Крајници!

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Нема никаква грешка во мојот пост, кај тебе е грешката друже најдобро ќе биде ти да одиш со крајничарот на контрола ;)
ami sho ti greshiv sega samo ti rekov drushtvo da mu pravish ,,,,,mozhebi prstite od nozete ke go bolat pa da mu pomognesh,,,,,,a jas a jbg kataden visam po ambulanti:(:LOL:
 
ami sho ti greshiv sega samo ti rekov drushtvo da mu pravish ,,,,,mozhebi prstite od nozete ke go bolat pa da mu pomognesh,,,,,,a jas a jbg kataden visam po ambulanti:(:LOL:

not-sure-if-youre-trolling-or-just-stupid.jpg
 
Гуша (грло) - Со ова име се викаат сите болести што се развиваат во грлото. Ако се обични крајници ги викаат грло или гуша; :pos: ако пак е дифтерија ја викаат горно грло, гулемо грло или лошо грло. За болеста на гушата се употребуваат овие лекови: пред се, секое грло се трие, т.е. се притиска и се гмечи со зејтин, а некои зејтинот го мешаат со шпиритус и со тоа трлаат. Кога гушата ќе се истрие, се обложува со толчен кромид и зејтин. Некои толчат и наложуваат и маслинки. Преку летото печат модри патлижани и бамји во пепел и сето тоа го гмечат со зејтин и ја обложуваат гушата. Гушата се обложува уште и со квасец измешан со зејтин. Многумина ја обложуваат гушата со алва - таан алваси. Постарите луѓе наутро пијат ракија и на децата им се дава да јадат небет шикјер (жолт шеќер).

Како најсигурен лек против гуша го сметаат грло дигајне.:eek::pos:
Кога бадемите во гушата (жлездите-крајници) :ROFLMAO: доста порастат и ја затворат гушата тогаш некоја вешта жена ќе го пикне средниот прст во гушата :pos: и ќе притисне и на едната и на другата страна, за да го отвори затвореното и по некој пат и толку за да се скапат бадемите и да потече гној и крв. Потоа треба да се испие чаша лута ракија. Некои жени пред да го пикнат прстот во гушата налепуваат на прстото чиста пепел за да не се лизгаат бадемите под прстот. Многумина грицкаат нишадор или пак го толчат во прашак и низ цевка на болниот му го дуваат во грлото.- Некои ја мачкаат гушата со сабор, а ја тријат со зејтин. - Некои варат трева лапух и ја обложуваат гушата, а некои ја обложуваат гушата со енгинарово лисје откако ќе го истолчат.

се ваљам од смеење:pos::pos:
 
Син ми е 10 години. На 24.04 2012(вчера) ги извадиме сите три крајника во Велес во општа болница. Плативме 1250 ден. за операцијата и за мене плус уште 300 денари. Не ни побараа ни 5 дени повеке,како што некои пишуваа погоре дека во други болници им барале. Го оперираа во 9 часот наутро, опреацијата траеше 10 мин. со целосна анестезија. Два часа имавме проблеми да го држиме буден и да плука да не ја голта крвта. Потоа почнаа да му даваат чај од камилица и вечерта ладно млеко. Денес сме дома, не пуштија во 9 часот. Има болка при голтањето но му поминува со почестото пиење на течности.Треба да јаде само кашеста храна и една недела да не излегува од дома и да не се дружи со луѓе кои се болни. До сега требаше порано да ги одстраниме бидејки болни му сметаа во дишењето, докторот рече сметале и на стерилитетот, срцето, а кај него толку многу загноиле што можело да дојде и до труење. Од искуство значи, кој има проблеми со загноени крајници нека ги одстрани, болката е ден- два, но се исплатува за понатамошен здрав живот. Поздрав.....
 
Ако почнуват да болат крајниците подобро веднаш операција оти нема лек од крајниците ке почне да ве болат ушите главата, така да подобро операција брзо лесно секако за помалите полесно е побрзо ке задраве раната и ке може полсе инфузијата да јадат за 4-5 дена без проблем, додека кај повозрасните малку е проблем и ке треба на инфузија неколку денови......

После операцијата ако сакате да заздравите побрзо тие чајевите да ги пиете редовно ви кажувам од искуство Поздрав!
 
Следнава недела ги вадам крајнициве, се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Веќе година ипол се мачам со крајници ептен, не смеам ладно и газирано во никој случај да пијам, веднаш ми се подувуваат крајници и проблеми колку сакаш, ме дупат со инекции цела недела, сега се решив за дефитивно идам и ги вадам, доста ми помогнаа вашиве искуства овде споделени.
 
Помина една недела откако правев операција, и пијам ладно ко вол сега, неам гајле. Најверојатно после четврток ќе се вратам во цивилизација.
Иначе, за сите што се двоумите околу зафатов а имате проблеми, ви препорачувам топло да се оперрирате, оти е рутинска операција, и ништо нити ќе видиш, нити ќе осетиш, ќе имаш после тоа една недела болки дур едеш и пиеш, али со јогурт, пире и бисквите во млеко ќе преживееш.

Ај ако може некој да ми каже колку чини вадењето на крајници???
Немора точна цифра него приближно на Пр.од 200 до 500евра или појќе или помалце???
Мене се ме чинеше 2540 денари. Државна болница, со се легање и храна во болница.
 
Дечки јас треба да идам под нож нареднава недела или другата - требаше во вторникот да завршам работа али нашите мили доктори штрајкуваат нели..... инаку ради крајници јас имам константо стрепткокно воспаление, поради шо фатив и реуматска треска така да шо порано одете на ОРЛ толку подобро :) за искуство после операцијата :)
 
овде може да дискутираме за крајниците во грлото.
ме болат 2 дена некој лек освен вадење да ми каже некој?:smir:
За сите оние кои што имаат проблем со крајниците:
Ако имате хронична гнојна ангина и често страдате од нив тогаш ќе си направите голема услуга ако ги отстраните не само ради болки во грлото и температура туку заради избегнување на следните компликации:
1. Бубрежни проблеми - често пациентите со гнојна ангина имаат и болки во бубрезите - акутен гломерулонефритис кој понатаму може да создаде и услови за појава на калкулуси - песок и камчиња..
2. Срцеви проблеми - Ендокардитис како и перикардитис,ревматска треска итн..
3. Спуштање на инфекцијата од грло во бели дробови - пневмонии.
И многу други - да не ги набројувам али овие три се најчесто забележани кај пациенти кои имаат долгогодишни хронични проблеми со гнојна ангина и воспалување на крајниците..
 
Дечки наредната среда имам закажано за операција на крајници, па ако имате некакво искуство може ли да ми ги кажете вашите искуства, колку време бевте во болница, крвавевте ли после тоа, колку време бевте на кашеста храна и сл? Фала ви :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom