- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 36
На 17 април во клубот Колосеум ќе гостува еден од најбараните светски бендови “Едиторс”. Тие во моментов се на светска турнеја, а во Скопје ќе пристигнат од Грција. Овој реномиран бенд во нашиот град ќе стигне со специјален автобус за турнеи и 15 метарски шлепер кој ја пренесува целосната опрема до најмал детал.
Едиторс ќе го посетат Скопје со свежо издаден албум од октомври 2009, In This Light and On This Evening. Ова издание веднаш по објавата ја освои топ-листата за најпродавани албуми во Велика Британија.
Прв сингл од ова издание беше Papillon, додека вториот, You Don’t Know Love, бендот го издаде неодамна т.е 25 јануари. Последниот албум “In This Light and On This Evening” доби одлични критики и ги смести на врвот на британската музичка сцена.
Како предгрупа, на концертот ќе настапи еден од најперспективните бендови од регионот приштинскиот инди рок состав The Glasses. Бендот е основан во 2007 година и во него членуваат четири извонредни музичари.
Билетите се по цена од 600 денари и може да се набават во Југотон и во клубот Колосеум на денот на концертот, заинтересираноста за овој концерт е голема и во соседните земји, па до сега има распродаден автобус од Софија а во најава се и гости од Србија, Косово и Албанија затоа што Едиторс свират само во Скопје и Загреб.
Најавена е продажба на маици и цедеа, па посетителите нека штедат пари деновиве. Почетококот на концертот е закажан за 20:30 часот, се молат сите да бидат точни, пошто нема да тераме диско шема, него напротив Литиум стил...со најмногу ”мало задоцнување”.
Едиторс се музички состав што го одбележа новиот бран британска музика минатата декада. Заедно со Arctic Monkeys важат за бенд кои го креираат звукот на новиот век.
Темниот инди рок што го произведуваат често го споредуваат со бендови како Echo & the Bunnymen, Joy Division, Interpol и U2. Овој бирмингемски состав е основан во 2002 година, а го сочинуваат Tom Smith (вокал/гитара), Chris Urbanowicz (гитара), Russell Leetch (бас) и Ed Lay (тапани).
До сега имаат издадено два албуми кои ги освоија топ листите низ целиот свет, достигнаа платинест тираж и на бендот му обезбедија номинации за престижни музички награди - првиот The Back Room им донесе номинација за Mercury Prize, а вториот An End Has A Start номинација за Brit Awards.