Кругот се врти?

Значи дали сте се нашле во ваква ситуација...давате корпа па после некое време се сецкате и сваќате дека ја свиѓате таа особа...или обратно...ви лупаат корпа после сакаат да се со вас...како реагирате,кој е вашиот одговор?

Ми се има случено да дадам корпа па да се премислам. Се случило подоцна да забележам дека всушност има нешто во дечкото, што мене ми се допаѓа и поради што сакам да сум со него.
Обратно ... незнам ... не ми дале корпа ако не па.:toe::vozbud:
 
Тркалото се врти !

Дали ви се случило да ве сака некоја личност а вие неа не, и по некое време да се случи сосем спротивното вие да ја сакате таа личност а таа вас не. На мене а знам и на повеќе личности им се случува истово така наречено ,,Тркалото се врти,,
 
можи е точно ... мене досега не ми се случила таква работа:toe:
 
Секогаш!
Тоа е некое непишано правило... Мене ми се има случено и е премногу грдо чувство. Кога ќе престане да те бара, да ти се јавува и сите други работи што до тогаш ти биле заморни и папучарски сега одеднаш почнуваат да ти фалат. Се будиш немаш порака за добро утро, поминува денот го нема ни да ти титне... И тогаш ти текнува: Ејјј а бе ја го сакам ама ми отиде возот изгледа:uvo: Па ќе и се исплачеш на некоја другарка... Ќе помине време и се ќе биде ок! :pipi:
 
Најомилена реченица ми е: Помина возот :)))
 
Тркалото се врти, не го прави тоа што не сакаш да ти го прават на тебе, јебем јебем јебачу ко прочита њега чу....и слични реченици ми се некако офтопик:)
Што знам понекогаш се врти тркалото ко што треба, ама некогаш па цел круг кога ќе се сврти се враќа на исто. Значи доаѓаме до една друга реченица која гласи вака
Како и да се вртиш гзот секогаш ќе ти биде позади*


















*Копирајтед бај Серпико, Чебапчилница после фудбал
 
Мене ми се има случено тоа,кога тој ме сакаше јас го некев ама тотално ич.Потоа станавме ептен добрри другари и се доверувавме еден на друг и стигнавме до тоа да му местам и женска и дури тогаш сватив дека почна да ми се допага.Ама вракање назад нема колку и да се каееш тоа минало и така никогаш не му признав и оставив работите да се одвиваат онака како што беа.
 
Се врти итоа како. Го имам осетено на мој грб. Ја „откачив“ кога ме сакаше многу поради безвеза причини. и после неколку години сеуште ми текнува на тоа. И не така одамна ми се врати тоа. Истото ми го направи. Ама јебига округло е тркалото и тоа му е работа. Се се враќа и живот иде даље:smir:
 
мене ми се нема десено да ме сака некоја,јас да не ја сакам па после да ја засакам,е ајде де циркузи.Мислам дека ова може да му се деси на тој што незнае што сака и уште не се познава самиот себеси.
 
мене ми се нема десено да ме сака некоја,јас да не ја сакам па после да ја засакам,е ајде де циркузи.Мислам дека ова може да му се деси на тој што незнае што сака и уште не се познава самиот себеси.

Е па извини ама колку и да се познаваш себе си и да знаеш кон што целиш во животот кога се чувства во прашање не си моќен ама ни најмалку, неможеш сам да одредиш е оваа ќе ми се допаѓа, оваа никогаш нема шанси да ја засакам и слично. Едно се чувствата друго е разумот :smir::smir::smir:
 
“Кругот се врти“... Не го имам баш на љубовен план осетено кругот :)

Не ја сакам реченицава. Луѓето ја употребуваат не затоа што е факт и вистинита, туку зошто така полесно ги прифаќаат работите.

Да, сите работи се менуваат, се е минливо, ама не чини да се будиме и да заспиваме со помислата дека за нас тажните, несреќните, обесправени Калимеровци еден ден ќе се сврти кругот и ќе бидеме најсреќни на светот. Зошто среќата, разбирливо, не паѓа од небо. Ако сакаме да се сврти кругот, треба да го завртиме сами, а не да чекаме на него :)

Или во обратната ситуација: ако сме биле “горе“ и “кругот не свртел долу“, ќе го прифатиме поразот со дотичната реченица, што можеби е утешно, ама сепак глупо. Ние сме си виновни за се` што ни се случува, и не постои никаков круг што ни крои судбина.

“Кругот се врти“... Употребувајте го строго за сеирџиство, никако по своја глава :)
 
И шо ако се сврти кругот, пак ке дојде на сегашната позиција значи. Треба да измислат нешто као, полукруг нешто така. :)))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom