Компјутер во ѕид

  • Креатор на темата Креатор на темата krusha03
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Локација
Delft
Комјутерите стануваат помали и помали, па така овој т.н. JackPC може да го вградите во ѕид бидејки има големина на стандарден штекер. Само уклучете ги вашиот маус, тастатура и мониор во ѕидот и спремни сте за работа. JackPC работи на Windows CE оперативниот систем (сличен како кај PDA), има 3 модели со процесори од 800MHz до 1.2Ghz, 64MB Flash меморијa, 128MB Ram и графичка со 8MB . Да ова не е гејмерска машина, но со неговата големина и кога ќе се земе фактот што користи само 5W под полн терет и можноста да се напојува преку POE (Power Over Ethernet), нависина може да послужи за канцелариска работа или како терминал. JackPC опремен е со 4 USB портови за периферни уреди и звучна картичка

jackpcfrontov9.jpg
 
Неверојатно е колку брзо напредува технологијата.. супер работа.
 
kako so napreduva tehnologiata izgleda za 100 godini kolku eden maus ke bide eden kompjuter
 
vmd напиша:
kako so napreduva tehnologiata izgleda za 100 godini kolku eden maus ke bide eden kompjuter

Отприлика таа големина е овој горе (колку штекер е), а за 100 години луѓето ќе бидат едно со компјутерите..
 
Па и нема некоја најдобра намена компјутеров најсериозно. Едноставно пропала инвестиција, без посебна намена освеен за пишување текстови:pos: иначе идеата е одлична
 
До некаде си во право, но размисли колку администрација има по светот кои го користат компјутерот само за документи, е-маил и сл. Плус со развој на Web базираните решенија, опремување на една компанија се сведува на еден појак сервер и многу вакви терминали по канцелариите. Фактот што троши само 5W значи огромна заштеда на електрична енергија (спореди го тоа со 200-300 W колку што трошат модерните PC компјутери) на глобално ниво. Во секој случај браво за производителот на ова ремек дело.
За дечишта како тебе што не знаат ништо друго освен да пуштат CS или WoW овој компјутер нема да им значи ама баш ништо.
 
Потполно си во право јокер, веќе реков не е ова гејмеркса машина туку компјутерче за канцелариска работа и да се користи како терминал

И вмд дај прекини да пишуваш глупости да не почнам со бришене, ако имаш нешто користно да кажеш ок, а не само да билдаш постови
 
J0ker_MKD напиша:
До некаде си во право, но размисли колку администрација има по светот кои го користат компјутерот само за документи, е-маил и сл. Плус со развој на Web базираните решенија, опремување на една компанија се сведува на еден појак сервер и многу вакви терминали по канцелариите. Фактот што троши само 5W значи огромна заштеда на електрична енергија (спореди го тоа со 200-300 W колку што трошат модерните PC компјутери) на глобално ниво. Во секој случај браво за производителот на ова ремек дело.
За дечишта како тебе што не знаат ништо друго освен да пуштат CS или WoW овој компјутер нема да им значи ама баш ништо.
Добро ОК јас сум дете сакам да играм игри, ама сакам да чепкам и фотошоп и MAYA. Али сепак за домашна употреба не, за тоа што викаш администрацијата да користат е доста ок, добро беше ова не ми дојде до ум али сега е ок. ФАЛА
 
Добра си е идејата многу ми се допаѓа тоа што е мал и не троши многу, а со оглед дека е револуција во технологијата логично е да биде малце прескапо ама ќе паднат цените

едит: луѓе дај бе не упропастувајте совршено добри теми со вашите коментари кои ви се потребни за играње ЦС, никој со сила не ве тера да бидете на форумов ако мислите само заради кантер да пишувате играјте на други сервери има еден куп македонски па и странски поздрав од мене се надевам дека не се замешав многу у администраторскава работа ама едноставно ме нервира кога ќе видам мислење од типот Еј ама е добро
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom