Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен си ги измеривте со загарите м? Мајмун во скоро време ќе ти пуштам слика од пит ако ти се допадне може да договориме ако имаш желба, мајката и таткото се чувани од љубов а не за борби чисто како инфо.
 
Некој совет да ми даде како правилно да го казнам кучето? Сакам да го одвикнам од некои лоши навики што ги има додека е уште мало. Гриза буквално се што ќе види и морам да го научам што е за гризање, што не е додека не уништи се низ двор. Проблемот е уште поголем што рацете и нозете ги гледа како играчки, а забите му се прилично ости па имам гребаници. Инаку знам за алфа статусот, да не се мачите да објаснувате, само незнам дали правилно го наметнувам.
 
Со весник малце по газот.....ама само кога ќе згреши нешто,после џабе е..
Сега му растат заби па ќе тероризира се и сешто.
Тоа е прво што го учат додека се во леглото...
Посебно велат дека ваква агресија покажуваат кученцата кои излегле на рана возраст од леглото(и кај мене беше истиот случај)....:D
Најдобро е според мене кога покажува агресија да гризе,да го игнорираш...(без игра,фрлање топче,мазење,галење)....
Ако треба и затворање во куќарка...да се смири малку,па потоа пак одново.....
Во вакви моменти е корисно да не му се одзема вниманието,на пример ако има премногу луѓе околу него кои го задеваат,го галат...
Сеуште е младо кучето,па не знае да се однесува во средина....па мисли дека ова е правилно...
Значи кога почнува да каса игонирај го,не му обрнувај внимание,за брзо ќе увиди дека прави нешто погрешно.....
Сепак мислам дека ова е краток период,додека се многу мали,до кај 3,4 месеци некаде...после почнуваат да скокааат по се и сешто...:)
 
Штета шо кривичниот закон на РМ не предвидидува казна затвор за глупи новинари (односно блогерчиња)..ако ништо друго ќе го наполнат буџетот да се покрие "трошокот"од некој споменик....:нинџ:
Па малку да се воведи ред кој пушта во етер секакви :гомце:..
Со новите мал милион интернет портали се и сешто стигнаа да објавуваат....
Треба една добра цензура,па после се чудиме зошто народот е толку затупен....
Табуата сеуште владеат во Македонија,па ќе сме оделе во Европа....:гик:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

старо е ова , али ипак тоа со пит булот на прво место , легенда :) иако питот е една од расите која највеке сака луѓе и не е чувар куче....

"Тие се вистински борци и постои ДОБРА причина да не им се приближувате" хихиихаа

и така убаво рече цезар пред 20 години вучјакот го држеше првото место, пред 10 доберманот и ротвајлерот сеа дојде времето и питот да биде шампион
 
Дечки ај вака израснав со кучиња цел живот али повеќе ловџиски загари, шарпланинци сум имал 2 али бев многу мал кога ги чуваа моите само памтам дека си играв доста со нив особено со Муса :), сега сакам да купам куче од овие 4 раси некоја (доберман, пит бул, ротвајлер, лабрадор) али од овие 4 раси досега немам чувано па ако може да ми одговорите на некои прашања.
Ај вака ќе идеме по ред ... ќе се задржам на Доберманите и Ротвајлерите :)
1. како да препознаам дека е стварно од чиста раса
1) Ќе си отидеш со искусен кучкар кој што е упатен во расите за да ти помогне при избор на кутренце.
Како најсигурен доказ дека кутрињата се чисти ти е педигрето (мада во денешно време ни ова не е 100% сигурен доказ), но во секој случај најдобро е да ги видиш во живо родителите.
2. колку пари отприлика одат да знам колку да платам (мали до кај 5 месеци барам)
2) Зависи од квалитетот, имаш цени од 50 до 5.000 евра ... просечна цена во Македонија ти е од 100 - 300 евра ... и пак ќе напоменам, зависи од квалитетот на кучето.
Кога велам квалитет, под тоа се подразбира крв и генетика.
3. за добермани, ротвајлери имам слушано дека знаеле да се мрднат малку и да нападнат на сопственикот, дали има вистина во тоа?
Поголема глупост од ова во животов немам прочитано, а што е најтрагично многу луѓе веруваат во таа фамозна приказна дека кога ќе остареле Доберманите и Ротвајлерите си го убивале газдата.

Како прво Доберманите и Ротвајлерите се најдобрите чувари и bodyguard кучиња.
Не си ни свесен што се е спремен да направи еден Доберман или Ротвајлер доколку види дека му е загрозена безбедноста на неговиот сопственик или член од семејството.

Недај боже некој да те закачне или уште полошо да проба некој да крене рака на тебе, отиде раката ;)

Членот Tomasino многу убаво ги опиша Ротвајлерите, а Доберманите карактерно се премногу слични со Ротвајлерите, така што горе-доле преку описот за Ротвајлерот, ти се долови и описот за Доберманот.
Најголема разлика помеѓу овие 2 раси е темпераментот.
Ротвајлерите се смирена и пасивна раса, серазбира дека бара истрчување и да си ја потроши енергијата, но сепак поголемиот ден од денот го поминуваат пасивно.
Од друга страна пак, Доберманите ти се чиста спротивност ... хиперактивност и енергија на сите страни, премногу хиперактивна раса.

Во врска со карактерот, нема некоја си голема разлика, и двете раси се одлични чувари и си го обожаваат семејството, и ќе го дадат и животот ако треба само за да го заштитат, тоа се кучиња кои што не знаат за страв, и секогаш будно ја следат околината и секогаш се спремни за „акција“ доколку е потребно :)

Питбулот и Лабрадорот ти се сосема различна категорија :)

Јас имам Доберман, и според мене тоа е совршена раса која што ги исполнува сите мои критериуми (карактер, темперамент, изглед) што треба да ги поседува едно куче.
Ако имаш било какви прашања за Доберманите слободно прашај, со задоволство ќе ти помогнам :)
 
Со весник малце по газот.....ама само кога ќе згреши нешто,после џабе е..
Сега му растат заби па ќе тероризира се и сешто.
Тоа е прво што го учат додека се во леглото...
Посебно велат дека ваква агресија покажуваат кученцата кои излегле на рана возраст од леглото(и кај мене беше истиот случај)....:D
Најдобро е според мене кога покажува агресија да гризе,да го игнорираш...(без игра,фрлање топче,мазење,галење)....
Ако треба и затворање во куќарка...да се смири малку,па потоа пак одново.....
Во вакви моменти е корисно да не му се одзема вниманието,на пример ако има премногу луѓе околу него кои го задеваат,го галат...
Сеуште е младо кучето,па не знае да се однесува во средина....па мисли дека ова е правилно...
Значи кога почнува да каса игонирај го,не му обрнувај внимание,за брзо ќе увиди дека прави нешто погрешно.....
Сепак мислам дека ова е краток период,додека се многу мали,до кај 3,4 месеци некаде...после почнуваат да скокааат по се и сешто...:)

Пробав и тоа со дисциплински по газот али ако го удрам послабо мисли дека си играм, ако го удрам појако почнува да ржи (прочитав на интернет fear agression се викало демек) така да прекинав со тоа пошто мислам дека повеќе штета има него корист.
Тоа со игнорирањето нема шанси пошто буквално дупки прави во кожа ако му дозволам да ме гриза. Исто така неможам да го игнорирам ако гриза предмети како што се папучи на пример затоа што ќе ги направи парче. И што и да му дадам да си игра, за 5 минути го остава и на нешто друго преминува. Многу брзо му се здосадуваат играчките. Едниствено со коски највеќе си игра можеби тоа е лекот.
Али ајде ќе издржам овие месеци ваљда ќе му пројде. Инаку да, на рана возраст ми го дадоа (40 дена) така да најверојатно и тоа има врска.
 
Не го оставај и да ти `ржи, затоа што така пробува да ти наметне доминација. Кучето размислува вака„ако ме тој удри посилно,јас ќе му покажам заби, тој ќе си отиде, значи јас го контролирам крајот на случувањето„ Имаш хиперактивно кутре, кое мора мнооогу добро да го умориш за да не ти прави вакви работи.
 
дечки имам проблем со кучето 2 дена нејкеше да јаде ништо не јаде... сабајле исра глисти однесеме го на ветеринар дадеа му апче ама па нејке да јаде шо да направам барем малце да го наранам нем да ми умре
 
гледај да го држиш хидрирано, ако пие вода ќе почне и да јаде... и да не пие, со сила ќе му даваш. Едно апче е за куче до 10 кг. Ако е поголемо/потешко, ќе му дадеш во однос на килажа, и после тоа секој 3-4 месеци ќе си го прочистуваш. А може и да не јаде ради жештиниве... често се случува...
 
пие вода ама не јаде више 2 дена ич не е весело ... стра ми е да не умре
 
гледај да го држиш хидрирано, ако пие вода ќе почне и да јаде... и да не пие, со сила ќе му даваш. Едно апче е за куче до 10 кг. Ако е поголемо/потешко, ќе му дадеш во однос на килажа, и после тоа секој 3-4 месеци ќе си го прочистуваш. А може и да не јаде ради жештиниве... често се случува...

денеска поврака двапати со зелена боја :S
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom