Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
А, зошто не ги приберете кутрињата внатре? Јас без да го надгледувам моето куче, надвор не го оставам. Имаме доста голем двор, кој го делиме со роднините и кога нема никој (сабајле и навечер) , ја пуштам да се истрча убаво. А инаку е куче од скоро 60 цм и 25 кг. Исто така, планираме и нејзините кутриња да ги израснеме во домашни услови (со заграден простор во домот, за да не бидат кутрињата изложени на ризик). Секогаш има решение.

Уште кога го отруја првото куче, јас инсистирав сите наредни што дојдоа да ги чуваме внатре, но куќата ни е на 1 спрат, а спратот го делиме со чичо ми и стрината. Е тука е главниот проблем - тоа што тие воопшто не сакаат животни. Пробавме еднаш да чуваме мало кутре внатре, тоа додека чичо ми уште не беше оженет, но тој многу се лутеше додека јас да го научам да врши нужда надвор. Па следуваше долгогодишно неразговарање до нас, и кога се ожени се помиривме. Да дојдете само еден ден да видите како тие се понашаат спрема животните, се ќе ви биде јасно и секој збор ќе биде сувишен.[DOUBLEPOST=1438790493][/DOUBLEPOST]
Епа штом немаш ограда, нема да чуваш куче ... просто и едноставно.
Или ќе чуваш куче, али само дома ќе си го чуваш - постојано внатре во куќата, и ќе го носиш секојдневно на прошетки.

Не го оправдувам потегот на комшиите што ги отруле кучињата, можеле да ве предупредат дека им сметаат кучињата, и вие да си ги тргнете од дворот.

Но исто така и ги разбирам потполно ... и јас не би сакала туѓо куче да ми се шета по мој двор (ОК е да се шета донекаде) ... али ни 5 секунди нема да трпам туѓо куче да ми ги гризе влечките, да ги расфрла низ дворот, и да ми буричка у кантата и да го расфрла ѓубрето.

Затоа и потполно ги разбирам комшиите, само што јас никад не би ги отрула кучињата, туку прво разумно би направила отворен разговор со комшиите.

Ако следува игнор од комшиите, и не си ги приберат кучињата, и си продолжат да шетаат и прават бељи у мој двор ... ондак ќе превземам други мерки и јас самата ќе си го решам проблемот ... али да ги отрујам нема шанси, зашто не се криви кучињата, туку луѓето.

ПС. ова беше само хипотетичка ситуација ... имам јас многу добра ограда :D

Секој што е љубител на животни знае дека без барем едно животинче дома, куќата е мртва, го нема тој разиграниот дух на животинчето и ке нема кој да ти го развесели денот. Тоа за папучите е чиста измама од страна на соседите, бидејќи тие не ги гризеа и разнесуваа нашите чевли, а не ли пак нивните. Што се нивните чевли поспецијални од нашите па да кучињата се фатат за нив? Друго, кутрињата беа ранети 3 пати дневно, што значи дека немало потреба воопшто да мешаат по канти и да бараат храна, тоа можеби додека се играле, мавајќи се ја бутнале кантата и тие се фатиле за тоа демек секојдневно тие неможат да дежураат за да кучињата не им ја бутнат кантата. Едноставно сето тоа што го тие велеа дека им е оправдување за тоа што ги трујат кучињата е чиста измислица, тие се најголеми нељубители на животните и сакаат по секоја цена да не се сврти ни кај нас ни кај нив ниту едно кутре. Сега пак им сметало што лаат кучињата и ај што да им правам јас сега? Прво бараа ако сакам да чувам куче дека ке морам да го држам на ланец, добро тоа и го направив. Сега им сметало што лаат кога ке дојде некој непознат баш пред некој ден ми го рекоа тоа неможело нивното "ангелче" да спие мирно. Е ај сега кажете ми што да правам?
 
Последно уредено:
Е ај сега кажете ми што да правам?
Додека не се средат работите со комшиите, чичковци стрини и родители да не чуваш кучиња. Од целата приказна најмногу патат животните. Или ќе бидат отруени или на синџир... Мој предлог земи си рипки у аквариум а? Или пак хрчак, бело глувче, желка.
 
Веќе пробав да ги вдомам имам ставено огласи по многу здруженија на фб, но работата е тоа што кутрињата се веќе стари едното има 8, а едното 7,5 години, а луѓето сакаат мали едно или двомесечни кутриња или мачиња. Во стационар немам намера да ги оставам многу добро знам како таму се чуваат па сакам барем мирно да си ја дочекаат смртта тука каде што израснале.
Сепак и тие животни ке мора да се чуваат внатре, а веќе пишав дека тие не сакаат животно да смислат внатре. Добро риби можеби не би им сметало до толку али за овие други нема шанси.
 
Да дојдете само еден ден да видите како тие се понашаат спрема животните, се ќе ви биде јасно и секој збор ќе биде сувишен.

Е ај сега кажете ми што да правам?
Сам си даде одговор на прашањето - едноставно нема да чуваш куче - as simple as that ... берем не сега, не во вакви услови во кои што живееш.
Затоа што само штета им се нанесува на кучињата, ни криви ни должни кучињата секад ќе патат во таа околина.
 
Уште кога го отруја првото куче, јас инсистирав сите наредни што дојдоа да ги чуваме внатре, но куќата ни е на 1 спрат, а спратот го делиме со чичо ми и стрината. Е тука е главниот проблем - тоа што тие воопшто не сакаат животни. Пробавме еднаш да чуваме мало кутре внатре, тоа додека чичо ми уште не беше оженет, но тој многу се лутеше додека јас да го научам да врши нужда надвор. Па следуваше долгогодишно неразговарање до нас, и кога се ожени се помиривме. Да дојдете само еден ден да видите како тие се понашаат спрема животните, се ќе ви биде јасно и секој збор ќе биде сувишен.[DOUBLEPOST=1438790493][/DOUBLEPOST]

Секој што е љубител на животни знае дека без барем едно животинче дома, куќата е мртва, го нема тој разиграниот дух на животинчето и ке нема кој да ти го развесели денот. Тоа за папучите е чиста измама од страна на соседите, бидејќи тие не ги гризеа и разнесуваа нашите чевли, а не ли пак нивните. Што се нивните чевли поспецијални од нашите па да кучињата се фатат за нив? Друго, кутрињата беа ранети 3 пати дневно, што значи дека немало потреба воопшто да мешаат по канти и да бараат храна, тоа можеби додека се играле, мавајќи се ја бутнале кантата и тие се фатиле за тоа демек секојдневно тие неможат да дежураат за да кучињата не им ја бутнат кантата. Едноставно сето тоа што го тие велеа дека им е оправдување за тоа што ги трујат кучињата е чиста измислица, тие се најголеми нељубители на животните и сакаат по секоја цена да не се сврти ни кај нас ни кај нив ниту едно кутре. Сега пак им сметало што лаат кучињата и ај што да им правам јас сега? Прво бараа ако сакам да чувам куче дека ке морам да го држам на ланец, добро тоа и го направив. Сега им сметало што лаат кога ке дојде некој непознат баш пред некој ден ми го рекоа тоа неможело нивното "ангелче" да спие мирно. Е ај сега кажете ми што да правам?
Епа земи возрасно куче, или куче научено каде да врши нужда и чувај го дома. Ќе го издресираш да не лае (верувај, можно е, моите 3 братучеди кои не се постари од 5 години не се разбудиле една ноќ од кога ја издресирав).
 
Ама има проблем и за внатре, чичко му му прави проблеми, у иста куќа живеат заедно, и он неќел животни дома.

Нема никаква солуција во моментов за жал ... мора да се помири со фактот дека неможе да чува куче во сегашниве услови.
 
Во ваква ситуација очигледно е дека нема шанси веќе куче да чувам, но јас решив тие двеете што сега ги чувам да ги чувам додека се живи, не планирам никако да ги фрлам бидејќи 8 години поминати со 2 кучиња не е малку време. Јас сум многу привржан за нив што сака нека биде но јас овие две кутриња ке ги чувам. После кога тие ке умрат, ако се среди малку ситуацијата со дворот, ке земам пак а ако не нема.
 
препорака за огрлица против крлежи таа scalibur каде може да се најде ?
 
Ќе може ли некој да ми објасни околу вадење педигре и сл. Сакам да си земам Самојед но неговите родители немаат педигре... Многу ми се засвиѓа кученцето и сакам да си го купам, но незнам каква е постапката и која е разликата помеѓу куче со и без педигре..несакам да направам некоја грешка. Некој поискусен ако може да ме упати. Благодарам многу !
 
Ако неговите родители немаат педигре тогаш и кучето не може да има. Разлика нема.
 
Има во Македонија апчиња пивски квасец за кучиња?
Има ама колку што јас знам нема никаква разлика помеѓу оние за кучиња и оние за луѓе. Во фауна пет шоп имаа такви апчиња од канина, пак ќе ти кажам иди во зегин има едни 420 денари или така нешто голема кутија за луѓе и давај од нив слободно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom