А баш бидејќи ние сме супериорна раса, по некоја логика би требало да се бориме да најдеме некое похумано решение од убивање, нели доколку постои во нас некоја ронка човечност.
Уште еднаш ќе нагласам
СТЕРИЛИЗАЦИЈА, НЕ УБИСТВО!!!
Ти девојче можеш до задутре да нагласуваш, ама и 200 пати да го кажеш, нема да се претвори тоа во вистина.
Трубите за алтернативни решенија, ама точно само тоа го правите - теоризирате за некој совршен начин на решавање на проблемот и после си идете да пиете кафенце со чиста совест. Битно, не сте пуштиле вие кучињата да се убиваат.
Е сега, реалноста е дека оваа стерилизација се "случува" со години, па пак еве кај мене во маало со години ко зајци се котат. Затоа не знам со кое лице, со кој памет, се чудите ако некој ги отрул. Парцијално ваша вина е тоа, бидејќи да бевте нешто засегнати, решени, посветени како во вашите постови - проблемот ќе беше решен досега.
П.с. Исто е со колењето свињи, не мора БАШ свинско да јадеме и сигурно како супериорна раса можеме да најдеме решение за тоа. Но, совршениот свет постои само во вашите фантазии. Мој предлог е да се фатите за свињите и телињата кои се колат секој ден, него за изолирани случаи на труења на кучиња.
Затоа, кога ќе ве видам како отварате теми за алтернативи на месо и заштита на СИТЕ животни, тогаш ќе почнам да ве почитувам како човечки суштества.
Дотогаш, за мене ќе останете само лицемерни човечки суштества, кои се борат за нештата кои им се драги до срце, кур ги боли за се друго - а капак на се, нашле да осудуваат други луѓе. Ма дај...