Кошарка, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата aLeKsAnDaR-aKi
  • Време на започнување Време на започнување
Литванија не ги потценувајте...Ке видте каков бум ке направат...А и кинезите не се слаби!...Америка дефинитивно нема да освои!

сеа играа пријателска САД и Литванија,ги здрвија 20 разлика,за разлика од другите години не заборавајте дека Коби Брајант игра сеа,со него не губат па што сака нека биде
 
Абе се ми иде на мене дека САД ќе освојат, ама никогаш не се знае.
 
Шпанија, Русија, Хрватска, Кина, грција (за жал), Литванија... тоа се се квалитетни Репрезнетации.
Aма луѓе бе, Крис Пол, Дерон Вилијамс, Џејсон Кид, Коби Брајант, Двејн Вејд, ЛеБрон Џејмс, Крис Бош, Карлос Бузер, Двајт Хауард... овие заедно во ист тим е нешто апсолутно непобедливо во светот на кошарката, довлно е само да немаат лош ден, значи не да имаат добар, туку само да немаат лош ден, R.I.P. to the other teams.
 
Колку кошаркари се потребни да се носи знаме?

Кошаркарските ѕвезди како Јао Минг(Кина), Дирк Новицки(Германија), Андриј Кириленко(Украина), Мануел Џинобили(Аргентина) и Сарунас Јасикевичиус(Литванија) ќе ја имаат можеби најголемата чест во животот на еден спортист, да бидат знаменосци на својата држава на церемонијата на отворање на Игрите. На сите од нив ова им е прв пат да го носат знамето, освен на Јао Минг на кого ова му е втор последовен пат.
Сите горенаведени се почестени што се избрани да го носат знамето на својата држава. Дирк Новицки објави дека со фактот што има толку многу знаменосци-кошаркари, се потврдува теоријата дека НБА а и кошарката како спорт станува се` повеќе популарна, додека Јасикевичиус изјави дека не го очекувал тоа, бил изненаден и дека е тоа голема чест за него.
Уште откако Ванг Либин го носеше знамето во Лос Анџелес, 1984, Кина константно одбира кошаркарска ѕвезда за да биде знаменосец.

 
не знам каде прочитав дека леброн џемјс ќе потпише за олимпијакос во износ од 50 милиони долари. а и коби изјавил исто дека кој било клуб од европа ако му палти 40 милони долари ќе игра за него.

п.с. епа луѓе ајд еда собереме пари да ги земеме една сезона кај нас ако ништо више цел свет ќе не знае. што е за нашат авлада 40 милони долари :helou:
 
Мислам дека годинава Американците ќе освојат.Редно е да се вратат повторно на старите патеки.
 
дефинитивно настан кој ќе го сврти вниманието на цела светска јавност а посебно на сите фанови на кошарката ..ваши ставови,мислења,очекувања,интересни новости...
натпреварите ќе се одржуваат во Wukesong Indoor Stadium во Пекинг со капацитет од 18.000 седишта

- Група А -
Аргентина Австралија Иран Хрватска Русија Литванија
- Група Б -
Шпанија Кина Грција Германија САД Ангола

првите натпревари се играат на 10 август (за точниот распоред.. тука )

Распоредот што е ?По наш саат ли е ?
 
На секој натпревар одземи си 6 часа и ќе добиеш во колку часот ќе се емитува кај нас.
 
На секој натпревар одземи си 6 часа и ќе добиеш во колку часот ќе се емитува кај нас.
Аха сега ми е јасно но сакам да прашам дали на овој линкот за да го видам распоредот,таму е на кинеско или нашо време?На линкот од Александар-Аки.
 
По кинеско се ставени:)
 
Шпанија, Русија, Хрватска, Кина, грција (за жал), Литванија... тоа се се квалитетни Репрезнетации.
Aма луѓе бе, Крис Пол, Дерон Вилијамс, Џејсон Кид, Коби Брајант, Двејн Вејд, ЛеБрон Џејмс, Крис Бош, Карлос Бузер, Двајт Хауард... овие заедно во ист тим е нешто апсолутно непобедливо во светот на кошарката, довлно е само да немаат лош ден, значи не да имаат добар, туку само да немаат лош ден, R.I.P. to the other teams.

Против овај состав на американците и со комбиниран составод сите останати незнам дали ќе можи да се победи. Сепак напред Хрвати и Руси.
 
Против овај состав на американците и со комбиниран составод сите останати незнам дали ќе можи да се победи. Сепак напред Хрвати и Руси.

А плус тоа ги заборавив Кармело Ентони и Тајшон Принс :)
 
Back
На врв Bottom