Во нашиов случај, како специфика, се` се сведува на политика порано или подоцна!
Таа емисија да беше само пародија и јас ќе се смеев. Само што не беше само пародија.
Доколку се сеќавате постои резолуција за осудување на комунизмот каде што, мислам, дека сите европски држави ја поддржаа. Исто така мислам дека ние како држава сеуште ја немаме поддржано. Ова е многу чудно бидејки се` што „Европа“ прави ние однапред поддржуваме.
Се` што ќе ни каже таа Европа да направиме ние ноѕе кршиме за да го исполниме, освен во овој банален случај на осуда на грозоморните убивања кои се одвиле во тоа џоа уредување на џоа еднаквите.
Е се`а, во што е работата?
Ќе ви кажа, де!
Доколку се осуди комунизмот кај нас постојат работи кои како лавина ќе почнат да се тркалаат надолу низ планината на гревови кои ги имаат направено некои во името на народот во одбрана на истиот од надворешниот и внатрешниот непријател.
Исто така, нешто што е многу побитно е тоа што југоносталгијата, како психолошка операција водена врз македонскиот народ, зависи директно од нашето заедничко комунистичко минато. Доколку се осуди комунизмот... Нели? Да не објаснувам многу, јасно е како бел ден или народски, транспарентно е.
П.С.
За работите да не бидат толку едноставни, како и секогаш кога е во прашање нашето, треба дебело да се размисли дали треба целосно да го осудиме тоа уредување, бидејки се` што е изградено е благодарејки на колективистичкиот приод на самиот комунизам.
Тоа уредување придонесе сиот народ, за првпат во неговата историја, да работи на една иста идеа, за својата државност.