Колку ви наплаќаат матичните гинеколози?

За ехо 300 денари ми наплаќа, за ПАП ништо. Ама еднаш ми нагласи дека ако правам втор пап во годината ќе треба да си го платам приватно.
Втор ПАП не смее да ти го наплати приватно, туку 180 ден. партиципација. Кога на вратата нема да и пишува дека работи со сини картони - договор со ФЗО тогаш смее да ти наплати приватно.
 
Матичниот гинеколог кој ми е со години и одлично си ја знае работата никогаш ми нема наплатено за ништо. Сите прегледи ми се бесплатни. Кога и да зазборам со блиски пријателки ми се крева коса од тоа колку ги стрижат матичните гинеколози. Од 1500 ден. па нагоре им земаат за ПАП, 500-1000 ден. ЕХО....) Што е многу, многу е.
Вчера бев кај матичниот гинеколог на редовен преглед и се погоди инспекција. Во чекалната бевме 5-6 жени. Излезе коконата од министерство за да праша дали некогаш ни е наплатено нешто и се погоди едно женче кажа дека за ЕХО и е наплатена сума од 150 денари, а па друга пациентка со изјава дека за 4 бриса и е наплатено 200 денари. Госпожата од министерство праша дали некој сака да поднесе приговор против докторката, но за малце ќе се согласеше првото женче на кое му е наплатена сума од 150 денари. Видно изнервирана влегов кај докторката и тука беше и инспекцијата. Културно прашав за што се работи и дали треба да се наплати бидејќи мене никогаш ништо не ми е наплатено.Добив одговор од иснпекцијата дека по новиот закон не плаќаат ништо пациентки од '80-'91 годиште. Оние кои се под или над границата плаќаат партиципација но до 200 денари најмногу. Се прашувам што ќе се случеше ако женчето поднесеше приговор а беше повозрасна особа и наплатена и е нормална партиципација?
Инаку да знаете дека за повторен ПАП според закон се наплатува 200 денари.

Ова е може некоја нова работа, инаку преглед, ехо+пап ми наплаќале 1000 денари :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom