KOНКУБИНИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
„Колку е тажно да се биде жена! Ништо на светот не е толку евтино“, лелекала кинеската поетеса од третиот век - Фу Сјуен

yangyuhuang.jpg

Во древна Кина системот на неприкосновениот патријархат го диктирал и најмалиот детаљ во животот на жената, потиснувајќи го нејзиниот индивидуализам и одземајќи и го правото на избор. Од минатото па сè до модерните времиња потчинетоста на жената била постојана црта во општеството. Положбата на Кинеската радикално е изменета со распаѓањето на старото уредување пред налетот на револуционерните движења во дваесеттиот век.
нфучијанството, животна филозофија која ја втемелил мудрецот Конфучие (551-469 п.н.е.), владеело со мислата и политичката структура на кинескиот народ.Според учењето на Конфучие, семејството е темел на целото општество, а жените се презираат поради „недостиг на интелигенција“. Законите под влијание на конфучијанството налагале жените да им се потчинуваат на своите мажи, ќерките на татковците, вдовиците на синовите, и воопшто жените на мажите.
Будизмот не успеал да го замени традиционалниот конфучиски начин на живеење, но во четвртиот век постоел паралелно и имал влијание врз него. Кинескиот будизам исто така ги потценувал жените, карактеризирајќи ги како поалчни и со послаба волја на мажите. Начелата и на конфучијанството и на будизмот го зајакнале начинот на живот со кој жените биле угнетувани, а нивната тврдоглавост потисната.
Кинезите, исто така и Грците и Римјаните, раѓањето на ќерката го прифаќале без радост, често и со незадоволство. Девојчето претставувало само уште една гладна уста од која семејството никогаш нема да има корист. Или ќе стане жена која ќе работи за својот сопруг, или ќе биде продадена како конкубина или робинка, муи тунг која веројатно ќе носи помалку пари отколку што родителите вложиле во нејзиното одгледување. Зошто да живее како губитничка од моментот кога се родила? Ако успеала да го преживее изборот на новородено, зошто да и дадат име, кога ќе биде само привремен член на семејството, предодредена да живее некаде на друго место под покривот на некој маж? И така многу девојчиња низ вековите биле означувани со броеви наместо со имиња: Ќерка број 1, Ќерка број 2.
Конкубинатот во Кина бил интегриран во семејната структура. Конкубините имале јасно дефинирани улоги и должности. Ги надополнувале сопругите и имале некаков статус - понизок, но особен. Веројатноста дека ќе ги потценуваат како курви била помала.

онкубините кои имале повеќе среќа живееле во одделни куќи, но повеќето го делеле домаќинството на господарот со неговата сопруга, децата, слугите и често со други конкубини. Тоа им овозможувало одредена сигурност, но доведувало и до сложени и тешки односи меѓу различните членови во домаќинството. Благосостојбата и среќата на конкубината зависеле и од нејзината вештина во домашните сплетки и најмногу од сексуалната политика.

Поседувањето конкубини претставувало престиж. Колку повеќе ги имал некој маж, неговиот углед бил поголем. Конкубините се добивале и како подароци на привилегираните или на младоженците. Во исто време, сите знаеле дека пристојна жена не може да стане конкубина, „мажена во срам без венчална церемонија“.

Конкубината го придржувала господарот на деловните патувања кога сопругата не можела да се ослободи од обврските во куќата. Нејзината поважна задача била да обезбеди наследници кога жената не можела да раѓа. Раѓањето син обезбедувало ограничена привилегирана положба дури и на конкубината од најнизок ранг. Ако била робинка, веќе не постоел ризикот дека ќе биде продадена и поради најситна забелешка на кој било од повозрасните членови на семејството

Иако кинеската конкубина имала правен статус, уживала малку права, а била оптоварена со многу обврски. Кога спиела со друг маж, ја обвинувале за неверство, а ако господарот ја фател во таков чин, можел да ја убие и неа и нејзиниот љубовник. Другите казни вклучувале седумдесет и седум удари за неа и осумдесет и седум удари за него со бамбусов стап или, пак, убиство на двајца со давење во кошница што се употребувала за пренесување свињи на пазар.

За разлика од убиствата на жените, убиството на конкубината повлекувало полесна казна.

Господарите можеле да се ослободат од конкубините преку некој вид развод, а барем теоретски и конкубините можеле да го сторат истото тоа. Господарот можел да наброи седум традиционални „оправдувања“, како основа за неговата одлука, вклучувајќи ги злобата и зборливоста. Конкубината можела да наброи само три, вклучувајќи го и непостоењето на домот во кој требала да се врати, што претставувало еуфемизам за сиромаштијата на господарот.

Конкубините имале различно потекло, исто како и нивните господари. Некои потекнувале од угледни семејства чии татковци се здобивале со полза од таквиот договор. Многу од нив биле моои-дзаи, робинки, напуштени од нивните сиромашни родители или продавани, а тогаш ги земале во јавни куќи и ги вметнувале во улична проституција пред да бидат обучени и продадени, (за убавите, дури и преголеми суми) како конкубини.

Читајќи го ова дојдов до заклучок дека во повеќето религии жената имала во минатото мн понизок статус во однос на мажот... За христијанството знаеме дека сето тоа започнува од Адам и Ева. Оттука жената била грешна и затоа била ставена на пониско ниво од мажот. Но во другите религии од каде влечат корењата дека жената треба да има понизок статус ?!:toe:
 
Интересна тема.

Мене ми се веројатни две можности.

Едната е дека во постаро време девојките се сметале за слаби и неспособни да издржуваат фамилија со сопствен труд па затоа и добиле таков статус на помалку вредно битие.

Втората можност дека создавачите на луѓето биле претежно мажи па таа традиција на машката повисока вредност во општеството се задржала традиционално.

Религиите (создадени од мажи) само уште повеќе ја имаат засилено подредената улога на жената во општеството класифицирајќи ја како пониско суштество.

Како и да е грев за девојките.
 
грев за девојките.

Ма каков грев.

Жената ја привлекуваат моќните мажи, а моќта на мажот отсекогаш се мерела со боројот на жените околу него.

Колку жени имал Тито? Мао Це Тунг? Мухамед? Џон Кенеди? Берлускони? Темата не е за религија, зашто приказната е иста и кај Ескимите на Гренланд и кај Банту црнците во Конго.

Религиите се обидувале да стават некој ред: Мухамед ги ибедувал муслиманите дека е подобро само со една жена, ама ако некој не може да се воздржи, нека земе и други, ама бројот им го ограничил на не повеќе од четири. Свети Павле ги кандисал христијаните да имаат само по една жена (не е важно што цар Соломон од библијата имал 1000 жени), и затоа христијанските царства во средниот век, па и подоцна, го разработиле до совршенство системот на конкубини (за да не мораат царевите да им ги сечат главите на постојните жени секогаш кога ќе им се бендиса нова, како што правел Хенри VIII). Кинезите не се ни труделе да бидат лицемерни во тој поглед - држењето конкубина не се сметало за морален престап.

Денес модерните човекови права и еднаквоста им даваат можност и на жените да си ги мерат способностите со бројот на мажи, ама тоа е веќе друга тема...
 
:pos2::pos2::pos2::pos2:
Ова со Мухамед слатко ме изнасмеа.
Вие не знаете, или не сакате да знаете дека Мухамед имал 11 (единаесет) жени.
 
Ма каков грев.

Жената ја привлекуваат моќните мажи, а моќта на мажот отсекогаш се мерела со боројот на жените околу него.

Мојата забелешка се однесуваше на подредената улога на жената во општеството а на за полигамијата на која ти стави акцент.
 
„Колку е тажно да се биде жена! Ништо на светот не е толку евтино“, лелекала кинеската поетеса од третиот век - Фу Сјуен

yangyuhuang.jpg

Во древна Кина системот на неприкосновениот патријархат го диктирал и најмалиот детаљ во животот на жената, потиснувајќи го нејзиниот индивидуализам и одземајќи и го правото на избор. Од минатото па сè до модерните времиња потчинетоста на жената била постојана црта во општеството. Положбата на Кинеската радикално е изменета со распаѓањето на старото уредување пред налетот на револуционерните движења во дваесеттиот век.
нфучијанството, животна филозофија која ја втемелил мудрецот Конфучие (551-469 п.н.е.), владеело со мислата и политичката структура на кинескиот народ.Според учењето на Конфучие, семејството е темел на целото општество, а жените се презираат поради „недостиг на интелигенција“. Законите под влијание на конфучијанството налагале жените да им се потчинуваат на своите мажи, ќерките на татковците, вдовиците на синовите, и воопшто жените на мажите.
Будизмот не успеал да го замени традиционалниот конфучиски начин на живеење, но во четвртиот век постоел паралелно и имал влијание врз него. Кинескиот будизам исто така ги потценувал жените, карактеризирајќи ги како поалчни и со послаба волја на мажите. Начелата и на конфучијанството и на будизмот го зајакнале начинот на живот со кој жените биле угнетувани, а нивната тврдоглавост потисната.
Кинезите, исто така и Грците и Римјаните, раѓањето на ќерката го прифаќале без радост, често и со незадоволство. Девојчето претставувало само уште една гладна уста од која семејството никогаш нема да има корист. Или ќе стане жена која ќе работи за својот сопруг, или ќе биде продадена како конкубина или робинка, муи тунг која веројатно ќе носи помалку пари отколку што родителите вложиле во нејзиното одгледување. Зошто да живее како губитничка од моментот кога се родила? Ако успеала да го преживее изборот на новородено, зошто да и дадат име, кога ќе биде само привремен член на семејството, предодредена да живее некаде на друго место под покривот на некој маж? И така многу девојчиња низ вековите биле означувани со броеви наместо со имиња: Ќерка број 1, Ќерка број 2.
Конкубинатот во Кина бил интегриран во семејната структура. Конкубините имале јасно дефинирани улоги и должности. Ги надополнувале сопругите и имале некаков статус - понизок, но особен. Веројатноста дека ќе ги потценуваат како курви била помала.

онкубините кои имале повеќе среќа живееле во одделни куќи, но повеќето го делеле домаќинството на господарот со неговата сопруга, децата, слугите и често со други конкубини. Тоа им овозможувало одредена сигурност, но доведувало и до сложени и тешки односи меѓу различните членови во домаќинството. Благосостојбата и среќата на конкубината зависеле и од нејзината вештина во домашните сплетки и најмногу од сексуалната политика.

Поседувањето конкубини претставувало престиж. Колку повеќе ги имал некој маж, неговиот углед бил поголем. Конкубините се добивале и како подароци на привилегираните или на младоженците. Во исто време, сите знаеле дека пристојна жена не може да стане конкубина, „мажена во срам без венчална церемонија“.

Конкубината го придржувала господарот на деловните патувања кога сопругата не можела да се ослободи од обврските во куќата. Нејзината поважна задача била да обезбеди наследници кога жената не можела да раѓа. Раѓањето син обезбедувало ограничена привилегирана положба дури и на конкубината од најнизок ранг. Ако била робинка, веќе не постоел ризикот дека ќе биде продадена и поради најситна забелешка на кој било од повозрасните членови на семејството

Иако кинеската конкубина имала правен статус, уживала малку права, а била оптоварена со многу обврски. Кога спиела со друг маж, ја обвинувале за неверство, а ако господарот ја фател во таков чин, можел да ја убие и неа и нејзиниот љубовник. Другите казни вклучувале седумдесет и седум удари за неа и осумдесет и седум удари за него со бамбусов стап или, пак, убиство на двајца со давење во кошница што се употребувала за пренесување свињи на пазар.

За разлика од убиствата на жените, убиството на конкубината повлекувало полесна казна.

Господарите можеле да се ослободат од конкубините преку некој вид развод, а барем теоретски и конкубините можеле да го сторат истото тоа. Господарот можел да наброи седум традиционални „оправдувања“, како основа за неговата одлука, вклучувајќи ги злобата и зборливоста. Конкубината можела да наброи само три, вклучувајќи го и непостоењето на домот во кој требала да се врати, што претставувало еуфемизам за сиромаштијата на господарот.

Конкубините имале различно потекло, исто како и нивните господари. Некои потекнувале од угледни семејства чии татковци се здобивале со полза од таквиот договор. Многу од нив биле моои-дзаи, робинки, напуштени од нивните сиромашни родители или продавани, а тогаш ги земале во јавни куќи и ги вметнувале во улична проституција пред да бидат обучени и продадени, (за убавите, дури и преголеми суми) како конкубини.

Читајќи го ова дојдов до заклучок дека во повеќето религии жената имала во минатото мн понизок статус во однос на мажот... За христијанството знаеме дека сето тоа започнува од Адам и Ева. Оттука жената била грешна и затоа била ставена на пониско ниво од мажот. Но во другите религии од каде влечат корењата дека жената треба да има понизок статус ?!:toe:

Дали имаш благе везе соси ископирала и постирала после овде
кој идаго напишал ова нема ама баш благе везе,ај побарај на нет малку поопширно за конкубините,а овде се испомешани и испомешани различни опшествени појави само нема врска од конкубини нити пак од будизам:tapp:
 
Па баш од нет е извадено ова. А за конкубините да точно е. Можеби ти си се помешал со гејши. Затоа што гејша и конкубина не е исто.

Еве уште нешто слично:
Конкубините имале статус на слугинки и никогаш не можеле да станат сопруги. Дури и вдовиците и неженетите мажи кои сакале да стапат во брак, не смееле да го сторат тоа. Кога конкубината ќе била доведена да живее во куќата на господарот, веднаш е ставена под власт на сопругата и никако не можела да ја загрози нејзината положба. Во теоријата сопругата била таа што го одобрувала изборот на конкубини за сопругот.

За разлика од Кина, во древна Јапонија како аграрна земја, жените биле почитувани иако не до таа мера за да им биде признаена еднаквоста со мажите. Божиците во пантеонот на антимистичкиот шинтоизам се длабоко почитувани, кога божицата на Сонцето, Аматерасу Омиками, Големото божество Што-Сјае-На - Небото, го испратила својот внук од небото да владее во Јапонија, и со тоа го втемелила од Господ озаконетото јапонско царско семејство.

Јапонците се поклонувале пред шинтоистичките божици кои во усните легенди се прикажани како жени што слободно се опивале и се впуштале во љубовни врски континуирано. Тие развратни божици биле доказ дека сексот е радосна активност и жените можат да го започнат и да уживаат во него исто како и мажите. Како последица од тоа, во шинтоистичка Јапонија и жените и мажите слободно можеле да ја изразуваат својата сексуалност. Сексуално била воздржана единствено воинствената самурајска класа. Дури и денес, во сржта на националната култура е јапонското обожавање на сексот.

Раната култура во Јапонија ги одобрувала женските владетели. Од легендарните, незабележани времиња се до дванаесеттиот век жените биле на позициите на власта и моќта. Периодот од 522 и 784 го одбележува владеењето на кралиците со Земјата, исто толку често како и кралевите. Како иронија на судбината, токму некои од тие исклучително влијателни жени воведуваат во Јапонија туѓи сметки на верувања што извршиле длабоко влијание врз шинтоизмот и често го истиснувале. Царицата Суико (592-628) успеала да го наметна корејскиот будизам, првобитно воведен барем педесет години порано, и била покровителка на будистичките уметности. Другите две битни царици, Комјо (729-749) и нејзината ќерка наследничка Кокен (749-758), исто така биле многу побожни будистки кои ширеле нова вера.

Со текот на времето мизогинијата се проткајува во сржта на будизмот во јапонското општество. Се појавуваат двојни стандарди на однесување. Правата на жените се загрозуваат во сите области. Царицата Џито (687-697) ја надгледува кодификацијата на фундаменталните јапонски закони во Таихо, кодекс од 701. Овој законик ги ревидира законите за оданочување и за имотот, кој прецизира дека жените при распределба на имотот можат да добијат најмногу две третини во однос на она што го добиваат мажите. Во петнаесеттиот век земјопоседниците ги составуваат „куќните закони“ за регулирање на правната и општествена инфериорност на жените. Други правни и општествени кодекси на однесување барале од невестата девствена невиност, а од младоженецот сексуално искуство.

Еден влијателен учебник од седумнаесеттиот век во кој се наброени женските улоги, ги поттикнува девојките да бидат вешти, насочени, послушни и мирни. Жената „мора својот маж да го гледа како господар и мора да му служи со стравопочит и обожавање“, а не да го потценува и да го омаловажува. Послушноста е главна животна должност на жената.

Меѓутоа, жените не биле задолжени да ги сакаат и обожаваат мажите што ги избирале нивните родители. Многу векови подоцна и понатаму јапонскиот брак е одбележан со прагматични обѕири, што придонесува да бидат поприфатливи вонбрачните врски за разлика од општествата во кои се очекува брачните сопатници да се сакаат.

Кротките, но емоционално рамнодушни жени од поимотните куќи често морале да го делат домот и сопругот со една или повеќе конкубини. До седумнаесеттиот век конкубинатот, според примерот на системите во будистичка Кина и Кореја, се развива и во Јапонија, уреден со севкупните правила.

Ниту жените, ниту конкубините не биле нужно пријателски настроени меѓу себе. Конкубинатот бил вообичаена појава, а многу жени израснале во куќи каде што живееле конкубини. Често и конкубините биле ќерки на конкубини. И жените и конкубините ги знаеле правилата и последиците од нивното непочитување.

Конкубините имале статус на слугинки и никогаш не можеле да станат сопруги. Дури и вдовиците и неженетите мажи кои сакале да стапат во брак, не смееле да го сторат тоа. Кога конкубината ќе била доведена да живее во куќата на господарот, веднаш е ставена под власт на сопругата и никако не можела да ја загрози нејзината положба. Во теоријата сопругата била таа што го одобрувала изборот на конкубини за сопругот. Сопругите кои биле силни личности да ја спроведуваат својата волја живееле во хармонија со конкубините. Наспроти сигурноста на брачниот статус, карактерно послабите жени често влегувале во беспоштедна борба со тврдоглавите и злобни конкубини.

Мажите земале конкубини поради илјада причини: престиж, секс, романтична љубов и најбитно а да си обезбедат наследник во случај на брак без деца. Неможноста на жената да зачне дете му давала на сопругот правни основи да се разведе од неа. Таквата екстремна мера не се спроведувала доколку конкубината на сопругот ќе успеела да му роди дете. Токму поради тоа, многу жени расположено ги дочекувале во куќата младите и плодни конкубини.

Еден од невообичаените зборови за конкубина, мекаке, преведен значи „позајмена матка“. Синот на мекаке од господарот не бил навистина нејзин. Детето го одгледувала неговата сопруга како законска мајка, а таткото го признавал за наследник. Биолошката мајка, конкубината, останувала нивна слугинка, а потоа и слугинка на својот син. Детето првпат го гледала триесет дена по породувањето, кога со другите слуги одела во официјална посета да ја искаже почитта спрема малиот господар.

Многу мажи кои имале деца земале конкубини од еротски побуди. Некои мажи дури и се вљубувале во прекрасните млади жени и ги издржувале во одвоени станови, за да ги заштитат од строгата дисциплина на сопругите и да се спречат непријатните ривалства со другите конкубини кои претходно биле миленички. Постоела и друга причина. Ако жената го обвинувала дека конкубината ја поставува над неа, нејзиното семејство имало право да се вмеша и да го бара миразот назад. Одделувањето на потенцијалните сопернички се практикувало и поради материјални интереси. Во поголемите домаќинства господарот сметал дека правилата на конкубинатот се доволно во обезбедувањето заедничка животна хармонија која поволно ќе влијае врз неговиот авторитет и ќе му го направи животот пријатен.

Книгата „Историја на љубовничките“ од канадската писателка Елизабет Абот, што неодамна ја објави издавачката куќа „Матица“, претставува раскошно патување низ времето и просторот, од антиката до денес, и од Далечниот истока до Јужна Америка. Водичи на ова патување всушност се ликовите на седумдесетина љубовнички од кои секоја посебно, низ зборовите на авторката Елизабет Абот, раскажуваат приказни од своите збирки слични на „Илјада и една ноќ“. Постои ли дефиниција на љубовничка? Издржувана жена? Конкубина? Жена од харемот? Наложничка? Втора жена? Или, како што Е. Абот предлага „жена која доброволно или присилно се наоѓа во релативно долга сексуална врска, со човек за кој не е мажена“. Оваа студија е пишувана на разбирлив јазик и е неодолива за секој љубопитен читател.

Мојата забелешка се однесуваше на подредената улога на жената во општеството а на за полигамијата на која ти стави акцент.

Тoчно така. Темата се однесуваше дека во трите најголеми религии мислам според приврзаници будизам, христијанство и муслиманство улогата на жената во општеството била на најниско ниво. И за грев се затоа што биле сметани како сексуален предмет и како машина за раѓање деца.

Ма каков грев.

Жената ја привлекуваат моќните мажи, а моќта на мажот отсекогаш се мерела со боројот на жените околу него.

Колку жени имал Тито? Мао Це Тунг? Мухамед? Џон Кенеди? Берлускони? Темата не е за религија, зашто приказната е иста и кај Ескимите на Гренланд и кај Банту црнците во Конго.

Религиите се обидувале да стават некој ред: Мухамед ги ибедувал муслиманите дека е подобро само со една жена, ама ако некој не може да се воздржи, нека земе и други, ама бројот им го ограничил на не повеќе од четири. Свети Павле ги кандисал христијаните да имаат само по една жена (не е важно што цар Соломон од библијата имал 1000 жени), и затоа христијанските царства во средниот век, па и подоцна, го разработиле до совршенство системот на конкубини (за да не мораат царевите да им ги сечат главите на постојните жени секогаш кога ќе им се бендиса нова, како што правел Хенри VIII). Кинезите не се ни труделе да бидат лицемерни во тој поглед - држењето конкубина не се сметало за морален престап.

Денес модерните човекови права и еднаквоста им даваат можност и на жените да си ги мерат способностите со бројот на мажи, ама тоа е веќе друга тема...

Џон Кенеди имал швалерки како и Тито и ред други ама нив никој не им стаил нож под грло за да им изиграваат конкубини. Тоа е право на нивен личен избор. Како што прочита погоре жените немале право да избираат дали сакаат да бидат конкубини или не сакаат. Тогашното општество дури и не ги викало по име не се ни труделе да им дадат и ти тоа го споредуваш со љубовниците на познати јавни личности?
 
Zivi i zdravi da se onie zeni koi navistina ne se palat na mok i bogatstvo. Malku se ama vredat...koj ima sreka..koj nema neka se pogrizi da ima poveke pari/mok/vlijanie/lazenje/gluposti...
 
Поседувањето конкубини претставувало престиж!
НО
И станувањето конкубина било престеж.Зарем не е чест од 3000 токму жени вие да бидете изберени за Конкубина на шогунот....А,посебно ако родите син и станете миленичка на вашиот господар......
Такво било времето тогаш,таква била културата.Не мислам дека може да правиме споредба на некогаш и денес.Улогите се сменети.Условите се други....Денес баш те и брига како си....Но тогаш жените се бореле за продобивка кај шогунот.Се усовршувале...Сите вештини сакале да ги усoгласат?Се восхитувале на човек кој практично не го ни знаатЗошто?Ќе станете конкубина,господарка на Бочната просторија....Ќе имате привилегии,дворјанки.Речиси и ќе заборавите што беше тоа чешлање на косата,а другите ќе ви завидуваат,но од друга страна трпите мака да бидете отфрлени ако не ја исполните очекуваната задача и ако не родите син.Имало и такви кои секако го изневерувале ,,својот'' маж.Се со причина.Но многу малку се знае за животот на Конкубините.Премногу тајни и многу мачења!Дали закопано богатство од една таква култура има?Зошто секогаш имало прерана смрт на шогуните?Како едно дете можело да биде шогун и да стои на чело на цела Јапонија?
И,навистина ми е криво што една ваква егзотична култура е здробена во минатото.....Шогуновиот дворец денеска е потопен и израмнет со тлото на Јапонија....
Додека денеска повеќе од лесно е да придобиете некој маж.Доста тајни крие Јапонија......Светот не е она што изгледа......
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom