Колку вистина има во астрологијата/хороскопот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѕ'вер
  • Време на започнување Време на започнување
Не, do tell...

:)

Инаку, за оние кои веруваат во хороскопот, тоа во кој знак ти се наоѓа Сонцето, во суштина малку значи во однос на целокупната натална карта. Некој може да биде Шкорпија, но повеќето планети да му бидат во друг знак, со што ефективно би имал повеќе карактеристики на тој знак. Или би можел да има некој карактеристичен аспект кој би му го обележил целиот живот...

;)

Си се разбирал од Сонца и месечини, ај изгатај ми :) (озбилно)
 
Изработуваш натални? Имам пробано но не е тоа тоа од професионалец хаха мене као демек еден ми рече Марс ти е во шестта куќа, тоа значи лошо здравје а јас имам силен имунитет и ретки проблеми со здравјето и кога му кажав но рече ОК Марс функционира со инвалидитет после 30 година хахаха тогаш малце се вознемирив сега ми е смешно

The symbol for Libra is the Scales. In Roman mythology, Libra is considered to depict the scales held by Astraea identified as Virgo
 
Си се разбирал од Сонца и месечини, ај изгатај ми :) (озбилно)

Не се разбирам, имав еден колега на факултет, пред многу години, кој активно се занимаваше со ова, па сакал не сакал, поднаучив нешто. Но одамна беше тоа, имам заборавено. Сега не би знаел ни натална карта да направам, а немам ни ефемериди...

Мене ми беше интересно, затоа што хороскопот е одлична ментална гимнастика. Го учиш значењето на планетите, значењето на куќите, значењето на аспектите, и од тоа се обидуваш да составиш приказна...

:)

И подобро веднаш да прекинам, бидејќи ако ме види Савле, ќе ме заебава една година...

:pos:
 
И тоа предмет или моден додаток на Девицата хаха ако си го читал митот како добила соѕвездие
--- надополнето: 7 август 2012 во 23:38 ---

Има кога си во прва декада имаш карактеристики од знакот пред твојот како што имам читано во тој случај имаш нешто Девично хаха Lil Wayne, Melody Thornton & Jayson Derulo и уште некој се мислам слични на тебе

Ова со црнциве ти е јака компарација... :icon_mrgr:
 
Хмм, ова воопшто не ми се допаѓа.

It’s preferred but not necessary to have an
exact birth time.

Точното време на раѓање е клучен податок за изработка на наталната карта.

Во смисла дека од девет до десет навечер е еден ист знак, знаеш како следат и колку се заджуваат одприлика ваљда, или ако можеби не сакаш подзнак да пресметаш туку само општо нешто
--- надополнето: 7 август 2012 во 23:57 ---
Ова со црнциве ти е јака компарација... :icon_mrgr:
Особено се успешни поради најдобриот микс можеби
 
Во смисла дека од девет до десет навечер е еден ист знак, знаеш како следат и колку се заджуваат одприлика ваљда, или ако можеби не сакаш подзнак да пресметаш туку само општо нешто

Интересно, сега го испробав тој сајтот за изработка на наталната карта, и добиениот резултат малку се разликува од наталната карта која ми ја има направено експерт...

:)
 
Интересно, сега го испробав тој сајтот за изработка на наталната карта, и добиениот резултат малку се разликува од наталната карта која ми ја има направено експерт...

:)

Се надевам на подобар начин иако не ги вреднувам нешто особено работиве, чисто од забава, сакам да се тешам дека јас сум режисерот во мојот живот или дека ништо не е преодредено иако можеби е who cares anyway
 
Јас не сум во хороскоп!
Ни дадоа во осмо пристапници за одредени хороскопски знаци, ама јас решив да не членувам во ниеден! :D
 
Се надевам на подобар начин иако не ги вреднувам нешто особено работиве, чисто од забава, сакам да се тешам дека јас сум режисерот во мојот живот или дека ништо не е преодредено иако можеби е who cares anyway

Која и верзија да ја земеш за природата на постоењето, секогаш испаѓа дека се е предодредено. Ако ја земеш религиската интерпретација, Бог имал план, а ти си само марионета во тој план, а како марионета, немаш слободна воља.

Ако ја земеш научната интерпретација, се наваму од бинг бенгот е серија на физички, каузално поврзани настани, а твојот мозок како физички предмет го следи тој низ на каузалности, па ти повторно немаш слободна воља.

Крцкај си, никој за ништо не е виновен...

:)
--- надополнето: 8 август 2012 во 00:21 ---

Имаш конјукција на Венера и Нептуун. Тоа укажува на имање многу фантазија во кревет, но и склоност кон сексуални перверзии и несталност во емотивните врски...

Исто така, имаш скоро егзактна опозиција на Нептун и Марс, што укажува дека твојата енергија и мотиви во животот, често се расплинуваат на непотребни фантазии...

За остатокот, ќе ти испратам трансакциона сметка, наплаќам само 1000 денари од анализа...

:D
 
Кај мене е тапа! Има многу празно место. :pos:

carte.php

carte.php

Зошто имам две различни карти?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom