Корпоративно општество

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljupco Meljata
  • Време на започнување Време на започнување

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Дали сметаме дека некој одлучува за нашата судбина и ни наложува негови правила на игра.

Дали лесно влегуваме во неговата игра без последици за нас
office-worker-suit-briefc-007.jpeg
како здравје ,фамилија и живот.

Медиумите телевизиите и така натака сe оркестрирани во еден правец дали е тоа правиот мотив или лажен.

Прави пари на брзина и сонувај за некој супер живот што се случува кој е тој што соли памет.

интересна тема

Career-Woman-300x300.jpg

Кој губи а кој добива кој ловец а кој мамец

Еве ако имате време ќе го чуете Трендо какви проблем имал со ОнНет на времето

 
sekoja edna epoha si imala razlicno vlijanie na covestvoto nekogas feudalizmot znacel ropstvo taka da i ova e eden vid na toa samo vo ponasminkan oblik.

Денешново општество/систем претставува поголемо ропство и од вистинските ропства на времето, само што ова денешно ропство е модерно и бајаги нашминкано !
На пр. имаш држава, во таа држава 200/300 луѓе ја држат целата економија и банкарскиот систем, така да они се главни, а политичарите(сите) се само обични и привремени пиончиња, а пак ние обичните граѓани сме најситна боранија, но сепак нели уживаме ’’демократија‘‘, ако некој од оние горе се посере, ние имаме право да му го помирисаме го*ното и да дадеме оценка дали смрди многу или малку т.е. уживаме ’’демократија‘‘можеме слободно да си го кажеме сопственото мислење !
Нормален живот во денешново општество е невозможен, бидејќи од една страна мораш максимално да се трудиш да учиш, да работиш... но од друга страна пак како резултат на тоа постепено го запоставуваш и го губиш семејството, а се губиш и запоставуваш и самиот себеси !
Не е животот се во работата/бизнисот/приходите, потребно е секој човек да поминува и време со блиското семејство, а и да си одвои време за самиот себе, бидејќи трчајќи по парите и успехот, ќе го изгубиш и здравјето и пријателствата и семејството !
Порано во претходниот систем, па и пред тоа, луѓето иако и тогаш не било најсјајно, сепак живееле побезгрижно и помонотоно(поскромно), а денеска животот е доста брз, динамичен, стресен, проблематичен, немаш доволно време за се и трчајќи и борејќи се за едно(работа/пари/успех) губиш друго(здравје, пријателства, семејство...) !
 
Живееме во кафез со златни решетки. Токму тоа е и целта, задоволни робови, кои колку и да немаат во споредба со некои, сепак имаат некаква удобност. Економска зависност и зголемена потреба за конзумеризам...
 
Факт е дека парите гарантираат поквалитетен и покомфорен живот.
Желбата за моќ и контролирање, доминантност над останатите резултира како производ на медиумите, како ги величат богатите и успешни фаци на кои уште во позадина на нивните интервјуа турскиот марш како поддршка да го уклучат и бомбастично ќе изгледа. Односно сиромаштијата, неуспехот преку плакот, револт и незадоволство на кое емотивно сме тажни, згрозени и прекриени со страф да не дојдеме во таа состојба имено во позадина на нивните апели за помош, фрустрација, молба да рецитираат дела на Кочо Рацин (Ленка), или т'га за југ од Константин Миладинов меланхонично би го доживувале.
Не сакам да ја споменувам ситуацијата конкретно во нашата држава, меѓутоа ќе кажам и желбата за посветување на работата не ти гарантира никаков успех или богатство, шансите се премали да се стекнеш со истите без разлика колку си трудољубив, интелегентен, образован и пренатрупан со идеи.
Америка = земја на избор и можности.
Македонија = земја без избор и можности.
 
Ова што некои го прават и што е најлошо, што се рекламира, не е ништо друго туку „ златно теле “.
И сега, а и порано, секогаш имало луѓе кои се бореле за општи човечки вредности.
 
Полека но сигурно човекот се освестува, време е да ја почувствуваат тие 2% во светот што управуваат, силата на незадоволниот народ.
Ако овците станат волци, овчарот прв ке иде курбан.
Видеото со Трендо не се отвара.
Според мене најкриви се програмите на медиумите. Заприметете само што све се пишува во весниците и на вести што се дава и ке видите колку све тоа смрди, а е графички спакувано да изгледа примамливо за човековото око.
Технологијата според која функционираат медиумите не е лоша, лоша е целта за која се користи таа технологија. Се зависи до нас, нашиот избор за тоа како манипулираме со одредени предмети ако измислиме пример телепортациска технологија, треба да избереме дали ке ја користиме за добро или лошо, значи изборот е во наши раце и ние си ја кроиме иднината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom