Крајот на интернетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Не дај боже да се деси да дојде крајот на нетот што ќе праам после не се живи без нет досада убија :)
 
Интересни мислења ... Дебилчиња што дремат на тастатура ако немаат интернет ќе дремат на прозор со двоглед у раце и ќе знаат кој кога што прави у цело маало .... фудбал со маалските ми другарчиња игравме и пред интернетот, играме и сега .... едино што ако ми треба некоја информација ќе мора да си ја пробам среќата во некоја од мизерните ни библиотеки и да се молам тоа што ми треба да го имаат бар у 2 примерока, пошто еден е секогаш изрентан ....

Заклучок --- па да, ќе фали МНОООГУ брзиот пристап до информации
 
Не би можела да издржам, толку многу работи не би можела да правам па така да тешко тоа ќе биде, многу ми е битен интернетот, со да праам.....
 
не би можела да издржам
едноставно сум зависна од интернет:toe:
неколку дена сум немала и нет и едвај издржав мислев ке полудам
па нормално кога ни на тв нема ништо интересно а од искачање и празни муабети ми е здосадено...а на нет секогаш има нешто што може со саати да ми го привлече вниманието
 
Не дај боже да се деси да дојде крајот на нетот што ќе праам после не се живи без нет досада убија :)
Добро бе, има и други работи.. женски ова она..
Иначе ни јас несакам да дојде крајот на интернетот!:nenene::smir:
 
Интернетот го направи светот глобално село, и мислам дека е ептен позитивна работа, бидејќи преку тоа контактираме со луѓе што се 1.000ници километри оддалечени од нас. Е сеа тоа што ги направи луѓето да си седат дома троа повеќе не е негова вина. Инаку никаков интернет нема да ги замени шетањето низ град, одењето во клубови, играњето со другарите, одењето на одмор.

Јас персонално сметам дека интернетот е една од најпозитивните работи што му се десиле на човештвото, така да не би сакал и не ми се верува дека ќе заврши некогаш.
 
Може е и боље и се без интернет ама ајс искрено не можам да го замислам животов без интернет без Кајгана, без ВоВ ооооо ноу веј
 
ако снема нет поарно нека снема и компјутери......:toe::toe:
 
Еј тапа е без интернет
 
неам идеја што би му правела на компјутерот без интернет... или што сум му правела...
јас ко би се прашувала би одредила возрасна граница за користеше нет...
што е ова децава... ни криенка знаат да играат, ни џамлии а богами не знаат ни да се тепаат ко луѓе

и воопшто би одредила дозволена дневна консумација на нет... по цела ноќ залепена на пц не е работа... порано се растурав од читање... додуша не е нетот крив факултетот е...

е сега.. факт е дека јас неморам на секое да се малтретирам до ск да пријавам испит, да видам резултати... и остали ствари...
мн ми е полесно да си најдам тоа што ми треба на нет.. него во библиотека во која или ја нема книгата или од 200 страни фалат 150.
многу поефтино е да се договориш за излагање преку мсн или како и да е него на телефон да заспиеш дур се објасните каде што кога...
башка преку нет имам запознаено мн луѓе кои ми се добри пријатели ( јбг и љубови) кои инаку не би знаела...

ние сепак сме имале некое детство пош интернетот во нашите животи дошол покасно.. јас се прашувам само кога ќе почнат да се раѓаат деца со глувче в рака. сите по нет се бесат од мали.. порано во мојата улица беше полно со деца... топки и ластици летаа од секаде... сега небаре зона на самракот нема никој...
еејјјјј лето во 10 и нешто да нема жива душа по улица...
не сум баш за крајот на интернетот но и не сум за толку масовно користење...
 
Нетот треба да биде бесплатен секаде а не да снема :vozbud:
 
јас не, искрено, не можам да живеам без интернет, дури и не можам нормално да размислувам и мислам дека ако нема интернет ќе полудам
 
Да имам компјутер, а да немам нет малку е глупаво мислам кога немав нет играв игри некој али од кога ми ставија и после немав 3 дена нет ме фати паника малку е глупо да си на комп, а да немаш нет..
 
Абе ние сме генерација родена со интернет и сите тие кул компјутерски направи со ки се занимаваме денес. Ние не сме искусиле година дена без телевизија струја и слично така да за нас е невозможно барем од моја гледна точка да си замислиме како ќе ни биде без интернет. Еве и една комична изјава на мои роднини се рзабира постари за тоа што ако не беше интернетот и телевизијата, како рекламата за мтв со тошо и цацко што беше. Ми икаат абе деца идете водете љубов/секс каква телевизија каков интернет:pos: Па донегде и ми се свиѓа нивната идеја
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom