Кратово - Историски град кој прераснува во туристичка атракција

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
СРЕДНОВЕКОВНИ КУЛИ И МОСТОВИ, Кратово
Напишано од popara на 11 јануари, 2012 во викенд - Нема коментари
f754ru90.jpg
Како населба, наречена КРАТИСКАРА, градот Кратово егзистирал уште во римско време, најмногу благодарение на рударското богатство од околината .Во време на византиското царство тој бил познат под називот КОРИТОН. За него се вели дека во 11-13 век бил важен трговски центар особено на предмети од злато, сребро и бакар.Кон крајот на 13 век кога градот потпаднал под власт на српските деспоти (феудалци) биле доведени искусни рудари Саси за да ги обноват богатите рударски окна. Рудното богатство е една од главните причини Кратово многу брзо да потпадне под Османлиска власт (1390 год.). За време на Османлиите продолжило копањето руда и изработката не само на предмети од злато и сребро туку и на монети. Така на пример познато е дека во средината на 16 век на турските монети исковани во Кратово, покрај ликовите на султаните Сулјеман II и Селим II стоела и буквата К – знак дека парите се ковани во Кратово.
Најкарактеристични објекти, извонредно вклопени во специфичната градска архитектура и необичната конфигурација на карпестиот простор од вулканско потекло, се неколкуте кули. Од 12 кули денес се сочувани само 6, и тоа: Симиќева, Еминбегова, Хаџикостова, Златкова, Крстева и Саат кула.
Се претпоставува дека кулите биле градени уште пред доаѓањето на Туците, служејќи им на поимотните граѓани истовремено и за живеење и за одбрана од арамии кои често ги напаѓале заради богатите извори на руда. Ѕидани се од камен и малтер, со мал број и многу тесни прозорци во форма на пушкарници и железни или опковани со железо дрвени врати во приземјето .. Внатрешноста е поделена на најмалку два ката: долниот служел обично за магацин а во горниот се живеело.
Од високите камени мостови над Кратовската (Табачка) Река, се сочувани неколку: Радин, Јохчиски, Чаршиски и др. Тие претставуваат камени лакови кои лежат на двата брега на реката. Градени се исклучиво од камен. Скоро исте го зачувале оригиналниот излгед освен Радиниот мост кој во горниот дел бил урнат и му е заменета хоризонталната конструкција.
http://daily.mk/cluster3/06e39b3646.../1088153/srednovekovni-kuli-i-mostovi-kratovo

Убава репортажа за Кратово според мене најубавиот македонски град со многу легенди, историски случки, прикаски, прекрсани мостови и кули, фасцинирачки борови стари преку 700 години, гостопримлив народ, добра ракија и одлична пастрмајлија (Штипската и Велешката може вода да и носат). Град во кој времето застанало и кој на еден многу пријатен начин ве враќа во минатото. Според мене град кој заслужува поголемо туристичко внимание и средства.
 
Луѓе незнам какво е,но летото кога бев тотално се разочарав.
Сакам да кажам дека нитуеден друг град во Македонија не ме потсетува на Турското време колку овој.
Баш сега гледам на сликите на телефонот.Сум бил на 27 август таму.Претпоставувам дека тука на форумов има многу кратовчани.Според мене градот воопшто не е туристичка атракција.Јас колку што можев да забележам имаше само една кула,која тогаш луѓето тврдеа дека за малку ќе паднела.Но во последен момент е спасена со странски и наши донациии.Интересно е што видов и слушнав дека градот порано имал и кино(денес тоа не работи)Пред него е и хотел Силекс(убава градба,претпоставувам изграден за време на бившата СФРЈ)но летото кога правев обиколка низ Кратово хотелот не работеше.Однадвор се приметува дека не е вложено повеќе време во него.Фасадата почнала да се распаѓа итн(навистина штета).Јас незнам дали во моментов тој хотел е отворен или доколку не е дали има друг каде би можело да се преноќи.Тоа ќе треба да ни кажат форумџиите од Кратово.

Значи незнам што би рекле другите,но според мене градот мене искрено не ми се допаѓа.Не се лутам доколку некој мисли поинаку,но јас сметам дека самата географска положба на која што е сместен градот не е добра.

Сепак според мене не е се така лошо.Некаде околу 12 километри пред влезот на градот се наоѓа местото Страцин(многу важно историско место.За време на втората светска војна,се вели дека тука паднале многу жртви и токму тука биле спречена бугарската војска да не навлезе во Македонија):oops: На ова место видов и споменик со жртви од втората светска војна.

Исто така многу битно е да се напомене дека тука значаен објект е и подземниот тунел направен во бившата Ју.Во него според кажувањата можело да се сместат 3 авиона и околу 10 тенка.Тој немав прилика да го посетам,но незнам дали и би можело да се потсети.Најверојатно тоа не е запуштено место,туку според кажувања на некои луѓе во тунелот се стационирани натовци.Сепак како и да е претпоставуам дека е атрактивно место.Интерсно е што кога подоцна стигнав во Кратово,имав прилика да прашам неколку луѓе за подземниот тунел,но многумина не ни знаеја дека постои такво нешто.(n)

Тоа е за местото Страцин(според мене место кое навистина треба да се потсети)бидејќи има што да се види и доживее,особено ако е дозволен влез во подземниот тунел.

Одиме надолу по патот кон градот.

На некаде 7-8 км пред Кратово се скренува лево по едно неасфалитано патче.Тука веќе уште на самиот почеток ќе наидете на Крива река.Она што морам да го напоменам е дека бев премногу изненаден од ова место.Реката е премногу чиста,па најдов време и да се избањам малку.Имав прилика да видам и неколку рака во водата(се разбира дека тоа не треба да ве плаши за да ја посетите,напротив тоа е знак дека водата е чиста)

Но да се вратам на темата.Она што особено ме привлече ова место е макадам патот идеален за возење особено на велосипеди.Од самиот почеток на макадамот патот се движев парарелно со недоизградената пруга кон Бугарија(па возејќи наидов и поминав и покрај неколку атрактивни тунели)Ваков пат има некаде околу 5 до 6 км.Потоа доаѓаме до една мала црквичка која интересено ја има и на гармин мапите:).Немаше име на црквичката но мене на Гармин навигацијата ми ја даде како црква Ргевица.Сепак иако одалачен само околу 5км од главниот пат кој води за Кратово тука веќе имав можност да ја почуствувам природната навидум недопрена убавина.
Значи да продолжам понатаму.Од цркавата која ја споменав претходно има пат за лево и право.Додека одмарав таму приметив дека поминаа неколку коли за право,па затоа се решив да одам лево.Тука навигацијата ми покажуваше дека можам да излезам на патот за Крива Паланка или поточно реката наречена Ветеница.Моментот поминат од црквичката ргевица до излзезот за патот кој води до Крива Паланка ќе ми остане незаборавен дел.Се поминува неколку пати низ реката,па низ песок под дрва и што уште не.Според мене незаборавен адреналин и прекрасен пејсаж. и се тоа така додека да се испадне на патот за Крива Паланка.Откако ќе се испадне може да се вози или пешачи по стариот пат.Најблизок ресторан и место за одмор ми го предложија ресторанот Гиновце кој исто така е одалачен од главниот пат некаде околу 2 км.Исто така и тоа место би го препорачал за посета.

На крај мое мислење е дека не треба воопшто да се инвестира во градот доколку тоа се прави(иако реално јас кога летото го посетив не видов нешто да се гради);)

Мое мислење е дека треба да се инвестира во овие неколку средини кои се пред Кратово бидејќи особено тие се доста атрактивни,Низ овие околу 15 километри кои ги поминав нзи Крива река видов и многу значајни споменици и значајни историски работи.Така сметам дека доколку веќе вложуваат треба да вложуваат во овој делм,а во градот да само да се инвестира во хотели во копи би можеле да преноќат туристите т.е посетителите,бидејќи сега навистина е срамно да се бараат туристи а да се нема каде да се преноќи.Тоа беше се.:)
 
Кекси убава статија си напишал но никако неможам да се сложам дека во Кратово нема што да се види. Почнувајки од Боровите кои се стари неколку века, преку мостовите, кулите, неколкуте цркви, реките, старите калдрми, архитектурата и целокупниот амбиент кој те враќа неколку стотици години наназад, што и сам го имаш спомнато но во негативна конотација.За мене токму тоа е предноста на Кратово кое нуди неверојатен мир и те враќа неколку века наназад. Да не го заборавам и гостопримството и прекрасната пастрмајлија.
Секако се сложувам дека недостатокот на сместувачки капацитет е голем минус.
Додека природната убавина и историските знаменитости на околината се уште еден плус и можност за неколкудневен престој во Кратово. Убаво си опишал неколку места но штета е што не си бил и до Куклиците.
На крај ако имаш некоај фотка од тие места би било убаво да ја споделиш со нас.
 
Да имам неколку,но моментално не ми е тука усб кабелот за да ги ставам во компјутер.Штом го земам ќе постирам секако слики
 
Дефинитивно у Кратово има што да се види... Ама много слабо се инвестира у њега, нема куде да преноќи некој турист ако иде тамо, освен ако нема некој роднине па куде њима.Град е многу убав посебно зимно време, да се прошета да се проба кратовска пастрмајлија, сам амбиент те враќа едно 100 године назад, стари мостови,куле,градбе,калдрме уличке тесни и итн.Имам роднине од тамо и сваку годину иду па такој и знам много работе, млади чим завршив школу одма бегав на страну ретко кој остане у кратово пошто немав работу, и тој малко што га имав не га искористив како што треба.Друго може да се направи туристички град, да се раскажев на људи легенде,преданија,да се прошетав по град да ги се покаже стари мостови,подземни тунели кој су ги повржувале куле у Кратово,стари борови, много убава природа још много други работе.. али лошо е тој што нема кој да инвестира у тој, како што напиша претходно тешко се живи тамо, причина за тој е сам градоначалник, а влада за тој што не инвестирав у тој мало градче кое обеќа много. Друго да напомену до Кратово има много села кој исто такој вреди да се посетив, Шлегово е едно од поубави села, много природа,планина,водопади,тунели и много рудници на време у Шлегово се копало много руда и злато. Такој да вреди да се инвестира у све овој, и вреди да се види али нема кој да га направи тој. Ако ве интересира ќе ви прату слике и ќе напишу јоште и за Кратово и за околни села.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:21 ---
http://cestovani.idnes.cz/makedonsk...-pwx-/igsvet.aspx?c=A120214_120912_igsvet_tom ---Реномираниот чешки весник „Млада Фронта днес“ деновиве објави прекрасна репортажа во која на најдобар начин ги презентира туристичките потенцијали на Кратово, Кокино, со акцент на Долината на куклите во село Куклица. А ЕВЕ И СЛИКИ ОД КРАТОВО ВО ЗИМНО ВРЕМЕ----http://www.facebook.com/photo.php?f...67496281806.2114725.1088035706&type=1&theater
 
Ја ништо не те разбраја. :D
 
Ако ве интересира ќе ви прату слике и ќе напишу јоште и за Кратово и за околни села.

Пишав и погоре сликите се секојпат добродојдени ако се зачинети и со по некое објаснување уште поубаво.
.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom