Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
6- Nova Scotia Duck Tolling Retriever
nova_scotia_duck_tolling_retriever.jpg

Според ФЦИ признато е ? Читам на википедија Американски Кенел Клуб го признал (ови американски кенел клуб што ли не признаваат сите кучиња ги признаваат...)
Прв пат ја гледам оваа раса...

Машала не се разбирам во лабрадори но ми се свиѓа.
 
Според ФЦИ признато е ? Читам на википедија Американски Кенел Клуб го признал (ови американски кенел клуб што ли не признаваат сите кучиња ги признаваат...)
Прв пат ја гледам оваа раса...

Да, вкупно постојат 6 видови на Ретривери и еден од нив е и Nova Scotia Duck Tolling Retriever и секако дека е признат од страна на FCI.
Патем како ти напреднува Стафордчето ?
 
Да, вкупно постојат 6 видови на Ретривери и еден од нив е и Nova Scotia Duck Tolling Retriever и секако дека е признат од страна на FCI.
Патем како ти напреднува Стафордчето ?

Eне го надвор патрола прави ,опасен чувар е :) Неделава треба да го носам кај Диме да му ги среди ушите. Одличен е ,проблем ми е со кучиња само ,сакам да го социјализирам но кај мене во Петровец не можам да најдам куче или е агресивно или е страмежливо, некое балансирано нема:) ,но без гајле ќе средам јас. Го носам кај тетками има пудла (14 години) пудлата бега а овој сиромашкиот сака да си игра...

Еве некоја фотка...
IMG_1660.jpgIMG_1659.jpgIMG_1654.jpg
 
^ Пу пу машала ама пораснал, ептем е убав (и нормално дека ќе биде убав бидејќи има одлично потекло), а тек кога ќе му ги купираш увцињата ќе изгледа фантастично :) .
А за тоа дека е одличен чувар не се ни сомневам, Стафордите се одлични чувари и заштитници на фамилијата.
 
Од оваа раса волкот дошол и го изел, сега не знам дали Лабрадор или Ретривер беше, ама им дошол волкот во двор и им го каснал, па таму жената мислела дека е куче и го тепала со чергичето од пред врата за да бега ама волкот не бегал :icon_lol:.

Тука у Радишани беше тоа зимава. Црно е кученцето незнам што раса е, ваљда е лабрадорче. Tогаш после случката го имам видено здраво и живо беше. 4 месеци имаше тогаш максимум затоа не ни можело да му се спротистави на волкот. А незнам од кај ти е информацијата дека вокот го изел - не е точна. :)
 
Така разбрав можеби и погрешно да е, а и да било поголемо не е раса на куче што би бил некој посериозен противник на волк.
 
На волк ретки се кучињата што можат да му се спротистават 1 vs 1.Кангали,Азијати може и некој Шарпланинец меѓутоа тешко,многу тешко со волк.
 
На волк ретки се кучињата што можат да му се спротистават 1 vs 1.Кангали,Азијати може и некој Шарпланинец меѓутоа тешко,многу тешко со волк.

Од Шарпланинец има бегано цела глутница волци, сам ги има бркано преку рид кога тргнал овчарот помислил дека е готов затоа што не можел да види што се случува долу ама се изненадил многу кога веќе на наредната височинка видел како 4-5 волци буквално бегале од шарпланинецот. Негово мислење е дека многу бил храбар затоа се исплашиле од него.
 
Шарпланинец со педигре и добро ранет и чуван може и мечка да собори а не волк :)
 
"Секој ден се среќававме на еден поголем рид десно од селото: Трајче со неговото стадо, јас со мојте стотина овци, Спире со трите крави, Алим со селските говеда и Крсто со стадото од овци и кози. Бевме деца, без грижи со по петнаесетина години. Додека добитокот пасеше, скокавме, фрлавме камен преку рамо и разни други игри. Времето минуваше со смеа и со соништа за иднината. Се беше добро додека еден ден не се случи нешто од што коса се крева и од што човек долго време не може да си го прибере сонот ноќе на постела. Еве вака беше:
Таа сабота, есенска и студена, стигнав многу порано од другите на местото на кое се среќавав со другарите. Кавалот го извадив и засвирив. Стадото го облекло ридот во бела руба по малку попрскана со црни точки за да не му студи. Ми се чинеше како ридот по малку да се перчеше пред другите ридишта голи како издрскана сиромаштија. Дури и помислив како да заигра од среќа што беше завиено во мека преѓа. Старата крушка, до која бев потпрен, одамна била насадена и, како што кажуваа дедо и баба, од дамнина чувала тајни за самовили што излагале по некогаш и играле околу дрвото.
Се слушна завивање. Наеднаш се престана: и кавалот и перчењето на ридот и мојата занесеност. Изрипав како да сум седнал на крушкино трње. На сите околни ридови имаше по еден волк- вкупно четири. Нагоре високо удоле длабоко. Море како високо, на две на три рипнав на крушката и од око измерив дали може да ме дофати со скок некој од волците. Кога се осигурив дека не ми можат ништо, почнав да викам на цел глас за да ме слушне некој што ќе ме куртули од бељата. Ни пиле да помине, ни па другарите со кучињата да стигнат. Волците почнаа да колат. Овците паѓаа како детелина на косење. Кај најде татко да го врзе Карчота баш некни. За да не одел по кучки! Солзи ми потекоа кога ја видов калешка како паѓа цела во крв. Од мала ја одгледав, уште од кога умре мајка и додека ја раѓаше. Меот и го растргнуваа и крвта и ја локаа гладните волци. Снеможев од викање и кога веќе се помирив со судбината, од далеку гледам како трча Карчо накај мене и крвавото стадо. Како сетил дека барам помош, не знам. Ме фати жал и за него - ќе го растргнат волците, многу се. Да беше еден, пак некако. Додека беше помлад, еден волк сам имаше удавено. Кога кучето стигна, само занемев и почнав да го гледам мегданот без да земам воздух. Ми се чини дека се беше застанато, целата слика како да беше замрзната.
Карчо ја дигна опашката, се накостреши за да изгледа поголем и во еден брз миг се нафрли врз најблискиот волк кој беше доста крупен. Го фати за половината, го стегна силно, па откако му се вдаде за врат, попатно го докачи за увото. По неколку тресења за вратот, волкот престана да диши. Не чекаше ни за миг, веднаш рипна на еден поситен волк. Е тука запна работата. Овој беше многу брз, така што веднаш се закачи на Карчовиот врат и почна цврсто да држи. Караманот, чекајќи погоден момент, кога волкот малку како да го попушти стегањето, користејќи ги сите нозе, се одби ненадејно со сета сила и, откако го грабна волкот за чурило, почна да го влече кај што сака по мегданот. По подолго држење, волкот доста искрвави и кога веќе одвај се држеше на нозе, кучето го фати за врат и го задави. Така заморен, караманот си ја продолжи работата: потклекна многу вешто како секој искусен борец кога на него тргна еден млад но строен волк и, откако волкот падна невешто врз трњето, Карчо гризаше каде што ќе стигне. На помош дојде и другиот волк. Дури тогаш песот беше речиси совладан и тоа за кратко време. Го гризаа за нозете, за вратот, за ушите. Кучето беше беспомошно. Се чинеше како да се предава. Ама го познав јас мојот пес оти сака да направи некој марифетлук. Штом така го згрчува телото и ги собира нозете кон себе, знаев дека ќе се превртува како сукало за да ги тргне острите вилици од себеси. Така направи и пред две години кога го совлада големиот карабаш на еден овчар од Кичево што сезонски го имаше таксано бачилото недалеку од овде. Тој збунувачки трик беше малку чуден, но ако успешно го изведе сега- ќе се спаси. Наеднаш како да му зовре крвта, чудно го изобличи ликот, дали од болки или од некја чудна сила што извира во секој што се надева и на најмалата надеж. Како да го гледав пред себе Болен Дојчин како со последни сили ги совладува сите што ја сквернават честа на убавата Ангелина. Почнав да викам како улав за да им го одвлечам вниманието на волците. Сакав да му порачам на другарот мој дека не е сам, дека тука е тој што го одгледал од кутре, тој што го хранел и што спиел крај него до топлиот вршник од кој лазеше убавата миризба на зелникот. Тие миговни сеќавања, кои не знам зошто баш сега ми се јавија в глава, како да допреа до него и како да му дадоа дополнителна сила. Неочекувано го направи тоа брзо вртење, рипна, се исправи на нозе и го фати младиот волк за врат, додека другиот во паника се нафрли и гризаше без контрола кај ќе стигне. Падна и третиот волк. Карчо знаеше дека во себеси веќе нема доволно сила и затоа без двоумење го зграби последниот волк за черепот и почна да стиска. Не знам каква храброст ми дојде, рипнав од дрвото и со една мотка почнав да го удирам волкот силно по грб. Карчо веднаш го префрли зафатот - сега врз вратот на волкот. Зграбениот врат почна силно да го тресе со своите последни сили, се додека не го задави и последниот волк.
Откако битката заврши, кучето легна да одмори. Сувите бусови од мајчина душица се натопија со црвена јуначка крв. Почнав да му ја запирам. Од каде побрзо- од градите, од главата, од нозете... За половина час Карчо почина. Почнав да рикам од плачење. Дури тогаш доаѓаа стадата на другарите кои, кога слушнаа плачење, дотрчаа со сета сила. Одвај ме смирија и кога, гледајќи ги мртвите волци, почнаа да прашуваат што се случило, почнав неповрзано и со занес да раскажувам.
Карчо го закопавме до дрвото и дури пред стемнување си отидовме дома. Ноќта сигурно дошле самовилите за да го одведат кај боговите мојот караман зашто само јунаци можат да стапнат во бескрајната вечност. Кога по триесет години за првпат дојдов во татковината и кога отидов да ги посетам гробот на караманот и крушката спасителка, тоа место беше преполно со викенд-куќи и воопшто не личеше како некогаш".
 
Од Шарпланинец има бегано цела глутница волци, сам ги има бркано преку рид кога тргнал овчарот помислил дека е готов затоа што не можел да види што се случува долу ама се изненадил многу кога веќе на наредната височинка видел како 4-5 волци буквално бегале од шарпланинецот. Негово мислење е дека многу бил храбар затоа се исплашиле од него.

Реално да од тоа се имаат исплашено,инаку тешко многу тешко може со волк.Башка офчарите имаат и остри шилци нанадвор на околувратникот што му дава огромна предност во однос на волкот.Најчесто стадата ги чуваат повеќе кучиња и напаѓаат заедно.

--- надополнето ---

Шарпланинец со педигре и добро ранет и чуван може и мечка да собори а не волк :)

Мечката ќе се исплаши кога ќе види во педигрето дека неговите родители имаат бис на некое шоу во Србија? :)

Нема врска педигре,шарко од планина и шарко од урбана средина се две различни кучиња.Како може Шарко со муцка висната како Бернандинец да ми се спротистави на волк.Ќе му ги искорне муцките да бидеме реални.Шарпланинците од планина се многу помоќни од урбаните.Без разлика што се поситни,понеубави и полесни сепак се поим за нашиве.Сум видел како баш таков ист шарпланинец со пократка длака,поситен и послаб кине ланец,значи буквално го кине,додека урбаните се само за исложби.
 
На волк ретки се кучињата што можат да му се спротистават 1 vs 1.Кангали,Азијати може и некој Шарпланинец меѓутоа тешко,многу тешко со волк.
И аргентинска дога може со волк.
Она пуми и диви свињи бута а не волк.
 
И аргентинска дога може со волк.
Она пуми и диви свињи бута а не волк.

Кој бута дива свиња?Сакаш да кажеш една дога може дива свиња да будне? Не биди смешен :D
 
Нема врска педигре,шарко од планина и шарко од урбана средина се две различни кучиња.Како може Шарко со муцка висната како Бернандинец да ми се спротистави на волк.Ќе му ги искорне муцките да бидеме реални.Шарпланинците од планина се многу помоќни од урбаните.Без разлика што се поситни,понеубави и полесни сепак се поим за нашиве.Сум видел како баш таков ист шарпланинец со пократка длака,поситен и послаб кине ланец,значи буквално го кине,додека урбаните се само за исложби.

Па ја брат ти зборам за со чистокрвни шарпланинци што чуваат овци на бачило горе не за некој шарко што го чуваат во стан и веруј сум се уверил дека има разлика во тие чистокрвните и тие што не се прави чистокрвни шарпланинци, шарко од планина не му ја мисли многу одма го напаѓа волкот.
 
Абе вие како да ја немате читано ,,Повик на дивината''. Бак - World Champion in Killing Wolfs :pos: :pos: :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom