Конечно добри вести од соседството

  • Креатор на темата Креатор на темата demmian
  • Време на започнување Време на започнување

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Немам ништо против да се нарекувате Македонци и Македонија

Горазд Чомовски Коментари (4)
prazno.gif
prazno.gif
05.10.2009 18:22
janis-pamukis.jpg
Јанис Памукис
Изборната претстава која до вчера ја гледаа грчките граѓани заврши. Но затоа деновиве во Македонија почна снимање на филм, според теркот на грчки режисер.
Ден по изборите кај јужниот сосед ги регистриравме и првичните размислувања на грчките актери, и интелектуалци. Без предрасуди и без влакно на јазикот, говорат за нивните согледувања, околу недоразбирања кои постојат меѓу двете земји.
Она што можеше да се забeлежи во разговорите е дека ставовите на официјална Атина, не секогаш содејствува со размислувања на обичните Грци кога е во прашање Македонија. Кристос Лилис, еден од актерите во филмот „Уште еден збунет слон“, оценува дека решението не зависи само од новиот грчки премиер Папандреу.
„Не зависи само од него. Зависи од грчкиот народ, зависи од вашиот народ, зависи од вашата влада, зависи од Америка, зависи од ЕУ. Сите се вмешани. Ако ме прашате мене, немам ништо против да се нарекувате Македонци и Македонија, зашто целиот овој регион е Македонија. Живееме тука отсекогаш. Тогаш, зошто да не се нарекувате Македонци?“, вели Кристос Лилис, грчки актер.
Фактот што меѓу грчките лидери постои широк консензус кога е во прашање спорот со Македонија, залудно е да се очекува дека Атина ќе отстапи од својата црвена линија - а тоа е компромисно име, кое ќе биде за севкупна употреба.
kristos-lilis.jpg
Кристос Лилис
„Мислам дека треба да разговараат многу сериозно, и навистина да најдат решение за името. Затоа што мислам дека не е толку важно. Историјата, името и сето тоа. Мислам дека национализмот никогаш не им носел добро на луѓето. Предизвикувал поголеми проблеми. Ние сме и Европејци, и можеме да живееме заедно.“, рече Јанис Памукис, костимограф.
„Сега работиме во грчки филм, и ние се однесуваме и се придржуваме кон нашите внатрешни кодови, што не прават уметници, и сме комплетно надвор и ништо не влијае од политичката ситуација“, изјави Рафиз Абази, актер.
Иако спор со името никако да добие своја завршница, тоа не ги спречува грчки компании да инвестираат во земјава, актерите да снимаа филм, а во исто време и наши филммејкери да работат во Атина.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=114583
 
Ако ги прашаат некои грчки новинари истото прашање мислам дека одговорот ќе биде сосема различен. Страв им е да го покажат својот национализам овде, лицемерни сероковци грчки.
 
Или страв да го покажат нивниот разум во Грција.
 
E pa presol granica zatoa kazuva taka rezhiserot.
Cim zavresi rabota so filmot koga ke se vrati ke menja zborovite.
takvi se grcite :)
 
Кај сите што парите и бизнисот му се на прво место не ги интересира политичката состојба, тоа е вистински професионалец оној кој е посветен на работата и не му сметаат никакви имиња никакви закани ништо, тоа важи и за нас, си ги уништуваме врските со Грција и откажуваме секаква бизнис и друга комуникација, само поради некој политичари
 
Ај енка ги прашаат во грција истото прашање...Ќе чуеме сосема различен одговор..
 
зар може да ги сметаме изјавите на глумциве како релевантни, „Добри вести од соседството“ и да генерализираме како вести од грција?:nenene:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom