Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
се ближи пролет,замесец и пол до два ќе има изложби за кучиња на кои ќе мора да се појави мојот миленик за првпат :D

гледам дека овде има доста што разбираат,па би ве замолил да закачите некое видео со вежби за на изложба како би се потспремил малку

еве го бељаџијата што не му е задоволство да оди кон нога :D

Лео,1 година и 2 месеци
 
Attachments

  • Photo 0318.jpg
    Photo 0318.jpg
    47,8 KB · Прегледи: 20
  • Photo 0321.jpg
    Photo 0321.jpg
    47,1 KB · Прегледи: 20
  • Photo 0326.jpg
    Photo 0326.jpg
    48,7 KB · Прегледи: 19
  • Photo 0329.jpg
    Photo 0329.jpg
    47,4 KB · Прегледи: 19
  • Photo 0330.jpg
    Photo 0330.jpg
    30,6 KB · Прегледи: 19
А таа Аполо од 3 кг е ОК, баш пред некоја недела зедов една вреќичка (пакување од 3 кг) за едно маалско кученце што си го чуваме комшиите пред зграда, и ОК е храната, 279 денари за 3 кг вреќичка (93 денари за 1 кг) и составот е ОК во споредба со цената, 20% месо е сосема ок за 93 денари од килограм.
Зедов од таа Аполо сега ќе му дадам, ама сум сигурен дека ќе ја јаде затоа што јаде се па и ова чудо :icon_lol:.
 
Јас неможев да најдам од Аполо- сува, земав конзервирана едно пакетче како за проба. Ја изеде за 2 секунди. Ќе се обидам да најдам денес сува храна Аполо, само ме интересира само во Кам може да се најде?
 
Па до сега само во кам маркет сум ја видела, ја немам приметено во пет шоповиве...
 
Јас неможев да најдам од Аполо- сува, земав конзервирана едно пакетче како за проба. Ја изеде за 2 секунди. Ќе се обидам да најдам денес сува храна Аполо, само ме интересира само во Кам може да се најде?

Цела конзерва ја изеде???o_O
Од која му зеде од таа со месо од дивеч или со месо од говедско???
 
Цела конзерва ја изеде???o_O
Од која му зеде од таа со месо од дивеч или со месо од говедско???
Мала конзервичка беше со големина на паштета како да кажам... 350мл, мислам. Така да за еден оброк и е доволно :) А досега не сум земала од дивеч, најчесто земам пилешко или говедско (но конзервите ги избегнувам, зошто не ми ги јаде, свежо варено месо подобро е)
 
ротвајлерите дали лаат на непознати кога ке влезат во дворот или па зависи од ротвалјерот вчера ми се случи да влезам во еден двор и ротвалјерот како што лежеше во боксот наеднаш стана и само ме пратеше на секој мој чекор без да трепне,а глас не му слушнав да залае сакам да купам ротвајлер па дали е добар за чувар,значи дали ке лае на непознати кога ке влегуваат
 
Јас неможев да најдам од Аполо- сува, земав конзервирана едно пакетче како за проба. Ја изеде за 2 секунди. Ќе се обидам да најдам денес сува храна Аполо, само ме интересира само во Кам може да се најде?
Мислам само во Кам, не е некоја популарна храна за по пет шопови да ја има. Изгледа еден-двајца кои земаат повеќе пакети наеднаш и му ја трошат залихата од причина што не носат премногу.

Фала.

Колку што причитав овие бараат движење, а овој во стан од 78м2 ќе го умре бе.
Плус баш пред малце праевме муабет дека ќе треба да му ги извади гласните жици пошто пишува дека многу лае а во стан тоа е недозволиво. Дали од тоа би имало последици кај кучето ???
Не верувам дека ќе има некој последици, има доста кој чуваат самоједи во стан. Ако го земеш мало ќе се навикне во станот, проблемот е што треба редовно да го шеташ во два пати во денот и да ти биде јасно дека станот никогаш нема да ти биде комплетно чист. Мене ме скрена од чистење по него и пак не е саглам зачистено, правосмукалката никогаш не е изладена од чистење.
 
ротвајлерите дали лаат на непознати кога ке влезат во дворот или па зависи од ротвалјерот вчера ми се случи да влезам во еден двор и ротвалјерот како што лежеше во боксот наеднаш стана и само ме пратеше на секој мој чекор без да трепне,а глас не му слушнав да залае сакам да купам ротвајлер па дали е добар за чувар,значи дали ке лае на непознати кога ке влегуваат

можеби и како некои шарпланинци, ке те пуштат да влезеш но не излегуваш цел :)

има на форумов ротвајлери ке ти објаснат, ја само една интересна приказна да споделам. Некои што чуваат дома ротвајлери, мирни се и не лаат кога ке дојдат гости, но не смееш да чепнеш ништо од полиците во станот , слики, книги, драгулии, оти отиде раката :D
 
^ Јас мислам дека сепак е до сопственикот, како ќе го научи кучето така ќе се однесува. За разлика од Минимал, јас не сакам глас да слушнам од мојата додека влегува некој кај мене дома или поминува покрај вратата од станот. Затоа секогаш кога се спрема да лае на некој пред врата ја прекорувам да седи мирна. Кај мене вратата не се отвара се додека кучето не ми седи, па макар гостите да стојат пред врата и по 5 мин. :)
 
Нашиот златен ретривер има 2 години. Живее во двор. Проблем е што кога го шетаме кон секое куче што ќе му се доближи се однесува агресивно. Во една прилика тоа личеше на борба меѓу кучиња. Ве молам за совет!
 
Гледав една емисија за сличен проблем кај Цезар, мислам дека го реши со тоа што го зеде кај него и го социјализираше со неговите кучиња заедно шетајќи ги.
Имаше и одредена причина за таа агресивност и негово објаснување, ама навистина не знам дали е апликативно и за твоето куче.
Што знам пробај да ја социјализираш со други кучиња, можеби и е период за парење па и тоа е причина за нејзината агресивност, тогаш стерилизација би било решение. Има и тренери кои би ја обучиле како да се однесува на синџир, па размисли и тоа. Се надевам дека некој поискусен ќе даде и поконкретно решение за проблемов.
 
ротвајлерите дали лаат на непознати кога ке влезат во дворот или па зависи од ротвалјерот вчера ми се случи да влезам во еден двор и ротвалјерот како што лежеше во боксот наеднаш стана и само ме пратеше на секој мој чекор без да трепне,а глас не му слушнав да залае сакам да купам ротвајлер па дали е добар за чувар,значи дали ке лае на непознати кога ке влегуваат

Па, знаеш, постои една добра изрека за ротвајлерот, ти ќе влезеш внатре без проблем, но прашањето е дали воопшто ќе излезеш ;) Не се лаачи, воопшто не испуштаат глас, а тоа е нешто што секого би требало да го загрижува доколку не го познава кучето. Не џабе е речено, не плаши се од куче што лае туку од тоа што не лае.

Јас конкретно со мојава лепотица имав едно слично искуство, кога за прв пат покажа територијалност и одбрана на истата територија. Јас на работа, ја праќам една другарка да отиде до кај мене дома да земе нешто, и давам клуч поштено, не се замарам со кучево, знам дека е мирно НО- она си влегла кај мене поштено, си земала што имаше да земе, ама ете ти проблем- кучкава седнува пред влезна врата и не ја пушта да искочи! Другаркава пробува да се допре до квака, кучкава рже и ја гледа дирекно у очи. Ми се јавува девојчево и ми кажува што се случува, мене не ми се верува! И викам седи, не праи чекор напред да не напраиме глупост, и душичка она, не можеше да искочи од кај мене дома дур ја да се вратам од работа.
Ротвајлер нема да ти лае кога ќе влезеш, но реалноста е тоа што нема да те пушти да искочиш надвор, останатото е на тебе;)

И само да се надополнам, ако немаш претходно искуство со минимум 5 кучиња- не си човек кој што треба да чува ротвајлер. Они се доста специфична раса, во грешни раце на неискусни лесно можат да постанат машини за убивање, што реално може да ти направи доста проблеми во живот. Тоа се кучиња кои можат да постигнат и маса од 70 кг. па сега види ти дал можеш да се носиш со тие мускули. Не станува збор за физичка сила на сопственикот- спротивно, мораш да бидеш доста спремен психички. Ова не е куче што јас би го препорачала на секого. Најгрешната проценка што ја прават луѓево кога ќе ме видат со мојава е... леле они се перфектни и јас ќе си земам ротвајлер! НЕЕЕЕ!!!! Тоа е мојата реакција.
Колку само сум вложила во себе и во нејзе да ја направам ова што е денес само јас си знам. Така да, размисли уште еднаш дали е ова раса за тебе или не.
А за чувари, немаш потреба у опште на никаков тренинг. Они си се професионалци за тоа и си го носат во ген. Тие ти се кучиња што не покажуваат страв пред ништо и ништо не може да ги предомисли ако они се решени за напад. Прекрасни чувари, прекрасно друштво за секого што знае како треба со овие кучиња. Не се премногу активна раса, но тоа не значи дека не можат да ја издржат секоја можна активност што ќе му ја зададете. Обавезно тренинг од најмала возраст, ако сакате да го видете најдоброто од нив.

Нашиот златен ретривер има 2 години. Живее во двор. Проблем е што кога го шетаме кон секое куче што ќе му се доближи се однесува агресивно. Во една прилика тоа личеше на борба меѓу кучиња. Ве молам за совет!

Како стоиш со алфа статусот?
Тоа ти е единствено решение- ништо друго.
Јас конкретно го имав овој проблем, само зафрканцијата кај мене е што проблемов го имав со ротвајлер а не со ретривер. Се зависи од тоа како ти реагираш на одредени ситуации. Ништо друго. Користи маска, пуштај го со маска во глутница од кучиња, најмала одлика на агресивност корегирај. Нека свати дека ти ја имаш контролата. Проблемот ќе исчезне преку ноќ. Јас пробав и со тренери, сите кренаа раце од неа, на сите им беше страв да работата со неа, али јас сама си го решив проблемот. Неколку корекции и тоа беше тоа.
Ако ти треба конкретна помош - секогаш сум тука да помогнам ;)

^ Јас мислам дека сепак е до сопственикот, како ќе го научи кучето така ќе се однесува. За разлика од Минимал, јас не сакам глас да слушнам од мојата додека влегува некој кај мене дома или поминува покрај вратата од станот. Затоа секогаш кога се спрема да лае на некој пред врата ја прекорувам да седи мирна. Кај мене вратата не се отвара се додека кучето не ми седи, па макар гостите да стојат пред врата и по 5 мин. :)

У право си, све зависи од сопственикот, но понекогаш најголема улога игра расата на кучето. Повторно ќе напоменам, ротвајлерите не се лаачи, ако они залаат тоа значи си ја поминал крајната граница и веќе нема назад... за жал....
 
spored ova sto go kaza ivana sega za sega ne sum jas za vakvo kuce :)
kaj mene vo dvorot idat mnogu lugje vo tekot na denot i mene mi trebe kuce sto ke zalae na covek da mi dade znak deka dosol nekoj covek,barem sega za sega nema da mi vrse nikakva uloga rotvajlerot
aren mi e sarplaninecot :D
 
Ако сакаш куче чувар што ќе лае на секој што ќе се приближи до вратата од дворот, тогаш Германскиот овчар е одличен избор.

И да додадам, Ивана погоре прекрасно ја опиша расата Ротвајлер.
Ротвајлерот не е куче за секого, и најтрагично е почетник кој што нема никакво искуство со кучиња да земе Ротвајлер.
За оваа раса е потребна цврста рака и големо искуство со кучиња.
Ротвајлерот секогаш ќе сака да ја предизвика Алфата и да го завземе статусот на Алфа, и затоа е потребно искусен сопственик за да знае како правилно да реагира во вакви ситуации, бидејќи ако не го корегираш кучето уште при првиот обид да стане Алфа, е тогаш си наебал, ако му дозволиш на кучето да стане Алфа тогаш ти нема спас.

Нашиот златен ретривер има 2 години. Живее во двор. Проблем е што кога го шетаме кон секое куче што ќе му се доближи се однесува агресивно. Во една прилика тоа личеше на борба меѓу кучиња. Ве молам за совет!

Златниот ретривер е друштвено куче и многу поубаво се осеќа кога е во друштво со луѓе отколку да седи сам во двор.
Можеби досадно му е сам во дворот па кога го шетате неговата фрустрација ја истура врз другите кучиња.

А исто така многу важен детал е и социјализацијата.
Дали како мало сте го дружеле со други кучиња ?
Бидејќи најголемата грешка кај луѓето што ги чуваат кучињата во двор, е што не ги шетаат редовно.
Познавам многу луѓе што чуваат кучиња во двор и што не ги шетаат редовно, ги шетаат само еднаш неделно по пола саат, а образложението им е дека немало потреба од шетање бидејќи нужда си вршело кучето во двор :facepalm:
Тоа е многу погрешно!
И покрај тоа што кучето живее во двор, потребни се секојдневни прошетки за да кучето убаво се истрча и за да комуницира со други кучиња.

И мора да знаеш да читаш кучешки сигнали.
Кучињата кумуницираат преку говорот на телото, и ако знаеш да ги читаш сигналите што ги испраќа кучето преку говорот на телото, многу полесно ќе ти биде да му ги откриеш намерите и многу полесно ќе кумуницираш со кучето.

Дали вашиот Златен ретривер уште кога ќе го здогледа кучето на далечина, почнува да р'жи во себе и да покажува знаци на нервоза и агресивност, или агресивноста ја покажува кога ќе му се доближи другото куче ?
И најчесто на кои кучиња реагира агресивно ? На мажјаци или на жанки ?

Јас неможев да најдам од Аполо- сува, земав конзервирана едно пакетче како за проба. Ја изеде за 2 секунди. Ќе се обидам да најдам денес сува храна Аполо, само ме интересира само во Кам може да се најде?

Јас Аполо само во КАМ ја имам видено, а вака по Пет шопови не сум ја приметила.

И добро е што конзервите ги даваш ретко, бидејќи се со многу слаб состав.
Содржат само 4% месо, а вака кога ќе ја отвориш си мислиш леле што убаво месо, а уствари месо практично и нема, отвараш конзерва со месо а во неа нема М од месо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom