Конечно - Верушевски ќе го крка

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Битолскиот Апелационен суд ја потврди затворската казна на Александар Верушевски. Проблематичниот син на разузнавачот Зоран Верушевски ќе мора да одлежи една година затвор.

Струшкиот суд го осуди минатата година поради обид за изнуда од кафулето „Адмирал“. Апелациониот суд во Битола ги одбил жалбите на пресудата, поднесени и од осудениот Верушевски и од струшкиот Обвинител и казната е правосилна. Ова, денеска го потврди секретарот на судот Илија Николовски.
 
Алелуја, ама да почекаме да видиме што ќе се случи од пресуда до извршување! :-)
 
Ќе биде пер - и така и така блиску им е крајот :wink:
 
Ќе се радувам кога ќе прочитам дека веќе се сместил во новиот дом.
Вака некако, не сакам да се избрзувам... Шубе ми е. Македонија и се' е можно.
 
Можеби и ќе отиде во затвор но ќе има сигурно слободни викенди.Или пак бидејќи е до година дена ќе си ја плати годината и ќе си излезе.И тоа е можно кај нас:lud:
 
Елената напиша:
Можеби и ќе отиде во затвор но ќе има сигурно слободни викенди.Или пак бидејќи е до година дена ќе си ја плати годината и ќе си излезе.И тоа е можно кај нас:lud:
И мене ми мириса вака!!!
Луѓето ко него, нема да завршат на ваков начин т.е да “скапуваат“ по затвори! И да отиде во затвор,повеќе време ќе биде надвор , а кога ќе се врати во затворот ќе изиграва газда и никој нема да смее да му писне! Луѓето ко него на друг начин ќе завршат. Има доста примери како “завршиле“ некои негови “колеги“ , така да ...
 
:devil2: Јас мислам дека кога ќе се тушира во затворското купатило, ќе се лизне на сапунот и ќе падне право на ножот што го сокрил и така едно 5-6 пати
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom