Куќа во село

  • Креатор на темата Креатор на темата ntboss
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 август 2025
Мислења
2
Поени од реакции
6
Здраво друштво,

Се подготвувам да градaм куќа на село со димензии 12x12 метри, нешто слично на куќава од приложената слика. Би ми значело многу ако некој со искуство сподели совети или препораки.

Како се движат цените на сива градба (темел/ѕидарија/кров)?
Какви блокови (ytong/porotherm)?
Каква горна плоча (монолит, ферт + стиропор)?
Какви ќерамиди (tondach/mladost)?

Теренот е цврст и карпест, и сум повеќе за армирана бетонска темелна плоча.

Секој совет е добредојден. Фала однапред!

Montazne-kuce-Model-49-1.jpg
 
Шом е карпест терен, од камен изѕидај си ја. Винички керамиди и плочки половни има многу на продажба. Црна певеце столарија и внатрешни дрвени врати.
 
Го прашав ChatGPT истово прашање. Може да се надоврзе некој со искуство, пошто баш ме интересира дали одговорот има допир со реалноста :)

500–650 €/m² е цената за сива градба (темел, ѕидарија, кров без завршни работи)
Reddit

Други калкулации велата дека цената за куќа во сива фаза е околу 500 € м2 – со клуч‑на‑рака (вклучува и внатрешни завршни работи), а може да оди на 600–700 €/m², а ако е енергетски ефикасна градба – и до 700 € + 50–100 € комуналии

За твојата куќа од 144 m² (12×12), сива фаза би ја плаќал приближно:
При основна сива фаза: ~72 000 €
Со завршна фаза: ~86 400 € до 100 800 € (вклучувајќи фасада, електро/водовод, паркет/плочки)

Керамиди vs лим​

Топло се препорачуваат ќерамиди за нормална куќа. Лимот може да е поевтин, но:
  • Се слуша дождот,
  • Летно време грее внатре,
  • Керамидите траат многу подолго, нудат природна изолација и подобар звук‑бариера.

Ytong​

Ценовни податоци
  • Ytong Siporex D440/7.5 cm – околу 140 ден/парче,
  • 10 cm – 160 ден, 20 cm – 240 денMega
    Предности:
  • Лесни, добри за обработка, со одлична топлинска и звучна изолација

Ферт плочи + стиропор vs монолит​

Нема конкретни бројки, но според искуства, ферт системите можат да бидат поевтини и побрзи. Монолитните плочи се поотпорни и домашни за земјотреси, но бараат повеќе арматура и време.

Организација и документација​

Плус, не заборавај на хонорарите и административните трошоци
  • Идеен и проектен план: ≈ 2–10 €/m² + 1500 € проект
  • Одобрение: инспекција во општина, може да трае 1–3 недели и да чини грубо околу 1500 ден

Предлог за трошоци на твојата куќа (12×12 m = 144 m²)
ФазаЦена (приближна)
Сива фаза72 000 €
Клуч‑на‑рака86 400 – 100 800 €
Идеен + проект~1500 – 3000 € + 1500 € проект
Материјали (Ytong блокови)160–240 ден по парче
Кровќерамиди, поскапи од лим, но многу по‑издржлив и удобен

Резиме
  • Сива фаза: околу 500–650 €/m²
  • Керамиди се добар избор за долговечност и удобност
  • Ytong има добри цени и изолација
  • Ферт+стиропор може да е ефикасно, но монолитна плоча е попрецизна и потрајна
  • Обезбеди си добар проектант и одобрение однапред
 
Ако сам ја правиш со мајстори ефтино ќе те фати. Ако ангажираш фирми архитекти курци палци има да те одерат повеќекратно. Затоа боље најди си искусни мајстори што работат приватно и гради нешто што ти прави мерак тебе лично.
 
За легална градба мора потпис од архитекти и курци палци.
 
Ако сам ја правиш со мајстори ефтино ќе те фати. Ако ангажираш фирми архитекти курци палци има да те одерат повеќекратно. Затоа боље најди си искусни мајстори што работат приватно и гради нешто што ти прави мерак тебе лично.

Да, поефтино ќе те фати ако имаш некакви познавања и добро знаеш што сакаш да правиш, притоа познавајќи го маркетот и цените на услугите.
Ако единственото искуство со градење ти е на видео игри, плати си фирма и не се замарај за ништо. Тие искусни мајстори знаат и да препознаат неискуство па да ти наплатат како и секоја друга фирма а ќе се ебаваш со недели дур да ги договориш.
Фирма како фирма, ќе ти наплати за сето тоа ама знаеш дека се ќе биде средено како треба и во дадениот временски рок.
Моментално опремувам стан и некои работи ги завршив со фирма, како кујна, клими, бела техника и внатрешни врати а за гипс и тоалети пробувам сам со некои такви искусни и матер да им ебам, по сто пати ми ѕвонат за една иста работа. Па термин не можел он во Септември, не можел крај на Август, ако сакаш сеа наредна недела (ваљда има одмор на работа), па цена мењање три пати, мерки зимаше два пати...На крај заштедата дали 10-15%
Сега сум се замарал со мајстори и никад више.
 
зависи тоа како ќе ти се погодат. Најубаво е да се избегаваат оние викендаши и ноќни птици што идат попладне па и навечер да работат, ептен несериозни луѓе се што тоа го третираат ко хоби некое. Јас пред едно 10 години праев кров на една куќа што ја имаме на село, фирма х5 поскапо ми бараа него мајсторите и ја направија све по пропис.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom