Колку вистина има во астрологијата/хороскопот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѕ'вер
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум во знак лав, над ацедентот ми е Јупитер или како што се вели роден сум под среќна ѕвезда.
Но тоа не е важно.
Важно е за што ја користиш астрологијата.
Своевремено се дружев со еден Другар ( сега е одселен во друга држава ) и тој ќе запознаеше некоја девојка, па ќе и направеше натална карта па ќе седеа и со часови ќе ги анализираат сите аспекти на планетарните влијанија.
Ви препорачувам на тој начин да ја користите астрологијата, а не да се карате за нешто што воопшто не е важно.
 
Пред неколку години читав во едно хрватско списание (не ми текнува како се викаше...) за мојот знак девица, детална анализа...И бев фрапирана од тоа колку беше све точно..Се осеќав како за мене лично да правеле анализа... :)
Инаку овие дневни и месечни хороскопи ми се глупости...
 
е што толку лош глас пуштате за овните бе ццц :pos:

Иначе ми кажаа дека сум бил роден под слаба/ниска (или незнам каква) ѕвезда и лесно паѓав на некои далавери,па одев да ме "ојачат" 1 година скоро,далеку сум по добар од тој период и од тој аспект. Ама уште сум малер голем сигурно е до ѕвездата :icon_lol:
 
Однапред се е детерминирано. From the big bang, till the big crunch.

Ако ги ставиме движењата на сите честици у супер компјутер на обработка, ќе имаме податоци што би се случувало следно. Ама у астрологија се земаат за обработка само неколку небески тела, па затоа е прилично невероватна. :)
 
Редовно ја гледав тетка Сабинче и во оваа прилика сакам да кажам дека многу ми е жал што никогаш не и` пратив смс за да ја прашам да ми каже нешто подетално за мене, за работа, за пари, кога ќе се омУжам, колку деца ќе имам, како ќе се слагам со свекрвата, дали ќе ме сака мажот... ама не и се јавував оти знам дека ќе одам у иностранство, оти таму стоје неке документе за пут, свекрвата нема да ме сака, мој мУж ќе пие, деца су добри, паре нема... не ми текнува на другите прашања, ама знам дека и одговорите беа за никаде.

Не се замарам со хороскоп, ниту пак ме интересира за ѕвездите и нивната поставеност. Ако им се смее, нека си пукнат од смеење, `ко пуканки.
 
Денеска нешто не ми е погоден хороскопот, а пошто сум Водолија, кој имал искуство знае за што зборувам:mad:
 
Според мене, карактерно, скоро 80% ми е погодено, според знакот. Ама се друго мислам дека е булшит. Она од месец за месец, од недела до недела, не ми се случило ништо да се погоди така како што пишува. Значи, има нешто во целата работа, од некој аспект, ама најголемиот дел се тешка категорија глупости.
 
Многу си искуцал за нешто толку тривијално..
Човек штом каже дека верува во хороскоп, можеш дури и вакво да му продадеш за 50евра.

Hollywood-Stars-Still-Love-The-Power-Balance-Bracelet_display_image.jpg
Да во право си....но има некој работи во хороскопот што се вистинити...барем неколку пати имам читано за мојот знак за таа и таа недела и некој работи се точни...и што ќе правиш ти ако постојано ти погаѓа некој ствари за тебе таа и таа недела...ќе почнеш да веруваш?
 
Не.
Ако некој човек,по еден ден во неделата,5 недели по ред ти вика-"ќе ти се случи нешто многу лошо наскоро" ќе му поверуваш ли?
 
Не.
Ако некој човек,по еден ден во неделата,5 недели по ред ти вика-"ќе ти се случи нешто многу лошо наскоро" ќе му поверуваш ли?
Хах,нема да му верувам.
 
Според мене, карактерно, скоро 80% ми е погодено, според знакот. Ама се друго мислам дека е булшит. Она од месец за месец, од недела до недела, не ми се случило ништо да се погоди така како што пишува. Значи, има нешто во целата работа, од некој аспект, ама најголемиот дел се тешка категорија глупости.

Важи ли за тебе дека повеќето Шкорпии се емотивно недозреани?
 
Важи ли за тебе дека повеќето Шкорпии се емотивно недозреани?

Никогаш не сум ја сретнал таа карактеристика како дел од универзалната личност на Шкорпијата. А имам и доста стара книга за астрологија, и таму проверив, и таму не ја имаше на листа од атрибути. Ова од каде го виде, или е базирано на лично искуство можеби?
 
Имам забележано да, да не пренесувам искуства. Па како секој воден знак, емоциите им се најсилни, си ги знаеш карактеристиките подобро штом си скорпија да не набројувам или напаѓам. Само чудно ми е што многу често се ослонуваат на емоциите место на некоја практика, па потоа лесно запаѓаат во меланхолија, тага, во која се сами... Дека тие работи ми изгледаат детинести на моменти е мое мислење не карактеристика...
 
Неможат да ги прикријат емоциите, тоа е главна карактеристика. Ако му сметаш или едноставно не те сака во близина скорпијата незнае да изглуми како близнак или рак што би го направил тоа. Во таа смисла емоциите ја движат скорпијата, инаку секогаш тргнуваат од практика, несакаат демагогии и филозофии, замислени светови, научни фантазии и слично. Кај скорпија има само црно и бело нема сиви нијанси тука е главниот недостаток. Работите се делат на сакам/несакам, убаво/грдо, можам/неможам..
И се разбира најодвратниот знак според скорпија е близнак тоа лицемерие, тоа страшно лицемерие што го носи тој знак е неподоносливо за секоја скорпија. Понатаму според карактер на кој што му одговара :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom