Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 69
- Возраст
- 36
Нормалното новороденче има добро развиени рефлекси за цицање и голтање. На мајката, за успешно да ги задоволи потребите за доење на своето бебе, потребен и е рефлекс за отпуштање на млекото, кој се создава со самиот допир на новороденчето до дојката на мајката.
Чувството се пренесува преку хипофизата, каде што се излачува хормонот окситоцин.
Окситоцинот преку крвотокот се враќа во дојката и ги поттикнува миоепителните клетки околу млечните алвеоли и водоводите на сопирање и исфрлање на млекото.
Исто така окситоцинот ги предизвикува контракциите на матката, го поттикнува исфрлањето на постелицата и го спречува крвавењето.
Уште одамна е применувана техниката по пораѓање, новороденчето веднаш да се стави на дојката на мајката за да го поттикне исфрлување на постелицата и да се сопре крвавењето.
Со првото дете навикнувањето на овој рефлекс може да потрае и две недели, и понекогаш може да биде проследено со грчеви во стомакот.
Веќе кога ќе стане навика, кај некој мајки и со самата помисла дека треба да го дојат своето дете, може да им потече млеко.
Доењето на детето може да се одвива по фиксен распоред, обично на секои четири часа, или по потреба.
Напредувањето на телесната тежина на новороденчето, е еден објективен показател дека бебето соодветно се храни.
Плачењето или спиењето не секогаш се предзнак дека детето е гладно или сито. На сите бебиња покрај мајчиното млеко им е потребно и дополнително внесување на витамини.
Доењето е активност која на мајката и пружа големо психичко задоволство, иако нема објективни докази дека доколку детето се храни по вештачки пат, тоа би предизвикало некаква емоционална криза кај неа.