Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе, неможеме да се решиме со моето семејство дали да земеме англиски кокер или бретонец...
Ако може да ми ги каже некој разликите и предностите за нив? За големината не ми е проблем... само сакам да знам кое повеќе ќе одгвара да го земам.
 
За да би знаеле кое повеќе би ти одговарало би требало нешто повеќе за себеси да си кажеш, односно да се преиспиташ себеси и твојот начин на живот, затоа што не бираш куче какво што сакаш туку бираш куче какво што ти одговара. Дали си повеќе активен/пасивен, прошетки, истрчувања... размисли. Никој не може да ти каже што тебе ќе ти одговара, освен самиот себеси.
 
Па сакав да прашам за разликите т.е предностите кај двете раси па да можам да одлучам за кое, зошто сепак не ги знам целосно нивните карактеристики, за Бретонецот знам повеќе, но за Кокерот не.

Во ситуацијава имаш комплетно различни кучиња, единствена заедничка работа им е можната инфекција на уши а и ловот. Кокерот може да биде тврдоглав, територијален и доминантен, што го прави потежок за тренинг, ако не се тренира и воспитува правилно може да развие и агресија. Препорачано чување е во стан, ако добива доволно дневни активности. Доста време за одржување на крзното.
Бретонецот е потчинето куче кое што би направило се за да те послуша. Премногу активно куче, не се препорачува за во стан. му треба доста истрчување. Не е чувар. Лесно одржување на крзното. Лови се што бега и е помало од него (освен ако не се воспита правилно, да се смири неговиот инстинкт-некако mission impossible ми е ова ама ај). Добар е за со деца и не е агресивен, односно треба да си луд/неспособен за да дозволиш оваа раса да покаже агресивност.
Останатото е на тебе, да одлучиш што би се вклопило во твојот начин на живот.
 
Имам хаска стара е 2 месеци. Ја шетам веке 2 дена по ред по скоро 1 км, па сега некои луге ми кажуваат дека требало да се шета други пак не требало да се шета оти било мало и ке му се искривиле нозите ? Некој постручно мислење да ми каже
 
Вакцините ги има примено ?

Нема врска дека ќе му се искривеле нозете од шетање.
Ќе му се искриват нозете ако го качуваш по угорници, пример на Водно ако го носиш, а ако си правиш нормални прошетки на рамен терен, ништо нема да му биде.
Само сега штом има 2 месеци, е ептем мало, не го форсирај со долги прошетки.
 
Има примено 2 вакцини пред 4 дена и на 22 треба уште 2 да прими

Несмееш да го шеташ, додека не помине периодот на карантин.

Кои вакцини ги има примено ?
Треба 3 вакцини за имунитет да прими, која е четвртата што ќе му ја ставиш ?
 
Имам хаска стара е 2 месеци. Ја шетам веке 2 дена по ред по скоро 1 км, па сега некои луге ми кажуваат дека требало да се шета други пак не требало да се шета оти било мало и ке му се искривиле нозите ? Некој постручно мислење да ми каже
Веќе се порудија да ти кажат да не го мачиш кученцето да на места како Водно или слични локации, јас само ќе надополнам никако да го учиш уште од сега по скали да се симнува/качува, па макар живеел и во зграда која нема лифт ќе се помачич малку со тоа да го носиш во раце ама тоа е за негово добро. Јас до 6,5 месеци го симнував/качував кученцето во раце никако само по скали.
 
1010075_726966540654934_1357791199_n.jpg

Кај може кај нас да се купи пит бул blue nose, и колку пари?
 
Веќе се порудија да ти кажат да не го мачиш кученцето да на места како Водно или слични локации, јас само ќе надополнам никако да го учиш уште од сега по скали да се симнува/качува, па макар живеел и во зграда која нема лифт ќе се помачич малку со тоа да го носиш во раце ама тоа е за негово добро. Јас до 6,5 месеци го симнував/качував кученцето во раце никако само по скали.

Ова важи за сите видови кучиња и од сите возрасти или посебно во случајов?
И ако можи некој да објасни зошто би му се искривиле нозете ако се шета кучето по скали и по угорници?
 
Ова важи за сите видови кучиња и од сите возрасти или посебно во случајов?
И ако можи некој да објасни зошто би му се искривиле нозете ако се шета кучето по скали и по угорници?

Сите викаат да се избегава, не знам зашто, али искрено, од искуството на татко ми со загарите негови(цел негов живот а и цел мој), кои уште од најмали се по планини, карпи, угорници, па еве и мое со пинчов кој што нема теорија да го додржиш во раце, а сам си се симиња и качува по скали и трча по планини како луд... никогаш сме немале таков проблем. Доволно калциум, папи формули во исхрана, додатоци како ориз, пилешко, овошје и зеленчук и еве ги здрави како дренчиња, никој не добил искривување. А ако не го форсирам да се измори и истрча (2-3 саати) никој не е раат по дома, а највеќе Мила си го јаде. А замисли има само 3 месеци. И не се замарам што викаат да не се форсира, ако му се трча- нека трча, раат глаата после, никакви проблеми нема (а не дека се изморува со два -три саати трчање, ништо не го изморува али расава е атлетска така да...)
 
vcera na sitel 3 vo jadi burek imase eden covek i mnogu raboti kaza za sarplaninecot,interesna emisija
nekoi raboti prv pati gi slusnav za sarplaninecot
 
Ова важи за сите видови кучиња и од сите возрасти или посебно во случајов?
И ако можи некој да објасни зошто би му се искривиле нозете ако се шета кучето по скали и по угорници?
Поради дисплазија, поради искривување,поради оштетување на рскавица и коски кои се во раст и формирање. Кутрето е во развој, не треба да се претерува затоа што организмот не може да постигне на сите страни.
 
Здраво до сите , Ми треба итна помош за да го заштитам моето куче!!! Дали некој може да ме информира дали постои во македонија да му се вгради сателитски чип на куче за да можеш да го најдеш доколку ти биде открадено.поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom