постојат ли 2 вида на лабрадори ? не на златен ретривер и лабрадор,туку лабрадор 2 вида...амерички и не знам каков ?
И Лабрадорот спаѓа во
групата на Ретривери ... целосното име на расата е Лабрадор Ретривер

Има вкупно 6 видови на Ретривери, но во Македонија се застапени само 2 вида на Ретривери ... Златен Ретривер и Лабрадор Ретривер.
Но кај нас 90% од луѓето немаат појма дека Лабрадорот спаѓа во групата на Ретривери.
Па така да најчесто луѓето Лабрадор Ретриверот го нарекуваат само Лабрадор (или тој со кратката длака), а Златниот Ретривер го нарекуваат само Ретривер (или тој со долгата длака).
А 6-те видови на Ретривери се: (ќе ги ставам во линкови)
1)
Golden Retriever
2)
Labrador Retriever
3)
Flat Coated Retriever
4)
Curly Coated Retriever
5)
Chesapeake Bay Retriever
6)
Nova Scotia Duck Tolling Retriever
Здраво Другарчина

. Одамна немам поставено прашање,но ве следам

.Можеби има некаде одговор на моево прашање,но неможам да најдам.Моето прашање е следно-После колку време несмее да се капи куче кога ке му се стави ампула против крлежи.Сега е време и кучето почнува да се митари и сакам да го искапам.Ампулата ја ставивме на 06.06.-пред 10 дена.Колку трае дејството,колку време е сигурно(?) дека нема да се закачат крлежи или други бубачки.

. Благодарам , Поздрав
2 дена, односно 48 часа,
пред и по ставањето на ампулата, кучето несмее да биде во контакт со вода.
Кожата треба да биде потполно сувa, за да ампулата добро се впие во кожата, и за да дејството на ампулата биде ефикасно.
Незнам која ампула ја користиш, но моментално во Македонија најквалитетна ампула ти е
Advantix од компанијата Bayer.
Разликата е во тоа што останатите ампули што ги има на Македонскиот пазар, на пример Фронтлајн, Протектор, Фиприс и др. овие ампули штитат само од крлежи и болви.
А заразлика од нив, Адвантиксот освен од крлажи и болви, исто така штити и од многу опсаните инсекти како што се Маларичен комарец и
Песочната мушичка, која што е преносител на опасната болест
Лајшманија ... ова е опасна болест која што кучето може да ја пренесе на човекот ... и за жал веќе има и смртни случаи од Лајшманиоза.
Ефикасноста на Адвантикс ампулата е 1 месец, и е малце поскапа, но во секој случај вреди за сите пари.
Затоа секогаш имајте го ова на ум - „Заштитувајќи го миленикот, се заштитувате и самите себе си“
