Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    624
Јас сакам кучиња, сум имал кучиња и како миленици и како куче работник, под ова мислам овчарски и чувари.
Е сега знаеш како каубоецот си го убива коњот за да го скрати од маките такви ситуации сум имал јас мислам не лично....
Не можеше дедо ми повеќе да живее во село и да чува стока тнтара пнтара, остана уште кучето таму Караман, и ние како одговорни газди најдовме човек турчин беше и сакавме да му го дадеме него. Ама не сакаше да оди со него беше лојално до смрт, татко ми на шега викаше Караман нејќи да се потурчи. Јас знаев дека мораше да си оди на ваков или таков начин тоа не беше куче врзано да седи за куќичка тоа беше убиец на волци воин во душата, така да мораше и војнички да замине.....


Сте убиле КАРАМАН?!
 
пази кој муабет кажа...мислам приказната која ни ја раскажа
зборуваш за пријател голем и замисли лојален до смрт,зарем така треба да се постапи со некој кој можи во некоја ситуација и живот да ти спаси,по шо велиш тој беше воин чуваше од волци..најмалку што можевте е да го пуштите во планината да се бори со волците,колку нечовечки

а најгоре кажа дека ти сакаш кучиња..која бламажа ејјј

Види сега јас мислам дека знаеше колку што може куче да биде свесно што го очекува и остана лојален до крај, а и ова што го кажа да го пуштиме в планина да се борело со волците :icon_lol:. Колку само поим немате за што служеле кучињата во историјата човечка и дека нема шанси да преживеат во дивина ќе ги чека или бавна мизерна смрт, или ќе прават бељи кај другите куќи во селото тоа е факт.....
 
Сте убиле КАРАМАН?!
Убиство е ако човек убиеш, јас повеќе го сметам како негово славно заминување, и сега пред да попувате моралистички зошто како има одговор во претходниот пост.

Ако е вистина,тогаш е кретенизам.

Кретенизам е тоа што гледаат децата пет шоу мет шоу емисии, па сакаат куче, е сега кога ќе им досади надвор песот на улица, и после имало кучиња скитници, е има....
 
Колку само поим немате за што служеле кучињата во историјата човечка и дека нема шанси да преживеат во дивина ќе ги чека или бавна мизерна смрт, или ќе прават бељи кај другите куќи во селото тоа е факт.....
која историја бе збораш..не си мангуп ако одземш еден кучешки живот и спомнуваш некој пет шоуа од по телевизии.
кучешката природа е таква склона кој пријателсво на стопанот,со што заслужи тоа ваше куче така да заврши?
 
Еве еден текст за еден Караман,да видите всушност за какво куче станува збор.Какви азијати,кангали,шарковци,Караманот е вистинскиот офчар.

Караманот Карчо



"Секој ден се среќававме на еден поголем рид десно од селото: Трајче со неговото стадо, јас со мојте стотина овци, Спире со трите крави, Алим со селските говеда и Крсто со стадото од овци и кози. Бевме деца, без грижи со по петнаесетина години. Додека добитокот пасеше, скокавме, фрлавме камен преку рамо и разни други игри. Времето минуваше со смеа и со соништа за иднината. Се беше добро додека еден ден не се случи нешто од што коса се крева и од што човек долго време не може да си го прибере сонот ноќе на постела. Еве вака беше:

Таа сабота, есенска и студена, стигнав многу порано од другите на местото на кое се среќавав со другарите. Кавалот го извадив и засвирив. Стадото го облекло ридот во бела руба по малку попрскана со црни точки за да не му студи. Ми се чинеше како ридот по малку да се перчеше пред другите ридишта голи како издрскана сиромаштија. Дури и помислив како да заигра од среќа што беше завиено во мека преѓа. Старата крушка, до која бев потпрен, одамна била насадена и, како што кажуваа дедо и баба, од дамнина чувала тајни за самовили што излагале по некогаш и играле околу дрвото.

Се слушна завивање. Наеднаш се престана: и кавалот и перчењето на ридот и мојата занесеност. Изрипав како да сум седнал на крушкино трње. На сите околни ридови имаше по еден волк- вкупно четири. Нагоре високо удоле длабоко. Море како високо, на две на три рипнав на крушката и од око измерив дали може да ме дофати со скок некој од волците. Кога се осигурив дека не ми можат ништо, почнав да викам на цел глас за да ме слушне некој што ќе ме куртули од бељата. Ни пиле да помине, ни па другарите со кучињата да стигнат. Волците почнаа да колат. Овците паѓаа како детелина на косење. Кај најде татко да го врзе Карчота баш некни. За да не одел по кучки! Солзи ми потекоа кога ја видов калешка како паѓа цела во крв. Од мала ја одгледав, уште од кога умре мајка и додека ја раѓаше. Меот и го растргнуваа и крвта и ја локаа гладните волци. Снеможев од викање и кога веќе се помирив со судбината, од далеку гледам како трча Карчо накај мене и крвавото стадо. Како сетил дека барам помош, не знам. Ме фати жал и за него - ќе го растргнат волците, многу се. Да беше еден, пак некако. Додека беше помлад, еден волк сам имаше удавено. Кога кучето стигна, само занемев и почнав да го гледам мегданот без да земам воздух. Ми се чини дека се беше застанато, целата слика како да беше замрзната.

Карчо ја дигна опашката, се накостреши за да изгледа поголем и во еден брз миг се нафрли врз најблискиот волк кој беше доста крупен. Го фати за половината, го стегна силно, па откако му се вдаде за врат, попатно го докачи за увото. По неколку тресења за вратот, волкот престана да диши. Не чекаше ни за миг, веднаш рипна на еден поситен волк. Е тука запна работата. Овој беше многу брз, така што веднаш се закачи на Карчовиот врат и почна цврсто да држи. Караманот, чекајќи погоден момент, кога волкот малку како да го попушти стегањето, користејќи ги сите нозе, се одби ненадејно со сета сила и, откако го грабна волкот за чурило, почна да го влече кај што сака по мегданот. По подолго држење, волкот доста искрвави и кога веќе одвај се држеше на нозе, кучето го фати за врат и го задави. Така заморен, караманот си ја продолжи работата: потклекна многу вешто како секој искусен борец кога на него тргна еден млад но строен волк и, откако волкот падна невешто врз трњето, Карчо гризаше каде што ќе стигне. На помош дојде и другиот волк. Дури тогаш песот беше речиси совладан и тоа за кратко време. Го гризаа за нозете, за вратот, за ушите. Кучето беше беспомошно. Се чинеше како да се предава. Ама го познав јас мојот пес оти сака да направи некој марифетлук. Штом така го згрчува телото и ги собира нозете кон себе, знаев дека ќе се превртува како сукало за да ги тргне острите вилици од себеси. Така направи и пред две години кога го совлада големиот карабаш на еден овчар од Кичево што сезонски го имаше таксано бачилото недалеку од овде. Тој збунувачки трик беше малку чуден, но ако успешно го изведе сега- ќе се спаси. Наеднаш како да му зовре крвта, чудно го изобличи ликот, дали од болки или од некја чудна сила што извира во секој што се надева и на најмалата надеж. Како да го гледав пред себе Болен Дојчин како со последни сили ги совладува сите што ја сквернават честа на убавата Ангелина. Почнав да викам како улав за да им го одвлечам вниманието на волците. Сакав да му порачам на другарот мој дека не е сам, дека тука е тој што го одгледал од кутре, тој што го хранел и што спиел крај него до топлиот вршник од кој лазеше убавата миризба на зелникот. Тие миговни сеќавања, кои не знам зошто баш сега ми се јавија в глава, како да допреа до него и како да му дадоа дополнителна сила. Неочекувано го направи тоа брзо вртење, рипна, се исправи на нозе и го фати младиот волк за врат, додека другиот во паника се нафрли и гризаше без контрола кај ќе стигне. Падна и третиот волк. Карчо знаеше дека во себеси веќе нема доволно сила и затоа без двоумење го зграби последниот волк за черепот и почна да стиска. Не знам каква храброст ми дојде, рипнав од дрвото и со една мотка почнав да го удирам волкот силно по грб. Карчо веднаш го префрли зафатот - сега врз вратот на волкот. Зграбениот врат почна силно да го тресе со своите последни сили, се додека не го задави и последниот волк.

Откако битката заврши, кучето легна да одмори. Сувите бусови од мајчина душица се натопија со црвена јуначка крв. Почнав да му ја запирам. Од каде побрзо- од градите, од главата, од нозете... За половина час Карчо почина. Почнав да рикам од плачење. Дури тогаш доаѓаа стадата на другарите кои, кога слушнаа плачење, дотрчаа со сета сила. Одвај ме смирија и кога, гледајќи ги мртвите волци, почнаа да прашуваат што се случило, почнав неповрзано и со занес да раскажувам.

Карчо го закопавме до дрвото и дури пред стемнување си отидовме дома. Ноќта сигурно дошле самовилите за да го одведат кај боговите мојот караман зашто само јунаци можат да стапнат во бескрајната вечност. Кога по триесет години за првпат дојдов во татковината и кога отидов да ги посетам гробот на караманот и крушката спасителка, тоа место беше преполно со викенд-куќи и воопшто не личеше како некогаш".
 
У кое фенси маало живееш на товар на државата?

Ако ова се однесуваше на мене, во Leslieville.

Смешно ти е тоа?
Ти се пуни душа?

Некои луѓе немаат душа.

Напротив, колку човечки.

Добар сарказам.

која историја бе збораш..не си мангуп ако одземш еден кучешки живот и спомнуваш некој пет шоуа од по телевизии.
кучешката природа е таква склона кој пријателсво на стопанот,со што заслужи тоа ваше куче така да заврши?

Од бездушност.
 
Еве уште една интересна приказна.

Три кучиња од расата булмастиф во вторникот вечерта на смрт го растргнале својот сопственик на улица во Љубљана.

Полицијата едното куче го убиле на лице место, а другите две се наоѓаат под контрола, пренесе агенцијата СТА.

Истите три кучиња пред две години на улица нападнале случаен минувач кој едвај се спасил . Поради овој настан сe води судски процес за обештетување.

Пoсле тој напад, на опасните кучиња им беше одредено задржување во прифатилиште, но подоцна му беа вратени над сопственикот со одредени строги услови за нивнo чување.

http://www.time.mk/read/40c446c084/2f352f14de/index.html
 
Убиство е ако човек убиеш, јас повеќе го сметам како негово славно заминување, и сега пред да попувате моралистички зошто како има одговор во претходниот пост.

Славно заминување еј, колку дрско од твоја страна. Да бидеш убиен од тие што цел живот си ги штител. Туку те разбирам, толку ти фаќа паметот.

Кога почнавме со интересните приказни, еве една како куче скитник спасило живот на новороденче.

http://www.msnbc.msn.com/id/7792445/
 
Дали би биле согласни тие кучиња да бидат зготвени и испратени како храна во земјите каде јадењето кучиња е дозволено, со цел да се наранат гладни детски усти?
На пример за децата во Филипини, секое куче може да биде добредојдено.

DogMeat-Hanoi1.jpg


Dog_meat.jpg
 
Не ми се верува што читам, ај да не спомнувам имиња.

Некои од вас се толку бездушни просто ви се чудам. Денес е куче утре ќе биде маче, задутре некој друг и на крај и луѓе ќе се убиваат ради нечија мрза и нетолерантност.

Човек колку тоа (не)гордо звучи!

И после се си викам со кого тоа сум живеел со години, ќе те „успие“ без пардон зашто му рушиш комодитет, мизерија сте бе луѓе само нема никогаш да сватите дека и вас ќе ве удри тој став на овој или оној начин.
 
А на Соломоновите острови, може луѓето, песоубијците да ги исрпатиме, таму сеуште има трасги на канибализам. Или во амазонската прашума и џунгла, и таму сеуште јадат кршни како тебе Ники.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom