Косовската гран. полиција ја презеде од КФОР контролата врз границата со Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата праведен
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Граничната полиција на Косово ја презеде од КФОР контролата на границата со Македонија, објавија денеска приштинските медиуми.

kosovozname_11464.jpg
- Припадници на косовската гранична полиција од денеска самостојно ќе патролираат на границата со Македонија. Значителниот напредок е резултат на минатогодишниот договор постигнат со косовската гранична полиција, наведуваат медиумите во Приштина.
Се очекува следниот чекор да биде синхронизација на работата на косовската и македонската гранична полиција.
---shpk4.JPG
 
Значи границава ќе биде дај кило дрога да ти дадам две украинки. Мање више.
 
Кој ја чува границата меѓу Косово и Македонија од косовска страна. Повикувајќи се на напис од војнички билтен на американска единица во составот на КФОР, медиумите во Приштина објавија дека од денеска за нивната јужна граница се грижи и ја обезбедува косовската гранична полиција.

КФОР ја завршил мисијата и ја предал задачата на косовските полицајци- пишува наредник Хагбурк во својата репортажа. Информациите ги негираа од косовската полиција

„Може да кажам дека косовската полиција не ја презела зелената линија за одговорност на границата. Ниту кон Македонија ниту кон било која друга соседна земја. Оваа информација за која зборуваме не е точна. Но точно е дека косовската полиција работи заедно и понекогаш има заеднички патроли со КФОР. Обезбедувањето на границата се уште е во рацете на КФОР.“
- изјави за Канал 5 портпаролот на Косовската полиција, капетан Баки Кељани.

Ниту во македонското МВР и граничната полиција не знаеја за операцијата која е планирана но се уште е далеку од реализација на терен. Кога границата ќе биде преземена од косовските власти, треба да има заеднички патроли на двете гранични полиции.

Според нив косовската полиција првин ќе ја преземе границата кон Албанија, па потоа останатите. Освен наредникот-репортер КФОР никој друг не ја потврди информацијата.

Миомир Серафиновиќ
http://www.time.mk/read/eed770c716/1d2f4a6397/index.html
 
Аха, значи ги пуштат да потрчат покрај граница за да се порадуваат, добро е подобро тоа од колку ништо.:toe:
 
Аха, значи ги пуштат да потрчат покрај граница за да се порадуваат, добро е подобро тоа од колку ништо.:toe:

И што ако ги пуштат...нивна земја е тоа :helou:
 
Косовската полиција е добро обучена, брои над 9000 припадници , а за тоа дека државата некој друг ја контролира , тоа важи речиси за сите Балкански држави.
 
Косовската полиција е добро обучена, брои над 9000 припадници , а за тоа дека државата некој друг ја контролира , тоа важи речиси за сите Балкански држави.

Точно, но Косово ја надминува и една Босна со специјалниот статус на протекторат на ЕУ/НАТО/САД/ООН. И верувај тоа ќе трае барем едно 30 години.
 
Де де...Кфоровците се дрогираа до бескрај..

Може овие ќе се покажат навистина добро,а може и ќе утнат-времето ќе каже.

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ!!!!

Ова се вика Хермес(и УСА го користи и Сингапур и мн..земји...)
Беспилотно летало за гранична контрола.
hermes450s.jpg

А ова е
uav_harpy_lg.jpg


Беспилотно летало нормално...да уништува радарски системи(значи беспилотно летало самоубиец)
А по порачка
може и да спречува шверц на дрога,оружје бла бла..(турција има вакви,кина..хмм има др држави.)

Тоа е денес модерно и по НАТО стандарди за контрола на граници башка се релативно ефтини а даваат ефект(знаат таму сиријците,либанците:))...дотогаш удвој контрола за секој случај.

Сакаме во ЕУ и НАТО мораме да ги следиме стандардите.
 
Точно, но Косово ја надминува и една Босна со специјалниот статус на протекторат на ЕУ/НАТО/САД/ООН. И верувај тоа ќе трае барем едно 30 години.

Не треба да се нервираш премногу. Овластувањата едно по едно се препуштаат на Косовските институции. Колку години ќе трае само Господ знае.

Не реков не е нивна, нивна си е, ама немаат контрола, друг е газда во нивната куќа:toe:

Кој на пример? Од истерувањето на србите, во Косово до сега се вложени околу 4 милјарди долари а на донаторската конференција по прогласувањето на независноста се обезбедени дополнителни 2 милјарди и земјите кои ги обезбедуваат овие средства ги создадоа и ги унапредуваат косовските институции и ја создаваат косовската државност како и лобираат по светот за нејзиното признавање. Доколку не беа тие „газди“ што ќе беше од Косово. Питер Фејт е еден од најголемите подржувачи на косовската независност.

Тоа е помош а не газда.

Кога ќе има престанок на потребата од помош, таа ќе престане а газдувањето не престанува туку само се менува.
 
Конкретно во случајов ако се покажат Косовските Институции на дело...нормално е времето да биде пократко-ова го знаат политичарите-треба да бидат претпазливи,на крај краеви на никој не му одговараат било какви афери и скандали.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom