Vartolu
The Infamous Mobb
Значи, ако одиме по таа логика, што велиш ние да му се вратиме во Индија, да му го бараме Њу Делхи на Индијците, бидејќи Александар Македонски порано го освоил, ако не пак? Или Александрија, дури и неговото име го носи? Значи остај ти историја пред векови помината. Гледај сегашна состојба, инаку кај ќе му биди крајот на секоја земја ако почни да гледа од создавањето до денес?Прво, не е безбедносен ризик освен ако не мислиш на тоа дека имаат мигранти од таму. Второ Јужна Америка освен што е географски блиска до Америка, не е ни од блиску по значење ко Украина за Русија. Русија е оформена во Киев и Киевска Русија била бастионот на Русија кога Монголите им убиле скоро милион луѓе во период на монголските инвазии. Безбедносен ризик од типот на Украина ќе беше ако Русија сакаше да ја снабди Канада со паметни ракети со долг опсег да речеме. Тука Кинезите дали сакале да купуваат нафта или не знам што друго сакале, знаеме само дека имало средби. Само не сум сигурен дали знаеш ама Кинезите се најголеми странски купувачи на земја и на амерички обврзници во САД? Кина е веќе длабоко навлезена во САД, па ако сакале да им лимитираат влијание, ќе почнеле од својот двор. Мурика сака нафта и rare earth minerals и Трамп не го крие тоа и нема ни да го крие и кога ќе дојде Гренланд на ред. Ако некогаш дојде до директен судир меѓу две големи сили, мојот тип е дека Кина ќе ја нападне Америка, и тоа нема да биде преку 3 ти страни или прокси војни, туку директно ќе ги зарокаат, ко Јапанците на Перл Харбор.
Бугарија на Аспарух не е основана во Македонија, дури и дискутабилно е дали такви Бугари некогаш и стапнале тука. Самиот назив Бугарин е дискутабилен и не ни означува националност туку е егзоним даден од страна на Византија на словенско население кое живеело во Македонија. Подоцна, со падот на Самоиловото Царство и делењето на Византија на теми, овој дел станал тема Бугарија и целото население, без разлика на род или накционалност било наречено Бугари или Вулгарос што у превод значи сељаци или прост народ на грчки/латински. А Самоил 200 години по неговата смрт го напраиле Бугарин. Така да правење паралели меѓу Украина и Македонија може да биде само бугарска пропаганда.
Сигурен си за Естонија и Латвија?
Прегледај го приврзокот 465877
А јас лично дома имам родител кој во прва половина на 90 ти, во времето на Јелцин, во период од некои 4 години претстојуваше работно, што во источна Украина (Доњецк), што во Русија. Ова се негови зборови - "тие од Доњецк се сметаат за Руси и ги мразат крвнички другите Украинци и ги нарекуваат нацисти"
За Латвија и Естонија, зборувам хипотетички ако сакаат САД да инсталираат интерконтинентални ракети, можат да ги инсталираат и во Латвија и во Естонија, не е само Украина соседна земја на Русија. Цела Русија е обиколена од сојузници на Америка, така да имаат доста опции доколку му е таа целта. Ама како што рековме, изговори може да се најдат колку сакаш за почеток на војна.
Јапонија има купено повеќе обврзници од Кина во Америка, а да не го споменуваме моќта на капиталот на Америчките компании кои работат, вработуваат и произведуваат во Кина. Така да не е се црно бело.



? Pa ima li posmesna teorija. Go spakuvaa kako kuce u 4 saat sabajle so vrzani oci, kakov crn dogovor za predvanje vlast gleas tuka.