја прими под свое покровителство. Меѓутоа, во моментот на избувнувањето на лозарското движење, Егзархијата го прогласува Теодосија како македонски национален сепаратист (јануари 1892) и со посредство на турските власти успева да го доведе во Цариград и да му ја одземе митрополитската титула (март 1892), по кое го упатува во еден бугарски манастир. Така залнува и третата унија во Македонија. Потоа беа правени и но-ви обиди, но до денеска од тоа движење останаа само мали селски унијатски оази во Југоисточна Македонија. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Унијатството во Македонија, И-ИВ, „Разгледи”, Ⅱ, 9, мај 1960, 908–936; Ⅱ, 10, јуни 1960, 1005–1029; Ⅲ, 1, септември 1960, 72–90 и Ⅲ, 2, октомври 1960, 158–189; истиот, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје,1990, 29–65; Славко Димевски, Кукушката унија од 1859 г., „Гласник на ИНИ”, Ⅲ, 2, 1960; истиот, Митрополит скопски Теодосиј. Живот и дејност, Скопје, 1960; Кирил Стојанов, Повијесно-правни развој Католичке цркве бизантско-славенског обреда у Македонији, Загреб, 1990. Бл. Р. Феудална кула во Скопје.


Читаќи го текстот а и некои други извори ми се чини, дека настаните околу Кукушката унија се доста важни за Македонците, првично како движење за верска самосталност и покрај тоа и како пролог за националното движење кое следува неколку години потоа. Од друга страна ми се чини не ја добиваат таа важност во јавноста која ја заслужува. Исто така Делчеви, фамилијата на Гоце Делчев, поред изворите била униатско настроена, како поголемиот дел од Македонците во Кукушко. Некои извори пишуваат дека движењето имало во својот врв до 50.000 следбеници што е голем број. После неуспехот за унијатство тој број драстично се намали, што покажува, дека движењето не беше толку од убедување дека треба да се следи Католицизмот туку како надеж дека со тоа ќе постигнат некоја самосталност и заштита од надвор.

Денес 150 години подоцна уште се актуелни истите теми, самостална Македонска црква како и национална самосталност покрај притисоците токму од истите држави и народи како тогаш.

Не видов ваква тема на форумов и мислам дека вреди да има.
 
По долги и сложени разговори и преговори, кукушаните упатуваат образложено писмо до папата Пиј XI (јули 1859) за прифаќање на унијата.
Да видиме и кои се условите за прифаќање на унијата:

1. Сакаме и затоа го молиме Неговата Светост Свети Пиј IX да не воведува никаква промена во обредите на нашата црква (обичаи, прослави и богослужба) и во причестувањето со Светите Тајни, и во положбата на нашите свештеници, и во јазикот на кој ќе се читаат молитвите во црквата, јазик кој е старобугарски или словенски;
2. Нашата епархија ќе му биде доверена на архиепископ, избран во согласност со нашите заеднички желби, избор што го молиме Неговата Светост Свети Пиј IX да го одобри;
3. Архиепископот и свештениците кои ќе управуваат со епархијата и парохиите мора да бидат Бугари;
4. Бугарскиот јазик со народните букви и знаци секогаш ќе биде главен јазик и основа на образованието на младите.
 
Можеш да цитираш со класичен академски формат, на пример со наводници и извор веднаш потоа или во фуснота. На пример: „Кукушката унија…“ (Македонска енциклопедија, macedonism.org) и по можност додади година или датум на пристап.
 
Овие услови јасно покажуваат дека главната цел е зачувување на обредот и јазикот, што било клучно за идентитетот. Прашањето е дали ваквите барања биле целосно прифатени или имало компромиси подоцна?
 
Последно уредено:
Овие услови јасно покажуваат дека главната цел е зачувување на обредот и јазикот, што било клучно за идентитетот. Прашањето е дали ваквите барања биле целосно прифатени или имало компромиси подоцна?
Ова е статија од Горан Калоѓера одсонсно мислење на Калоѓера.

Учесниците во се со сосема поинакво мислење - не споменуваат Македонци, туку Бугари, и не го споменуваат македонскиот јазик, туку бугарски, старобугарски и словенски.

Ова е од книга на Симеон Радев од Ресен, кој прв ја испитувал историјата на Кукушката унија.

1775037640706.png
1775037695191.png
1775037749909.png
1775037856667.png
Забележете како овде за Кушуш се вели дека е македонски град, а подолу дека е бугарски град. Насекаде се зборува за Бугари, т.е. под бугарски град се подразбира град населен со Бугари, а под македонски град - град во историско-географскиот регион Македонија.
1775037903524.png
1775037938381.png
1775037953195.png
1775037985876.png
1775038025120.png
1775038037430.png
1775038060070.png
1775038077085.png
Автоматски споено мислење:

Клучна фигура во Кукушката унија е Нако Станишев. Еве што вели тој кога католичкиот бискуп монсињор Боре го напушта Кукуш:

Дали ова ви го кажува Светото Евангелие, да нè оставите подалеку од вашите раце? Ние не ве повикавме да станем католици (бидејќи имаме своја вера, па не ни треба друга - вашата), туку ве повикавме како христијани да ни помогнете против грчките неволји. Ако вашата христијанска совест и Евангелието ви дозволуваат, оставете нè! Тогаш ќе објавуваме преку весници низ целиот свет дека вие, католиците, немавте друга цел освен да нè асимилирате, да нè католицизирате!

Основата на Кукушката унија е борбата против грчката патријаршија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom