- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Кери индиректно потврди дека САД ги обучуваaт сириските бунтовници
Американскиот државен секретар Џон Кери при посета на Катар индиректно потврдил дека САД ги обучуваат сириските бунтовнички сили, како и дека многу други земји ја помагаат сириската опозиција, јавува Fox News.
Новиот државен секретар Џон Кери е првиот американски функционер кој официјално ја призна обуката на сириските бунтовници, но не навлегувал во детали, опишувајќи ја како „еден дел" од напорите на САД, а потоа и како нешто што „многу земји" го прават.
Американските медиуми и претходно пишуваа дека американската централна разузнавачка агенција ЦИА ги обучува сириските бунтовници во Јордан, повикувајќи се на изјави од неименувани американски извори.
Уште во 2011 година, турскиот Hurriyet пишуваше дека сириските бунтовници се обучуваат во Турција под раководство на странски, претежно западни инструктори.
Француски воени инструктори ги тренирале вооружените сириски бунтовници со цел да се засилат борбите против режимот на претседателот Башар ал-Асад, пишуваше уште пред две години турскиот весник Milliyet. Според весникот, Франција ги испратила своите инструктори во северен Либан и во Турција, каде што се наоѓаат камповите на таканаречената Слободна сириска армија, група составени претежно од дезертери од регуларната армија, каде што ќе ги опремат и ќе ги обучат сириските бунтовници за поефикасна борба против сириската армија и силите за безбедност.
Во написот на Milliyet исто така се тврдеше дека владите на Франција, Велика Британија и на Турција „постигнале договор за испраќање оружје за бунтовниците во Сирија". Весникот додава и дека најголемата група вооружени дисиденти се наоѓа во турската провинција Хатај, во близина на границата со Сирија.
„Многу земји учествуваат во обуката на опозициските борци", рекол Кери во разговорот за Fox News, појаснувајќи дека администрацијата на Барак Обама сака да му испрати сигнал на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека „сме решителни да ми го расипеме есапот".
Кери, исто така, го опишал и расположението на меѓународната заедница во однос на сириската криза, тврдејќи дека „ниедна земја нема само да стои настрана додека Асад го убива својот народ со скад проектилите, а неговите воени авиони бомбардираат". Изразил надеж дека Асад и неговите сојузници ќе може да ги убеди „дека дошол моментот навистина да се преговара со преодна влада".
http://kajgana.com/keri-indirektno-potvrdi-deka-sad-gi-obuchuvaat-siriskite-buntovnici