Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
https://www.facebook.com/photo.php?v=589149254489742&set=vb.567806243290710&type=2&theater

Ваљда знаете каде да го проследите (пријавите) ова...

Не ја пријавувајте страната, нека постои за да се соберат податоци! Ако некој знае како да го симне клипот супер, нека го симне или кажете ми како ја да го симнам!
 
Додека ти е пуштен клипот на плеј, оди горе кај адресата, избриши го www и замени го со m
значи ќе испадне у формат m.facebook.com/
повторно ќе кликнеш плеј и десен клик на видеото -> save video as
 
Се снајдов, го симнав, страната е веќе тргната, среќа на време симнав све.
 
Neznaev kaj da pisam pa aj tuka :D Da ne znae nekoj dali ima leglo na angliski buldog vo Makedonija ili nekoj sto ima zenka pa da cekam da se porodi :D
 
страната е веќе тргната, среќа на време симнав све.
Не е тргната, барем не сега во 20:50. Го симнав видеото, и ќе го чувам пар денови па ако ви треба кажувајте.
 
Го симнав и ја, и еве им пишувам на фб на "новинариве" ако се решат да напишат нешто во врска со ова дека ќе им се достават материјали.
 
Neznaev kaj da pisam pa aj tuka :D Da ne znae nekoj dali ima leglo na angliski buldog vo Makedonija ili nekoj sto ima zenka pa da cekam da se porodi :D
На ФБ најдов оглас...;)

Angliski Buldog kucenca za prodazba,info 070333391
996985_634461329928227_680844674_n.jpg
 
Ајде сега мене ми треба некој совет,имам самојед 3години има и до сега не сум имал проблем со неговата хигиена.Но купивме дома нов мебел и незнам што му текна на кучево да се качи на фотеља и се подмоча (ваљда обележува тереторија).Еве денеска му е втор пат во последниве 2-3 недели,не сакам да го прскам мебелот со оцет и вода пошто е нов ќе замириса уште полошо.Некој спреј или нешто слично да не се продава во петшоповиве што ќе го иритира па да се трга понастрана и да го одвикне од оваа глупост. ?! (спасете го од стрижење:ROFLMAO: црно му се пишува)
 
Има спрејови во продавниците за миленици, и во Веро дека има...
Само не знам колку се ефикасни...?Би требало да се ефикасни...
 
И тука ќе објавам со цел да прочитаат повеќе луѓе.

Денес се изгуби Доберманот на една моја пријателка во околината на градскиот парк, ако некој случајно види Доберман нека ме исконтактира.
Мажјак е, 7 години стар, се одзива на името Карло, во моментот кога се изгубил не носел на вратот огрлица.

998530_10200197570971323_1132354178_n.jpg

7029_1092450440823_4197942_n.jpg
 
Имам кученце од расата Bichon Frise, старо 2 месеци. Неможев да најдам на форумот за таа раса бидејки има многу страни... ќе може ли некој да ми помогне и да ми каже повеќе за оваа раса на кучиња? :)
 
Што те интересира подетално ?
Еве ќе ти кажам во кратки црти.
Бишон Фриз спаѓа во групата на Бишони, која што се состои од 6 под-видови на Бишони, а Бишон Фриз е тип еден од тие 6 видови.
Бојата на длаката е бела, и е куче со мал раст, тоа е салонска раса и се чува исклучиво во стан.
Карактерот е весел и игрив, и е одлично домашно милениче.
 
Ке ве замолам за совет.Пред 4 дена земав кученце(мешавина од пинч)и проблемот е дека куценцето има 3 месеци и првиот ден кога го земавме нормално се измочка натака-навака по паркетот но утредента земав пелена и тој ден цело време си се мочкаше на пеленката,е третиот ден дојде жената што ни го даде за да му даде апче за глисти и да го види и нормалн оептен и се израдува а откако си отиде си легна и беше тажно.Е сеа проблемот е што тоа се совпадна со тоа што откако си отиде женава освен тагата почна пак да си врши нужда секаде дури и во неговото креветче и во нашиот кревет,нешто што не го правеше ни првиот ден кога немаше пелена и кога мочкаше на паркет.Сега незнам што да правам биејки поради промената на домот веке е прплашено дали во таква состојба уопште смеам да му викнам или поттепнам по газето кога ке се измочка???
 
Пробај викни малце со тек на време ке се научи неможе ништо одма...нормално е на почеток да имаш такви проблеми (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom